Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Полска шири „митови“ за упадот на дронови со цел „дополнително да ја ескалира украинската криза“. Во соопштение објавено на својата веб-страница, министерството повторува дека не планирало да ја гаѓа територијата на Полска. – Овие конкретни факти целосно ги демантираат митовите што Полска повторно ги шири за да ја …

Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови Read More »

Лајен повика ЕУ да се ослободи од „оковот“ на консензусот


Иднината на Западен Балкан е во Европската унија, изјави  во своето годишно обраќање претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. -Поголемата и посилна Унија е безбедносна гаранција за сите нас. И затоа – за Украина, за Молдавија, за Западен Балкан – нивната иднина е во нашата Унија. Да ја оствариме следната повторна обединувачка фаза …

Лајен повика ЕУ да се ослободи од „оковот“ на консензусот Read More »

Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска!


Руското министерство за одбрана се огласи по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор, за што претходно извести Варшава. – Целите на нападот се остварени. Сите одредени цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета, се наведува во соопштението на министерството. Тие додаваат дека дострелот на руските …

Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска! Read More »

Фон дер Лајен најави дека ќе ги казни израелските „екстремистички министри“ и ќе ги запре плаќањата


  Претседателката Урсула фон дер Лајен го искористи својот годишен говор за состојбата на Унијата за да објави дека Европската комисија ќе заземе построг пристап кон Израел – предизвикувајќи аплауз и потсмев од поделениот Европски парламент. Извршната власт на ЕУ ќе санкционира „екстремистички министри“ и насилни доселеници и ќе ги паузира билатералните плаќања кон Израел, …

Фон дер Лајен најави дека ќе ги казни израелските „екстремистички министри“ и ќе ги запре плаќањата Read More »

Белата куќа доби „Клуб со ружи“ наместо „Градина со ружи“


Вашингтон – Контроверзното преуредување на Градината со ружи во Белата куќа од страна на претседателот Доналд Трамп беше промовирано во текот на викендот, додека тој го организираше својот прв настан на новиот двор и откри ажурирано име за просторот. Во петок, 5 септември, Трамп, 79, ги пречека некои од неговите најблиски сојузници – вклучувајќи го …

Белата куќа доби „Клуб со ружи“ наместо „Градина со ружи“ Read More »

Путин го тестира НАТО со нападот со дронови на Полска


  Полска собори руски дронови,Полска рано во средата соопшти дека повеќе руски дронови влегле и биле соборени над нејзина територија со помош на сојузниците од НАТО, опишувајќи го инцидентот како „чин на агресија“ извршен за време на бранот руски напади врз Украина. Неколку европски лидери изјавија дека веруваат оти Русија намерно ја ескалира војната, а …

Путин го тестира НАТО со нападот со дронови на Полска Read More »

Американскиот федерален суд се изјасни против смената на гувернерката на Федералните резерви, Кук


Судијката во американскиот федерален суд Џија Коб денеска привремено го запре обидот на претседателот Доналд Трамп да ја разреши гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук, истакнувајќи оти не е обезбедена законска основа за нејзино разрешување. Коб издаде привремена забрана со која ѝ дозволува на Кук да остане на функцијата додека нејзиниот случај не се реши …

Американскиот федерален суд се изјасни против смената на гувернерката на Федералните резерви, Кук Read More »

Објавена е мапа, видете колку руски дронови влегле во Полска


Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани дроновите што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лвов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои дронови го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, во Полска има дури 14 руски дронови. Полска потврди дека повеќе …

Објавена е мапа, видете колку руски дронови влегле во Полска Read More »

Ова е фотографија од руски дрон во Полска


Порталот Defence24 објави дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, недалеку од Замошќе и на околу 40 километри од границата со Украина. Фотографија од леталото е испратена до редакцијата од читател, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот Гербера, тип што го користи Русија за преоптоварување на украинската воздушна одбрана. Во …

Ова е фотографија од руски дрон во Полска Read More »

Мецола пред обраќањето за „Состојбата на ЕУ“: Мора да го направиме она што го бараат граѓаните


 Од денешниот обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред европратениците сакаме да дознаеме како Европската Унија ќе го олесни животот на нашите бизниси преку намалување на бирократијата и поедноставување на правилата, истакна претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.  Во изјава пред почетокот на годишното обраќање на Фон дер Лајен пред ЕП, …

Мецола пред обраќањето за „Состојбата на ЕУ“: Мора да го направиме она што го бараат граѓаните Read More »

Дали Франција ќе биде парализирана денес? „Блокирај сè“ ги повикува граѓаните да излезат на улица


Поддржувачите на француското движење „Блокирај сè“ („Bloquons tout“) планираат денес да ја парализираат целата земја. Иако нивниот онлајн повик за протести потсетува на отпорот на Жолтите елеци од 2018 година, нивниот профил е значително различен, според неодамнешна студија, објавува France 24. Во Франција расте гневот поради нацрт-буџетот на премиерот Франсоа Бајру за 2026 година, кој …

Дали Франција ќе биде парализирана денес? „Блокирај сè“ ги повикува граѓаните да излезат на улица Read More »

ОН: За голем број Палестинци евакуацијата од градот Газа е невозможна


 Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, синоќа изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолнети, голем број од оние што сè уште се таму веруваат дека напуштањето на градот е „едноставно невозможно“. Дижарик објасни дека транспортот од градот Газа може да …

ОН: За голем број Палестинци евакуацијата од градот Газа е невозможна Read More »

Го прашаа Трамп за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан


Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.   „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда. Тие додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во …

Го прашаа Трамп за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан Read More »

Ослободена студентката од Принстон, Елизабет Цуркова


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека студентката од Принстон, Елизабет Цуркова, која беше киднапирана во Ирак пред две години, е ослободена. Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека членовите на милитантната група Катаиб Хезболах штотуку ја ослободиле Цуркова и дека таа сега се наоѓа во американската амбасада во Ирак. „Секогаш ќе …

Ослободена студентката од Принстон, Елизабет Цуркова Read More »

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за израелскиот напад во Катар


Њујорк – Советот за безбедност на ОН денеска треба да свика итен состанок за да разговара за нападот на Израел врз раководството на палестинската организација Хамас во Катар, дознава ДПА од дипломатски извори. Седницата е побарана од Алжир и други земји-членки, наведуваат извори на агенцијата. Хамас соопшти дека шест лица се убиени во вчерашниот ненадеен напад …

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за израелскиот напад во Катар Read More »

Би-Би-Си: Ова е пресвртница во тензиите на границата на НАТО


Лондон – Соборувањето на беспилотните летала што го нарушиле полскиот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина претставува потенцијална пресвртница во тензиите на источната граница на НАТО, пишува Би-Би-Си. Доколку се потврди дека објектите се руски, тоа ќе биде првпат од почетокот на војната во Украина во 2022 година членка на Алијансата да …

Би-Би-Си: Ова е пресвртница во тензиите на границата на НАТО Read More »

Руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор – Полјаците ги соборија


Варшава – Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда.  Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во …

Руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор – Полјаците ги соборија Read More »

Белата куќа тврди дека Катар бил предупреден за нападот, но Доха демантира


Израелскиот напад врз претставници на Хамас во Доха претставува „голема непријатност“ за американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа. – Едностраното бомбардирање на Катар, суверена нација и близок сојузник на САД, која вредно, храбро и ризично преговара за мир, не ги унапредува целите на Израел или Америка, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролајн Левит. Таа …

Белата куќа тврди дека Катар бил предупреден за нападот, но Доха демантира Read More »

(Видео) Новата шведска министерка за здравство се онесвести на крајот од прес-конференцијата


Шведскиот премиер Улф Кристерсон, заедно со други владини претставници, ја претстави новоназначената министерка за здравство, Елизабет Лан од Христијанските демократи, на јавноста на денешната прес-конференција. Токму кога министерката го завршуваше својот говор и им го предаваше зборот на другите на сцената, таа одеднаш ја изгуби свеста, се струполи на подиумот и со него летна на …

(Видео) Новата шведска министерка за здравство се онесвести на крајот од прес-конференцијата Read More »

Макрон го избра Себастијан Лекорну за француски премиер


  Францускиот претседател Емануел Макрон го номинираше министерот за вооружени сили Себастијан Лекорну за следен премиер на земјата. Макрон го номинираше 39-годишникот за следен шеф на владата на Франција во вторникот, неколку часа откако ја прифати оставката на Франсоа Бајру, чија влада беше убедливо поразена на гласањето за доверба во понеделник поради плановите за намалување …

Макрон го избра Себастијан Лекорну за француски премиер Read More »