Голем поожар го зафати „Орловото гнездо“, планинската куќа на Хитлер во Баварија (видео)


Голем пожар избувна синоќа во Келштајнхаус, познат како Орловото гнездо. Објектот се наоѓа над Берхтесгаден во Баварија, недалеку од Салцбург.

Германскиот локален портал BGLand24, повикувајќи се на полицијата, објави дека пожарникарите пристигнале на местото на пожарот околу 21:52 часот. Според првичните информации, во зградата во моментот на пожарот немало никој. Причината засега не е позната.

Билт наведува дека полицијата се сомнева во палење. На патот кон Келштајнхаус, полицајците наишле на мотоциклист, го запреле и го уапсиле. Засега не е познато дали тој има некаква врска со пожарот.

Пристигнувајќи на местото на настанот, пожарникарите забележале пламен што се крева високо во воздух. Кога пристигнале, ја нашле зградата „целосно зафатена од пламен“.

Пристапот до местото – кое се наоѓа на надморска височина од 1.834 метри – како и гаснењето на самиот пожар претставувале голем предизвик,, изјави портпаролката на полицијата Лиза Мајер.

„Во зградата може да се влезе само со помош на опрема за тешко дишење“, објасни таа.

Келштајнхаус е изграден во 1930-тите како церемонијален објект за прием на гости на нацистичкиот режим. Хитлер ретко го посетувал. Денес во него се наоѓа планинска гостилница.

Зградата, изградена во 1938 година како пансион за нацистички службеници и нивните гости, е сместена во спектакуларен алпски пејзаж и е одвоена од блиската летна резиденција на Хитлер, позната како Бергхоф.

Келштајнхаус сега е во сопственост на покраината Баварија и е прогласена за историски споменик за да се одбележи нацистичката ера по војната.

Зградата, која станала позната благодарение на бројните повоени американски филмови, нуди исклучителен поглед на живописниот планински пејзаж – остра спротивност со ужасите на Третиот рајх, чии антисемитски, расистички и експанзионистички политики предизвикале смрт на милиони луѓе и доведоа до холокаустот.

Изградена од камен и гранит, структурата била дизајнирана да импресионира странски дипломати.

Зградата ја преживеала Втората светска војна без никаква штета.

Таму работи ресторан од 1952 година, а изложба на локацијата ја следи историјата на зградата.

Туристите можат да стигнат до локацијата само со автобус.