Белата куќа прогласи за нелегален потег за импичмент на Трамп


Секретарот за печат на Белата куќа Стефани Гришам најостро ја осуди резолуцијата подготвена од членовите на Претставничкиот дом за официјализирање на истрагата за претседателот Доналд Трамп со цел негов импичмент.

– Резолуцијата, што ја претстави спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, потврдува дека импичментот, инициран од демократите во Претставничкиот дом, претставува нелегална измама од самиот почеток, бидејќи му недостига неопходна потврда со гласање во Домот, се вели во писмената изјава.

Со документот „се овластува претседателот (на Комисијата за разузнавање на Долниот дом Адам) Шиф, кој постојано го лаже американскиот народ, да одржи нова серија расправи, што кои според претседателот не се формален процес“, нагласува Белата куќа. Но, дури и тогаш, улогата на извршната власт останува нејасна, бидејќи процедурата во никој случај не е наведена во писмена форма.

Резолуцијата, за која треба да се гласа утре, „не го менува основниот факт дека демократите во Домот одбиваат на администрацијата да и го дадат правото за правичен“, рече Гришам.