Финска стопира изградба на дата центри на Гугл


Властите во Финска го забранија процесот на изградба на два дата центри на Гугл затоа што не се извршени потребни испиттувања на влијанието врз животната средина. Во септември, американскиот технолошки гигант објави инвестиција од 13 милијарди евра во дигитална инфраструктура во Финска, наменета за развој на вештачка интелигенција. Компанијата го опиша проектот како своја најголема […]

Путин си го честиташе роденденот со четири убиени деца во Украина (ВИДЕО)


Најмалку 19 лица се убиени во уште еден руски масовен напад со ракети и беспилотни летала врз украински градови во текот на ноќта на 7 октомври, што се совпадна со 74-тиот роденден на рускиот претседател Владимир Путин. Во градот Прилуки, во Черниховската област, руска ракета погоди станбена зграда, при што загинаа најмалку 14 лица, меѓу […]

ЕК издвојува уште над една милијарда евра за ракети и дронови за Украина


Брисел – Европската комисија денеска соопшти дека издвојува уште 1,24 милијарди евра од заемот за Украина за да ѝ овозможи на земјата да набави дронови, пресретнувачи на дронови и сродна муниција, како и ракети произведени во Украина. Заемот, во вкупен износ од 90 милијарди евра за оваа и следната година, предвидува 60 милијарди евра за […]

СЗО: Бројот на деца и адолесценти со дебелина зголемен за четири пати од 1990 година


Женева – Бројот на деца и адолесценти со дебелина во светот од 1990 година досега е зголемен за четири пати, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација. СЗО денеска објави дека во 2024 година 170 милиони млади луѓе на возраст меѓу пет и 19 години живееле со дебелина. Зачестеноста на дебелина во оваа возрасна група се […]

Три години по нападот на Хамас Мерц уште еднаш ја потврди поддршката на Германија за Израел


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска уште еднаш ја ја потврди поддршката на Германија за Израел, на третата годишнина од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, објави ДПА. „Германија е решително на страната на Израел. Нашите израелски пријатели можат да сметаат на нашата посветеност да обезбедиме такво злосторство никогаш […]

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир


Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија денеска ќе разговараат за сомневањата за појава на чума во Сибир, откако лабораториски работник почина во рускиот град Иркутск, додека руските власти наведуваат дека нема докази дека болеста е предизвикана од кој било од патогените со кои работела. Состанок на Комитетот за здравствена безбедност, што разгледува сериозни прекугранични […]

Трамп најави разговор со Путин за сомневањата за чума во сибирски институт


Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека закажал средба со рускиот претседател Владимир Путин за можен случај на чума во истражувачки институт во Сибир, по смртта на вработен во таа институција од пневмонија од непозната причина. Трамп им рекол на новинарите во Белата куќа дека „многу наскоро“ ќе разговара за случајот со Путин. Кога […]

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран


Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека никој не знаел кој управува со Иран, во услови на американско-израелската војна против Исламската Република што трае веќе осум месеци. „Нивните лидери ги нема, ја нема ни втората група лидери, а мојот најголем проблем е што никој не знае кој, по ѓаволите, управува со земјата“, изјави Трамп. Портпаролот […]

ЕУ ги заострува ограничувањата за штетни супстанции


Европскиот парламент изгласа заострување на граничните вредности за неколку хемикалии, за да воведе ограничувања за штетни супстанции, со оглед на тоа што ракот е водечки причинител за смрт поврзана со работата во Европската Унија, пренесува денеска Шпигел. Се очекува новите ограничувања за разни канцерогени загадувачи да ја подобрат заштитата, посебно од рак на белите дробови, […]

Унгарија од следната година воведува данок на богатство


Унгарија од следната година ќе воведе данок на богатство, изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар, исполнувајќи го така предизборното ветување дека богатите ќе поднесат поголем товар од јавните обврски. „Данокот од 1 процент ќе се применува на имотот што преминува вредност од една милијарда форинти (3,1 милиони долари), додека данокот се зголемува на 1,5 проценти […]

Украина поставува услов за членство во ЕУ со Брисел. „Не можеме да се согласиме со тоа“


Украина „не може да се согласи“ со модел на членство во ЕУ што трајно би ја ограничил продажбата на одредени прехранбени производи на пазарот на ЕУ, изјави украинскиот министер за земјоделство, Тарас Висоцки, за „Политико“. Европската комисија го поддржа таков модел како дел од прегледот на политиката за проширување што ја подготвува ЕУ за идните […]

Пукање во близина на Кралската палата во Стокхолм. Полицијата рани вооружен маж


Шведската полиција вечерва пукаше и рани маж во близина на Кралската палата во Стокхолм. Според полициското соопштение, мажот бил вооружен и се однесувал заканувачки. Тој бил уапсен по инцидентот, објавија шведските медиуми. Дојава за вооружен маж била примена околу 18:30 часот по локално време. Надлежните служби потврдија дека мажот е уапсен, а шведските медиуми објавија […]

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: Не разбирам зошто ми ги врати парите


Истанбул – Рускиот олигарх кој помогна во финансирањето на свадбената прослава на Доналд Трамп помладиот тврди дека најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп му ги вратил парите. „Да, го стори тоа“, рече Умар Кремлев денес на прес-конференцијата на Меѓународната боксерска асоцијација во Истанбул. „Тој ги врати парите што ги потрошив за подарокот“, рече тој. […]

Уставниот суд отвори пат за враќање на каталонскиот сепаратист Пуџдемон во Шпанија


Каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон би можел да се врати во Шпанија како слободен човек по девет години егзил, откако Уставниот суд денеска донесе историска одлука што треба да доведе до укинување на налогот за негово апсење, јави ДПА. Уставниот суд одлучи дека проневерата на јавни средства за финансирање на референдумот за независност од 2017 […]

Рубио: Исланд е клучен за регионалната безбедност


Исланд е клучна база за безбедност во услови на зголемени тензии во регионот, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио за време на посетата на Рејкјавик. – Исланд ѝ даде можност на американската војска да демонстрира сила и преку заедничка соработка, користејќи го вашето копно, воздушен простор и води, ни обезбеди клучна база за следење […]

Трамп би дозволил Иран да ги „уништи“ Лос Анџелес или Сан Диего!


Лидерите во Калифорнија го осудија Доналд Трамп, нарекувајќи го „непромислен“ и „растроен“, откако американскиот претседател сугерираше дека Иран би можел да ги „уништи“ Лос Анџелес и Сан Диего – два либерални града во оваа „сина“ (демократска) држава, која често е цел на неговата администрација. На митинг во изразито републиканската држава Небраска во понеделникот вечерта, Трамп […]

Трамп подготвува „грчка трагедија“ за изборите


Политички аналитичар во САД предупреди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп веќе мобилизирала тајна воена сила пред изборите за Конгресот есенва, и покрај негирањата од страна на високи воени функционери. Кен Клипенштајн напиша на платформата „Substack“ дека администрацијата на Трамп веќе сигнализирала оти ќе ја искористи војската за мешање во изборите. Ова се случува и […]

До 600 евра за доцнење на лет, ЕУ воведува нови права за патниците


Патниците во Европската Унија од октомври 2027 година ќе имаат појасни и посилни права кога летот доцни, е откажан или авиокомпанијата не може да ги превезе до планираната дестинација. Новите правила предвидуваат обесштетување до 600 евра, бесплатен хотел при подолго чекање, полесно пренасочување до крајната дестинација и подобра заштита за семејствата со деца. Новата регулатива […]

Макрон и Мерц со предлог до ЕУ: Бараат механизам за итно прекинување на трговски односи


Франција и Германија испратија заедничко писмо до Фон дер Лајен, барајќи нов механизам на ЕУ за итно прекинување на трговските односи (т.н. „kill switch“), кој би можел веднаш да исклучи земја од единствениот пазар поради нефер трговски практики – потег јасно насочен кон Кина, иако не е експлицитно именуван. Оваа алатка би се активирала за […]

Ден „Д“; Франција ќе „гори“? (фото/видео)


Ученици, наставници и синдикати се собираат низ цела Франција пред денешните протести, а регистрирани се првите блокади на училиштата и прекини во работата на образовните институции, објави порталот BFM TV. Учениците од средното училиште „Софи-Жермен“ во 4-тиот арондисман во Париз рано утрово го блокираа влезот во училиштето со канти за ѓубре и бариери. Десетици ученици […]