Рускиот дипломат, обвинет за шпионажа, ја напушти Бугарија

Рускиот дипломат на кого му беше наредено да ја напушти Бугарија во рок од 24 часа, отпатува со директен лет за Москва, заедно со своето семејство, соопшти бугарското Министерство за надворешени работи.

Вчера, бугарското МНР му врачи нота на руски дипломат кој шпионирал во земјата, во рок од едно деноноќие да ја напушти Бугарија. Ова беше побарано откако во вторникот, дипломатот кој е еден од деветте први секретари во руската амбасада во Софија, е се уште во Бугарија.

Руската амбасада во Софија денеска објави дека добила нота од бугарското МНР дека нивни дипломат е прогласен за персона нон грата.

„На 29 октомври Амбасадата прими нота од МНР на Бугарија за прогласување на соработник на Амбасадата за `персона нон грата`. Диломатот ќе ја напушти земјата во посочениот рок. Руската страна го задржува правото за соодветни мерки“, објави на Фејсбук руската Амбасада.

Според украински медиуми, рускиот шпион е Владимир Русјаев. УУкраинскиот портал обозревател.ком објави дека Русјаев бил на функција во руската амбасада во Софија, која традиционално е пополнета со персонал на руското воено разузнавање – ГРУ, заради соодветно покритие. Според истражувањето на украинскиот новинар, Русјаев во Амбасадата дошол на местото на друг офицер од ГРУ, Александар Горенков.

Украинскиот новинар уште тврди дека Русјаев пред пријатели никогаш не ја криел припадноста на ГРУ, посебно на приемите во амбасадите на пријателски земји, каде работат многу негови соработници од воените училишта.

Авторот на написот тврди дека Русјаев учествувал на многу настани на Руската амбасада во Бугарија, но од него нема фотографии.

Истовремено, поради негативното мислење на една од институциите што дава согласност за издавање долгорочни визи за дипломатите, виза нема да се издаде на руски државјанин, кој требаше да ја преземе функцијата Аташе за одбрана во руската амбасада во Софија. Бугарското МНР појасни дека не станува збора за прогласување на личноста за нон-грата, а за одлуката била информирана и Русија.