Вашингтон пост: Истрага на Стејт департментот за меиловите на Хилари Клинтон


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги истражува електронските пораки на десетици сегашни и поранешни високи функционери на Стејт департментот, испратени на приватниот е-маил на Хилари Клинтон во време кога таа беше државен секретар, соопштија сегашни и поранешни функционери на Стејт департментот. Истражителите на Стејт департментот во последните неколку недели контактирале со околу 130 службеници, […]

Трамп спомнува граѓанска војна, бара средба со свиркачот


Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер предупреди дека неговиот импичмент би можел да предизвика втора граѓанска војна во САД, цитирајќи изјава од евангелистичкиот пастор Роберт Џефрис, кој оваа оценка ја изнесе во интервју за Фокс њуз. Џефрис додаде дека земјата со импичмент на претседателот, би можела неповратно да биде скршена и никогаш да не закрепне. […]

Нигерија: Пронајдените робови сведочат за безмилосната тортура


Преживеаните од т.н. куќа за мачење, од каде минатата недела нигериската полиција спаси 300 луѓе, повеќето деца, кои биле врзани со синџири и заробени во зграда во градот Кадуна, велат дека живееле во нечовечки услови. Тие беа ослободени од исламско училиште, а во врска со инцидентот беа уапсени седум лица, меѓу кои и наставници. Некои […]

Џонсон: Нема ништо лошо во моите односи со Аркјури


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека одлуката на лондонските власти да побараат од полицијата да покрене истрага во врска со неговите контакти со американската деловна жена Џенифер Аркјури, е политички мотивирана и оти не гледа ништо непримерно во неговите односи со Аркјури во времето кога бил градоначалник на Лондон. Градските власти на Лондон викендов соопштија […]

Најмалку 100 загинати во поплавите во Индија


Повеќе од 100 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во индиските држави Утар Прадеш и Бихар, соопштија денеска локалните власти. И во обете земји, железничкиот и патничкиот сообраќај се во прекин, а здравствените служби и училиштата не работат, додека снабдувањето со електрична енергија е отежнато, пренесува Би-Би-Си. Најмалку 93 луѓе загинаа од четвртокот […]

Ширак замина, Македонија загуби пријател


Париз – Поранешниот француски претседател Жак Ширак, кој беше 12 години во Елисејската палата, ќе остане запаметен кај нас како политичар кој ја промени француската политика водена при распаѓањето и војните во поранешна Југославија. Малкумина се сеќаваат дека Жак Ширак, штотуку избран, веднаш застана во одбрана на македонската позиција наспроти таа на Грција, особено критикувајќи ја политиката […]

Потврдени пет случаи на африканска свинска чума во Унгарија


Унгарската национална Агенција за безбедност на храна Небих откри пет случаи на африканска свинска грозница кај диви свињи во околината на Будимпешта. Случаите на инфекцијата се откриени во ловечката област Будакеши, западно од Будимпешта. Се наведува дека неколку странци од земји во кои се појавила оваа животинска болест ја посетиле областа, но и дека изворот […]

Денеска започнуваат сослушувањата на кандидатите за еврокомесари во ЕП


Белгија – Од денес до 8 октомври европратениците треба да ги сослушаат сите 27 кандидати за еврокомесари. Финалното гласање за целокупниот состав на новата Европска Комисија е планирано за 23 октомври. Секој кандидат ќе биде сослушуван од членовите на парламентарната комисија која соодветствува на нивното портфолио. Први на ред денеска се словачкиот кандидат, Марош Шефчович, назначен […]

Еколошки фотографии на годината


За време на Генералното собрание на Обединетите нации и Самитот за климатските промени беа објавени и наградите за фотограф на годината за животната средина во 2019 година. СЛ Шант Кумар ја освои првата награда за фотографија која прикажува 40-годишен рибар како страда во водата која ги поплавува куќите во Мумбаи. Имаше и впечатлива снимка од […]

Адам Шиф: Очекуваме свиркачот наскоро да сведочи


Претседавачот со Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Адам Шиф изјави дека очекува свиркачот кој доведе до покренување процедура за импичмент на претседателот Доналд Трамп, да сведочи „многу скоро“. – Се што треба да биде направено е адвокатите кои го застапуваат свиркачот да добијат гаранции што им се потребни за да можат […]

ОВП на Себастијан Курц убедлив победник на изборите во Австрија


Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц е убедлив победник на вчерашните предвремени парламентарни избори, и според официјални прелиминарни резултати, освои 38,35 отсто од гласовите, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Пешорн. Официјалните прелиминарни резултати од изборите ги содржат сите гласови дадени на избирачките места, но не и оние кои се испратени по […]

Адриа ервејс казнета поради манипулација при продажба на авиобилети


Пазарната инспекција ја казни словенечката авиокомпанија „Адриа ервејс“ поради манипулирање со потрошувачите при продажба на авиокарти, пренесува „Ал Џезира Балкан“. Инспекцијата констатира нефер деловна практика при продажба на авиобилети, бидејќи компанијата им продала билети на потрошувачите на 24 и 25 септември за летови во четврток и петок, 26 и 27 септември, иако ситуацијата беше неизвесна […]

Се урна воен авион во Словачка, пилотот се катапултирал


Воен авион од советско производство Миг-29 од составот на словачките воздухопловни сили се урна за време на обука, на 100 километри источно од Братислава, соопшти Словачкото Министерството за одбрана. Како што се додава во соопштението, пилотот успеал да се катапултира пред несреќата и е хоспитализиран во стабилна состојба, надвор од животна опасност. Словачката армија ја […]

Во судир на автобус и камион во Кина 36 загинати


Триесет и шест лица загинаа, а деветмина се тешко повредени во судир на автобус и камион во кинеската провинција Џијанѕу, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила кога автобусот преминал на спротивната лента и удрил во камионот. Според првичните извештаи, пукнала гума на автобусот по што тој преминал во спротивната лента.

Сирија во ОН бара повлекување на сите странски сили од земјата


Сирија во Генералното собрание на Обединетите нации побара итно повлекување на сите странски трупи и предупреди дека во спротивно ќе го задржи правото да преземе акција против нив. – Соединетите Американски Држави и Турција имаат нелегално воено присуство во северна Сирија. Сите странски сили кои делуваат на нашата територија без наше овластување се окупаторски сили […]

Туристите во Саудиска Арабија ќе се казнуваат за несоодветно облекување и изразување наколнетост


Ријад – Еден ден откако објави дека ќе биде отворена за странските туристи, Саудиска Арабија денеска соопшти дека воведува парични казни за 19 прекршоци поврзани со јавниот морал, како што е несоодветно облекување и јавно изразување наклонетост. Одлуката на Министерството за внатрешни работи следи по воведувањето визни олеснувања кои им овозможуваат на туристи од 49 […]

Трамп му кажал на Лавров дека не е загрижен за руската вмешаност во изборите


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп, на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, што се одржа во мај 2017 година а на која присуствуваше и рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак, изјавил дека не го засега руската вмешаност во претседателските избори, бидејќи САД „го правеа истотo во други земји“ – објави синоќа […]

Конгресот издаде судска покана за Помпео за контактите со украинската Влада


Вашингтон – Три комитети на Претставничкиот дом на Конгресот, предводени од демократите, издадоа судска покана за државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во обид да го принудат да ги предаде документите поврзани со контакти со украинската Влада. Тоа се комитетите за надворешни и разузнавачки работи, како и Надзорниот комитет, кој исто така закажа расправи за […]

Уште еден напад на САД на позиции на ИД во Либија


Американската војска соопшти дека извршила воздушен напад врз позиции на Исламска држава во Либија, што е трет американски воздушен напад врз оваа северноафриканска земја за нешто повеќе од една недела. Овие воздушни напади на САД во последните осум дена се први во Либија за повеќе од една година. Американската команда на Африка соопшти дека во […]

„Врските со Русија“ ја кренале рампата за Ласло Трочањи


Членовите на Европскиот парламент ја наведоа загриженоста околу „врските со Русија“ при отфрлањето на кандидатот од Унгарија за комесар за проширување во следната Европска комисија, Ласло Трочањи. Комитетот за правни работи на парламентот во четвртокот ја блокираше согласноста на Трочањи и на романската кандидатка Рована Плумб, која беше номинирана за комесар за транспорт. Комитетот не […]