Драги: Некои фармацевтски компании продавале исти вакцини два или три пати


Одредени производители на лекови кои развија вакцини против корона вирусот можеби ветија повеќе отколку што може да испорачаат, ефикасно продавајќи ги истите ограничени дози на различни купувачи, рече италијанскиот премиер Марио Драги. Говорејќи за предлогот на ЕУ да ги прошири овластувањата на блокот за блокирање на извозот на дози на вакцини, Драги им рече на […]

Трет бран во ЕУ: Франција критично, Полска и Белгија воведуваат построги мерки


Франција, погодена од третиот бран зараза од корона вирус, се наоѓа на епидемиолошки „критична“ точка, па денеска дополнително го ограничи движењето, а заострени се и епидемиолошките мерки во Белгија и Полска. Премиерот на Франција, Жан Кастекс рече дека третиот бран не престанува да расте, што Франција ја доведува до „критична“ состојба. Француските власти од денеска […]

Германија, сепак, размислува за строго затворање за Велигден


Поради големиот пораст на бројот на новоинфицирани, многу водечки германски политичари во неделата повикаа на вонреден состанок на федералните и покраинските влади заради воведување построги мерки за Велигден. „Бројките растат брзо и треба да разговараме за тешка блокада за време на Велигден, во понеделник или најдоцна во вторник“, рече премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман (Зелените). […]

Продолжуваат протестите во Мјанмар


Демонстрациите против хунтата во Мјанмар продолжија и денеска, еден ден откако безбедносните сили убија над сто луѓе. Вчерашниот ден е најкрвав од почетокот на масоввните протести што почнаа на 1 февруари откако беше извршен воен удар и беа уапсени членови на Владата. Протести се организирани низ целата земја, а безбедносните сили во некои места употребија […]

Црни превидувања на германски министер: Стигнува „супер-сој“


  Германскиот министер без ресор Хелгер Браун предупредува на опасноста од „супер0сој“, кој би можел да биде имун на вакцините против корона вирус. Браун, кој е лекар по струка, во интервју за „Билд“ оцени дека Германија во моментот се наоѓа во најопасната фаза од пандемијата. „Сите грижи за жал, се остварија. Третиот бран има потенцијал […]

Тинејџерки обвинети за убиство: Со електрошокер нападнале возач на „Убер“


  Две тинејџерки се обвинети за смрт на возач на „Убер“ оваа недела во Вашингтон, јави локалната полиција, пренесе Си-ен-ен. Мохамед Анвар (66) од Спрингфилд загина во вторникот попладне во близина на Националниот парк, стои во полициското соопштение. Тој работел како возач на „Убер“, стои на страницата GoFundMe која ја постави неговото семејство. „Разочарани сме […]

Столтенберг: Кина не е наш непријател, но загрижени сме што многу инвестира во воена опрема


  Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Северноатлантскиот сојуз не ја смета Кина за непријател, но дека е загрижен за големите вложувања на Пекинг во воена опрема. – Северноатлантската алијанса не ја смета Кина за непријател, но секако подемот на таа земја ќе има директна последица за нашата безбедност. Кина инвестира многу во […]

Надреални слики: 5.000 луѓе на концерт во Барселона, сите тестирани


БАРСЕЛОНА – Љубителите на музиката во Барселона се прегрнуваа, танцуваа и пееја заедно на распродаден рок концерт во саботата вечерта откако поминаа брзи тестови на Ковид-19 на едно испитување што може да ја оживее музичката индустрија во живо во Шпанија и пошироко. Околу 5.000 обожаватели на шоуто за шпанскиот инди-бенд „Love of Lesbian“ мораа да […]

Германија е во најопасната фаза од епидемијата


Германија мора да го потисне вирусот сега или да ризикува да ја изгуби контролата, вели помошничката на Меркел Германија мора да ги спушти коронавирусните инфекции во следните неколку недели или да ризикува нови вирусни мутации кои се отпорни на вакцини и треба да воведе ноќен полициски час во региони со висок број на работни места, […]

Бројот на жртвите во Мексико е ревидиран за 60% и скокна дури на 321.000


Владата на Мексико во саботата призна дека вистинскиот број на жртви во земјата од пандемијата на корона вирусот сега е над 321.000, што е речиси 60% повеќе од официјалната бројка од 201.429. Мексико прави малку тестирања и бидејќи болниците беа преполни, многу Мексиканци починаа дома без да направат тест. Единствениот начин да се добие јасна […]

Бројот на загинати во урнатата зграда во Египет достигна 22 лица


Бројот на лица кои загинаа откако се урна висококатница во Каиро достигна 22 лица, јави ТАСС, повикувајќи се на информации од Екстра Њуз. Претходно имаше информации за 18 мртви. Три лица се пријавени како исчезнати и потрагата продолжува. Спасувачките екипи успеаја да спасат 25 лица. Според прелиминарните извештаи, сопственикот нелегално додал шест ката. Куќата, првично […]

„Ден на теророт“: Војската уби повеќе од 90 граѓани во Мјанмар


Безбедносните сили во Мјанмар убија десетици граѓани на најсмртоносниот ден од минатомесечното воено преземање на власта. Светските медиуми го нарекеоа денешниот ден во Мјанмар „Ден на теророт“. Здружението за помош на политички затвореници, локална надзорна група, забележа најмалку 91 смртен случај, вклучително и деца. „Нè убиваат како птици и пилиња, дури и во нашите домови“, […]

Повеќе од 300 бродови чекаат да го поминат Суецкиот Канал


Шефот на египетската служба за управување со Суецкиот Канал денеска изјави дека силниот ветер не е главната причина за заглавувањето на товарниот брод „Евер гивен“ (Ever Given). Продолжуваат операциите за ослободување на бродот долг 400 метри,  кој од вторникот го блокира бродскиот сообраќај. – Силните налети на ветерот и метеоролошките фактори не се единствените главни […]

Дојче веле: ЕУ не може да одлучи дали ќе живее по летно или зимско сметање на времето


Германија– Во 2018 година, Европската комисија спроведе онлајн анкета на која својот став го искажаа 4,6 милиони учесници. Мнозинството од нив побараа да се запре промената на времето, потсетува Дојче веле. Сепак, до денес не е постигнат консензус меѓу земјите на ЕУ за тоа време да се воведе – летно или зимско сметање на времето. […]

Ри: Бајден се меша во внатрешните работи и ја провоцира Северна Кореја


Високиот севернокорејски претставник Ри Пјонг Чол осудата на американскиот претседател Џо Бајден дадена по тестирањето на балистичките ракети ја оцени како „мешање“ и „провокација“. – Изјавата на американскиот претседател е нескриено мешање во правото на нашата држава на самоодбрана и провокација, истакна Ри, кој го надгледуваше истрелувањето на ракетите. Северна Кореја на 25 март лансираше […]

УНЕСКО: Затворењето на училиштата поради Ковид-19 може да доведе до генерациска катастрофа


УНЕСКО предупреди денеска дека во светот 20 отсто повеќе ученици во 2020 година не ги стекнале основните вештини за читање, кои се очекувани за нивната возраст, поради делумното затворање на училиштата во текот на пандемијата на Ковид-19. – Бројот на деца со проблеми во читањето е поголем за 100 милиони, достигнувајќи 584 милиони минатата година, […]

Германија чека одобрување од ЕМА за руската вакцина


Германската Влада соопшти дека е подготвена да почне со употреба на руската вакцина Спутник V против коронавирус откако ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). – Одобрение од ЕМА, што Спутник се уште го нема, ќе ја отвори можноста за употреба на вакцината во кампањата за имунизација во Европа и тогаш вреди да […]

Во Германија може да има и до 100.000 нови случаи на ден


Претседателот на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ предупреди дека може да има дури 100.000 нови инфекции со корона вирус на ден во Германија доколку не се спречи ширењето на корона вирусот, пренесува Ројтерс. „Се разбира, може да бидат 100.000 на ден“, рече Лотар Вилер на неделната прес-конференција. Ова доаѓа по извештаите дека Германија ќе […]

(Видео) Торнада пустошат низ Алабама, петмина загинаа


Американската сојузна држава Алабама вчера беше опустошена од неколку моќни торнада, во кои има најмалку петмина загинати, додека десетици други лица се повредени, а многумина се останати без покрив над главата. Петте жртви се потврдени во градот Охатси, во северозападниот дел на Алабама. Торнадо оштети згради и куќи и турна дрвја, соопшти Агенцијата за управување […]

ЕП ја забрзува постапката – до лето се можни дигиталните зелени сертификати


Мнозинството европратеници вчера изразија поддршка за брзо воспоставување на дигиталниот зелен сертификат, што за цел го има олеснувањето на слободно и безбедно движење во Европската унија за време на пандемијата. Европратениците одлучија да го забрзаат процесот на одобрување на зелени дигитални сертификати, за да може да бидат прифатени до летово, што ќе овозможи безбедно и […]