Илир Мета: Црна Гора е одличен партнер на Албанците


Албанскиот државен врв и опозицијата ја поздравија заедничката изјава на претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, со која го повикаа косовскиот парламент да го ратификува договорот за демаркација на границата меѓу двете земји. – Црна Гора е одличен партнер на Албанците. Усвојувањето на демаркацијата ќе донесе европска пролет за …

Илир Мета: Црна Гора е одличен партнер на Албанците Read More »

Турција: Шестмина новинари осудени на доживотен затвор


Суд во Истанбул осуди на доживотен затвор шест новинари обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година, јави Анадолија. Меѓу осудените се Ахмет Алтан, поранешен главен уредник на весникот Тараф, неговиот брат, новинарот Мехмет Алтан и познатата новинарка Назал Алаџак. Новинарите беа обвинети за врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого Турција го …

Турција: Шестмина новинари осудени на доживотен затвор Read More »

Дојче Веле: Европа ќе биде „цела и слободна“ само со Балканот


Намалениот ангажман на САД не Балканот не значи дека Вашингтон го губи интересот за регионот, оценува Дојче Веле. Според радиото, во Вашингтон внимателно се анализира стратегијата на Европската комисија за Западниот Балкан, бидејќи Брисел и Белата куќа имаат ист интерес во регионот. Советникот на Германскиот маршалов фонд, Џонатан Кац во изјава за Дојче веле оценува …

Дојче Веле: Европа ќе биде „цела и слободна“ само со Балканот Read More »

Тачи: Вистината за убиството на Оливер Ивановиќ некого ќе го заболи


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе бидат откриени убијците на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ и дека вистината некого ќе го здоболи. Во интервју за телевизијата Н1, тој рече дека мотивите за убиството се од криминална природа. – Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ продолжува. Досега нема индикации кои би …

Тачи: Вистината за убиството на Оливер Ивановиќ некого ќе го заболи Read More »

Лавров ќе ги посети Словенија и Србија на 21 и 22 февруари


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ги посети Словенија и Србија на 21 и 22 февруари, каде што ќе одржи серија билатерални средби, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – На 21 февруари министерот за надворешни работи на Руската Федерација ќе има работна посета на Словенија, планирана е средба …

Лавров ќе ги посети Словенија и Србија на 21 и 22 февруари Read More »

Дачиќ: Поделбата на Косово и размената на територии се шпекулации


Наводниот договор на Белград, Приштина и Тирана за размена на територии и поделба на Косово, се само шпекулација, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во интервјуто за денешното издание на весникот „Курир“. – Тоа е само шпекулација. Се знае дека јас ја предлагав како можност поделбата на Косово. Најбитно е да продолжи бриселскиот дијалог, …

Дачиќ: Поделбата на Косово и размената на територии се шпекулации Read More »

Мицотакис: Ципрас повторно игра на картата поделба


Владата без план и без гаранции тргна да даде сѐ, доволни и беа само два симболични потези, преименувањето на автопатот и аеродромот, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој испрати остри критики до грчката Влада за начинот на кој ги води преговорите за името. Во обраќање пред пратеничката група на партијата, Мицотакис рече …

Мицотакис: Ципрас повторно игра на картата поделба Read More »

Ципрас: Грција нема да прифати предизвик кон нејзиниот територијален интегритет


Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас. Изјавата на Ципрас следи по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море, за чиј суверените спорат Атина и Анкара. – Нашата порака е јасна. Грција нема да доволи, прифати или …

Ципрас: Грција нема да прифати предизвик кон нејзиниот територијален интегритет Read More »

Московиси: На Грција нема да и треба ниту нова спасувачка програма


Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси смета дека Грција нема да има потреба од нова спасувачка програма, ниту од кредитна линија за претпазливост по завршетокот на актуелната програма, чиј рок истекува во август годинава. Во интервју за „ЕурАктив“, Московиси се изјасни против секакви дополнителни финансиски инјекции, откако Грција ќе ја заврши сегашната програма, …

Московиси: На Грција нема да и треба ниту нова спасувачка програма Read More »

Турското обвинителство бара доживотен затвор за 330 „ѓуленисти“


Турското Јавно обвинителство побара од Судот изрекување казни доживотен затвор на 330 оосмничени членови на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во Турција од јули 2016 година. Дел од обвиненијата се однесуваат за истрагата поврзана со преземањето контрола врз патарина на автопатот Тузла-Орханли за …

Турското обвинителство бара доживотен затвор за 330 „ѓуленисти“ Read More »

Хрватска и Србија ќе побараат пари од ЕУ за реконструкција на линијата Загреб- Белград


Хрватска и Србија заедно ќе побараат пари од ЕУ за изработување проектна документација и спроведување на проектот за реконструкција на железничката линија Загреб- Белград, јави хрватската телевизија ХРТ. Српската министерка за транспорт Зорана Михајловиќ соопшти дека побарала средба со нејзиниот хрватски колега Олег Бутковиќ, за да потпишат протокол во врска со реконструкцијата, по што ќе …

Хрватска и Србија ќе побараат пари од ЕУ за реконструкција на линијата Загреб- Белград Read More »

Американските домаќинства должат рекордни 13.15 трилиони долари


Американските домаќинства должат рекордни 13.15 трилиони долари. Минатата година, само во последниот квартал, долгот пораснал за 193 милјарди долари. Тоа е петта година по ред со раст на долгот, објави Вол стрит журнал. Експертите сметаат дека и во 2018 ќе продолжи трендот на задолжување, но дека тоа не претставува проблем бидејќи паралелно расте и нето …

Американските домаќинства должат рекордни 13.15 трилиони долари Read More »

Саакашвили „најде“ нова држава


Украинскиот опозиционер Михаил Саакашвили престојува во Холандија, родната земја на неговата сопруга, бидејќи му беше одбиена дозволата за влез од Украина во Полска. Саакашвили не знае колку долго ќе се задржи во Холандија ниту со што ќе се занимава таму. – Ќе видиме, одговори Саакашвили на прашањето на холандската државна телевизија НОС за тоа колку …

Саакашвили „најде“ нова држава Read More »

Свештениците на СПЦ во Црна Гора ќе мораат да полагаат црногорски јазик


Доколку Собранието на Црна Гора го усвои предлогот на Законот за странци, свештениците од црногорско-приморската Митрополија на СПЦ, кои доаѓаат од Србија и Босна и Херцеговина, ќе мора да го полагаат црногорскиот јазик и да приложат потврда дека верската организација за која работат е регистрирана, за да добијат дозвола за привремен престој. Тој предлог закон …

Свештениците на СПЦ во Црна Гора ќе мораат да полагаат црногорски јазик Read More »

Ѕанакопулос: Предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име


Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение. Ѕанакопулос ова го кажа на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио. – По вчерашната средба преговорите продолжуваат врз база на рамката што беше поставена со нашите соседи. Оптимисти сме дека ќе успееме да постигнеме заемно …

Ѕанакопулос: Предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име Read More »

Помала група Солунчани побараа оставка од градоначалникот Бутарис


Група од околу 70 лица, според солунските медиуми, се собра денеска пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите вчерашни изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, насобраните граѓани, со грчки знамиња во рацете, извикуваа: „Дај …

Помала група Солунчани побараа оставка од градоначалникот Бутарис Read More »

Израелската полиција препорача покренување на обвинение против Нетанјаху


Полицијата, која го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му препорача на државниот обвинител тој да биде обвинет за корупција во два случаи, јавија денеска израелски медиуми. Нетанјаху, кој негира дека сторил нешто незаконско, неколку пати е испрашуван од почетокот на 2017 година. Конечната одлука за покренување на обвинение е на државниот обвинител. Израелски медиуми јавуваат …

Израелската полиција препорача покренување на обвинение против Нетанјаху Read More »

За седум години Албанија ја напуштиле 330.000 жители


Во изминатите седум години, од 2011 до 2017-та, од Албанија емигрирале околу 330.000 лица. Како што јави дописникот на МИА, бројот на оние кои ја напуштиле земјата е еднаков или поголем од бројот на жители на втората по бројност околија Фиер со 302.000 жители и на околијата Драч со 285.000 жители. Овие податоците денеска ги …

За седум години Албанија ја напуштиле 330.000 жители Read More »

Вучиќ до хрватските новинари: Ме прашавте ли кој ги запали куќите на моето семејство?


Србите и Хрватите имаат различни погледи за минатото, но тоа не значи дека неможат да живеат заедно и да разговараат, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Вргинмост, на вториот ден од неговата посета на Хрватска, кој беше посветен на средби со претставници на српското малцинство. На инсистирањата на новинарите да одговори директно дали жали …

Вучиќ до хрватските новинари: Ме прашавте ли кој ги запали куќите на моето семејство? Read More »

Ердоган: Тие што се закануваат, никогаш не ја почувствувале османлиската шлаканица


Оние кои велат дека ќе одговорат агресивно доколку бидат удрени, веројатно никогаш во животот на го почувствувале ударот на османлиската шлаканица, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ваквиот став на Ердоган претставува одговор на изјавата на американскиот генерал Пол Фанк, кој се закани со жесток одговор на еветуален напад врз силите на САД во …

Ердоган: Тие што се закануваат, никогаш не ја почувствувале османлиската шлаканица Read More »