ЕУ пред САД по вакцинирани луѓе со прва доза


Белгија– Европската унија вакцинирала повеќе луѓе против Ковид-19 со прва доза во споредба со САД, покажуваат податоците на „Our World in Data“, објавени од Евроњуз. Според истражувањето, 55,7 отсто од граѓаните на ЕУ ја примиле првата доза до саботата, во споредба со 55,5 проценти од Американците. Францускиот заменик министер за европски прашања Клеман Бон ги […]

Германскиот систем за тревога од катастрофи критикуван поради задоцнето предупредување на граѓаните


германија – Германскиот систем за предупредување од природни катастрофи е критикуван поради задоцнето предупредување на граѓаните за време на поплавите што ја зафатија западна Германија минатата недела. „Кога станува збор за заштита од катастрофи, ние сме исто толку лошо подготвени како што бевме со пандемијата“, изјави за „Рајнише пост“ Карл Лаутербах, портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на […]

Во Франција трет ден по ред регистрирани над 10.000 новозаболени од Ковид-19


Француските здравствени власти соопштија дека вчера се потврдени 12.532 новозаболени лица со Ковид-19. Тоа е трет ден по ред како бројот на новозаразени лица е над 10.000.   Вчера регистрирани се и пет смртни случаи, со што вкупниот број на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 111.472.   Зголемувањето на бројот на инфицирани […]

„Денот на слободата“ во Англија почна со голем број инфекции и самоизолацијата на Џонсон


Во неделата имаше 48.000 нови случаи, супермаркетите предупредуваат на недостиг, затоа што голем број вработени и доставувачи мора да одат во самоизолација   ЛОНДОН – „Денот на слободата“ на премиерот Борис Џонсон, со кој завршија ограничувањата од повеќе од една година поради Ковид-19 во Англија, беше нарушен во понеделникот со зголемени инфекции, предупредувања за недостиг […]

Германија вели: Ќе извлечеме лекции од поплавите


БЕРЛИН – Германските власти ги бранат своите подготовки за поплавување по бесниот поројот што изненади многу луѓе и остави над 180 лица мртви во Западна Европа, но тие признаваат дека ќе треба да извлечат поуки од катастрофата. Напорите да се пронајдат повеќе жртви и да се исчисти нередот што го оставија поплавите низ западниот дел […]

Мистериозна болест меѓу американските дипломати во Виена


Австрија– Виена, како центар на многу дипломатски активности, до неодамна беше безбедна за работа на многу американски дипломати, но од почетокот на годинава се забележува нагло зголемување на здравствените инциденти со симптоми слични на мистериозната мозочна болест што се појави во Хавана во 2016 година, објави Радио слободна Европа (РСЕ). Американската влада истражува низа здравствени […]

Пожари дивеат на западот на САД – најавен налет на суви бури


Западот на Соединетите Американски Држави се подготвува налет на суви бури кои би можеле да покренат нови разорувачки пожари во регионот во кој веќе беснеат бројни шумски пожари. Во последните 24 ласа избија осум пожари со што вкупно има 80 големи пожари во САД, во кои изгореа 4.680 квадратни километри, според последните податоци на Националниот […]

Поплавите во Германија причинија штета од неколку милијарди евра


Германија – Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем. Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години. Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде […]

Во Австралија најавенo продоложување на карантинот заради делта сојот на корона вирусот


Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на корона вирусот, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата. Австралиските власти денеска соопштија дека во државата Викторија и во следните денови ќе биде продолжен локдаунот поради Ковид-19, по утрешниот ден како […]

Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик


Повеќе од половина милион корисници на Интернет од Кина потпишаа отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) во кое бараат истрага за американската биолошка лабораторија во Форт Детрик за да се „спречат идни епидемии“, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“. Првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус, претходно, не ја исклучи можноста за вештачкото потекло на […]

Ќе има ли НАТО за првпат жена генерален секретар?


Потрагата по успешна замена за Јенс Столтенберг како генерален секретар се фокусира на жените лидери во Источна Европа.Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, ја извршува врвната дипломатска функција од октомври 2014 година. Сојузниците го продолжија неговиот договор до септември 2022 година, оставајќи нешто повеќе од една година да изберат заменик. Неодамна започнаа формалните дискусии, а наследникот […]

Почина данскиот карикатурист Курт Вестергард, познат по контроверзните карикатури за пророкот Мухамед


Данскиот карикатурист Курт Вестергард почина на 86-годишна возраст. Toj животот го завршил мирно, по долго боледување, на 14 јули, во Копенхаген, соопшти вчера неговото семејство. Вестергард стана познат на светско ниво во 2005 година, кога серија негови карикатури со исламскиот пророк Мухамед објавени во весникот „Јиландс-Постен“ ја предизвикаа најголемата криза на Данска во надворешен план […]

Како државите ги мотивираат своите граѓани да се вакцинираат


Кога започна процесот на вакцинација, некои земји имаа поголем успех од другите и постигнаа подобар напредок на тоа поле. Од самиот почеток, некои луѓе користеа разни придобивки и подароци за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат. Некои земји сега бараат задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во одредени сектори. Кои земји сè уште […]

Во САД пристигнал патник од Африка со нова зараза- мајмунска сипаница


Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД. ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници. Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од […]

Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот


Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот, каде е прогласен Ден на слободата, иако во последните неколку недели во Велика Британија е регистриран зголемен број на заразени лица. Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а веќе нема никакви ограничувања ниту во угостителските објекти […]

Невремето што ги погоди Германија и Австрија може да ја зафати и Словачка


Метеоролозите предупредуваат дека бранот од Германија и Австрија кој ги предизвика поплавите може да влијае и на Братислава. Нивото на Дунав може да се искачи за 2,5 метри во Словачка, според последните податоци на страницата imeteo.sk, која ја следи состојбата на реките. Словачкиот хидрометеоролошки институт (ШМУ) во неделата издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде […]

Анкета: Јапонците не веруваат во безбедноста на Олимписките игри


Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни, како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Додека 21 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во ветувањето на Владата. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката поголемиот број натпревари да се […]

Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот


Новиот премиер на Непал, Шер Бахадур Деуба, ја доби поддршката од повеќе од половината пратеници во Долниот дом на парламентот, кои му дозволија да остане на власт до изборите следната година. Деубу синоќа беше поддржан од 165 пратеници, додека 83 гласаа против него. Тој минатата недела го почна својот петти мандат како шеф на владата, […]

ОН: Коронавирусот ја влоши ситуацијата во светот – секое десето лице гладува


Пандемијата на коронавирусoт го зголеми бројот на гладни луѓе во светот, а во моментов секој десетти човек на нашата планета гладува, поради што пет организации на Обединетите нации повикаа на аларм. Пет организации на ОН се вклучени во подготовката на Светскиот извештај за храна, вклучувајќи ги и Организацијата за помош на децата (УНИЦЕФ) и Светската […]

Се повлекува водата во Белгија: Повеќе од 30 мртви, се трага по 163 лица


  Во историските поплави во Белгија, од средината на неделава, има 31 жртва, според официјалните податоци, кои вечерва ги објавија властите, кои додадоа дека операцијата за спасување е завршена. „Нема повеќе опасност во погодените подрачја. Операциите за спасување се завршени, но потрагата и понатаму трае во повеќе зони“, објави белгискиот кризен ценатр во сооппштението од […]