Пожарите ја пустошат Јужна Европа, изгореа двојно повеќе шуми од лани


Во март, Кипар се пофали дека е подобро подготвен од кога било да се справи со жестоките пожари што сега беснеат низ јужна Европа со алармантна фреквенција. Владата имаше 11 авиони подготвени да тргнат, а противпожарниот корпус беше зголемен за 27 проценти. Имаше исто така 25 нови противпожарни возила на располагање. Но и тоа не беше доволно. …

Пожарите ја пустошат Јужна Европа, изгореа двојно повеќе шуми од лани Read More »

И израелските заложници на Хамас гладуваат


Палестинската терористичка организација Хамас вети помош за заложниците во Појасот Газа, која треба да биде организирана преку Црвениот крст. Исламистите за тоа поставуваат свои услови. Исламистичката организација Хамас според сопствени наводи е подготвена да му дозволи на Црвениот крст да ги снабди со храна и лекови израелските заложници што ги држи во Појасот Газа, но …

И израелските заложници на Хамас гладуваат Read More »

Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја


Само околу еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт, според нова анкета цитирана од ДПА. Анкетата, спроведена од германскиот институт Форса, покажува дека 16 посто од испитаниците „дефинитивно“ би се бореле, додека други 22 отсто рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа. Јасно мнозинство од 59 …

Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја Read More »

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица


Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да …

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица Read More »

Колку чини да се стане граѓанин на ЕУ? Една од најпопуларните земји од 150 ја зголеми цената на 1.000 евра


Цената на таксите што се плаќаат при аплицирање за државјанство се разликува меѓу земјите на Европската Унија, а некои земји-членки драстично ги зголемија овие бројки оваа година. Постапката за добивање државјанство на друга земја се разликува според законите на земјата, а постапката честопати вклучува сложена постапка и бара многу пари за административни трошоци. Ова е …

Колку чини да се стане граѓанин на ЕУ? Една од најпопуларните земји од 150 ја зголеми цената на 1.000 евра Read More »

Каде во Европа е најчистиот воздух и вода? Овие градови се еколошки шампиони и лидери во здрав живот


Извештајот на ЕЕА открива кои европски градови имаат најчист воздух и вода, споредувајќи ги мерките за загадување и животната средина. Бидејќи сè повеќе луѓе низ целиот свет се селат во градовите во потрага по подобри деловни можности и позначаен општествен живот, прашањето за квалитетот на воздухот станува сè поважно. Според најновиот извештај на Европската агенција …

Каде во Европа е најчистиот воздух и вода? Овие градови се еколошки шампиони и лидери во здрав живот Read More »

Иран формира Совет за одбрана предводен од претседателот Пезешкијан


Врховниот совет за национална безбедност на Иран вчера го одобри формирањето на Совет за одбрана, чиј претседател ќе биде иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Советот за одбрана ќе биде одговорен за „централизирање на одбранбените планови на земјата и подобрување на капацитетите на иранските вооружени сили“. Советот ќе ги вклучува шефовите на трите гранки на власта, извршната, …

Иран формира Совет за одбрана предводен од претседателот Пезешкијан Read More »

Брод потона на еден од најопасните миграциски патишта во Јемен, најмалку 68 мртви


Најмалку 68 мигранти ги загубија животите кога брод со околу 150 луѓе потона покрај брегот на Јемен вчера поради лошо време, а 74 други се водат како исчезнати, соопштија здравствените власти. -Брод со 154 етиопски мигранти потона рано наутро вчера покрај брегот на јужната јеменска покраина Абјан, изјави Абдусатор Есоев, раководител на Меѓународната организација за …

Брод потона на еден од најопасните миграциски патишта во Јемен, најмалку 68 мртви Read More »

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви


Сите петмина заробени работници во рудникот за бакар Ел Тениенте на компанијата „Коделко“ во Чиле се пронајдени мртви, изјави регионалниот обвинител синоќа откако спасувачките екипи исчистија повеќе од 20 метри подземни премини што се урнаа во силен земјотрес минатата недела. Обвинителот Аквилес Кубиљо од регионот О’Хигинс вчера попладне изјави дека е пронајдено телото на петтиот …

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви Read More »

Јужна Кореја започна со демонтирање на звучниците долж границата со Северна Кореја


 Јужна Кореја денеска започна со демонтирање на звучниците за пропагандни емитувања инсталирани по должината на границата со Северна Корејак, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Министерството соопшти дека овој потег е дел од „практични мерки“ за ублажување на тензиите меѓу двете земји без да се влијае на борбената готовност на војската. Во јуни, претседателот Ли …

Јужна Кореја започна со демонтирање на звучниците долж границата со Северна Кореја Read More »

Напад со украински дрон предизвика пожар на железничка станица во регионот Волгоград


Кабел за напојување е оштетен и пожар избувна во зградата на железничката станица во рускиот регион Волгоград по напад со украински дрон, соопшти регионалната администрација. -Дрон се урна на железничките пруги во близина на станицата Арчеда, соопшти администрацијата во соопштение објавено на апликацијата Телеграм. „Нема информации за оштетување на шините“, додаде таа. Неколку возови доцнеле …

Напад со украински дрон предизвика пожар на железничка станица во регионот Волгоград Read More »

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. -Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, …

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток Read More »

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер


Руски напад уби три лица во регионот Запорожје во југоисточна Украина вчера, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, додека силите на Москва го продолжија своето бавно напредување по линијата на фронтот од 1.000 километри. Федоров напиша на Телеграм дека трите лица се убиени во напад врз градот Степногирск. Уништени се и приватни домови. Воен портпарол изјави …

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер Read More »

Ветришта до 110 км. на час: Во Велика Британија издадено портокалово предупредување поради бурата Флорис


Метеоролошката служба на Велика Британија денеска издаде портокалово предупредување за областа на Шкотска, бидејќи се очекува бурата Флорис утре да го погоди тој дел од Обединетото Кралство, со ветрови кои би можеле да достигнат до 145 километри на час. Според најавите, бурата ќе донесе „невообичаено силен ветер“ во поголемиот дел од Шкотска, пишува Скај њуз. …

Ветришта до 110 км. на час: Во Велика Британија издадено портокалово предупредување поради бурата Флорис Read More »

Најмалку 116 лица хоспитализирани по капење на плажата Назаре во Португалија


Бројот на луѓе кои побарале медицинска помош во португалскиот регион Леирија поради симптоми поврзани со загадување на водата на плажата Назаре, се зголеми на 116, соопшти клиничко-болничкиот центар на регионот Леирија. До 14 часот денеска, на болничко лекување биле примени 72 деца и млади, како и 44 возрасни лица, а од вкупниот број на заболени, …

Најмалку 116 лица хоспитализирани по капење на плажата Назаре во Португалија Read More »

Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден


Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден, јавија денеска локалните медиуми. Официјалната саудиска новинска агенција СПА наведе дека седуммина, четворица сомалиски и тројца етиопски државјани, биле егзекутирани поради шверц на дрога. Еден Саудиец бил егзекутиран поради убиство на мајка. Од почетокот на 2025 година, Саудиска Арабија егзекутирала 230 луѓе, од кои 154 врз основа …

Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден Read More »

Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините


Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Марк Карни веројатно ќе разговараат наредните денови откако САД воведоа царини од 35 проценти на стоки кои не се опфатени со трговскиот договор меѓу Америка, Мексико и Канада. Ова за Си-Би-Ес Њуз го изјави министерот за американско-канадска трговија во федералната влада, Доминик ЛеБланк, и додаде дека е „охрабрен“ …

Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините Read More »

Папата Лав Шеснаесетти им порача на младите католици дека тие се знак дека е можен поинаков свет


Папата Лав Шеснаесетти денеска пред повеќе од еден милион припадници на католичката младина во Ватикан, на завршна миса на неделниот собир со следната генерација верници, рече дека тие се „знак дека е можен поинаков свет во кој конфликтите можат да се решаваат со дијалог, а не со оружје“. Посебната прослава „Јубилеј на младоста“ е дел …

Папата Лав Шеснаесетти им порача на младите католици дека тие се знак дека е можен поинаков свет Read More »

Зеленски го назначи генералот Кривоношко за командант на военото воздухопловство


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи генерал-полковник Анатолиј Кривоношко за командант на Военото воздухопловство на украинската армија. – Военото воздухопловство на украинската армија се состои од илјадници наши луѓе и благодарение на нив украинското небо останува вистински наше. Тоа се професионални војници, технички тимови, ангажирани експерти, доброволци – голема и патриотска заедница која ја …

Зеленски го назначи генералот Кривоношко за командант на военото воздухопловство Read More »

Најмалку 23 загинати во напад во близина на пунктови за помош во Газа


Најмалку 23 луѓе загинале во израелски напади во близина на пунктови за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа, соопштија локалните болници. Болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа соопшти дека примила тела од повеќе делови на земјата, на југ и во центарот на територијата, откако голем број луѓе се обиделе да стигнат до …

Најмалку 23 загинати во напад во близина на пунктови за помош во Газа Read More »