Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот


Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот, каде е прогласен Ден на слободата, иако во последните неколку недели во Велика Британија е регистриран зголемен број на заразени лица. Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а веќе нема никакви ограничувања ниту во угостителските објекти […]

Невремето што ги погоди Германија и Австрија може да ја зафати и Словачка


Метеоролозите предупредуваат дека бранот од Германија и Австрија кој ги предизвика поплавите може да влијае и на Братислава. Нивото на Дунав може да се искачи за 2,5 метри во Словачка, според последните податоци на страницата imeteo.sk, која ја следи состојбата на реките. Словачкиот хидрометеоролошки институт (ШМУ) во неделата издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде […]

Анкета: Јапонците не веруваат во безбедноста на Олимписките игри


Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни, како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Додека 21 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во ветувањето на Владата. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката поголемиот број натпревари да се […]

Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот


Новиот премиер на Непал, Шер Бахадур Деуба, ја доби поддршката од повеќе од половината пратеници во Долниот дом на парламентот, кои му дозволија да остане на власт до изборите следната година. Деубу синоќа беше поддржан од 165 пратеници, додека 83 гласаа против него. Тој минатата недела го почна својот петти мандат како шеф на владата, […]

ОН: Коронавирусот ја влоши ситуацијата во светот – секое десето лице гладува


Пандемијата на коронавирусoт го зголеми бројот на гладни луѓе во светот, а во моментов секој десетти човек на нашата планета гладува, поради што пет организации на Обединетите нации повикаа на аларм. Пет организации на ОН се вклучени во подготовката на Светскиот извештај за храна, вклучувајќи ги и Организацијата за помош на децата (УНИЦЕФ) и Светската […]

Се повлекува водата во Белгија: Повеќе од 30 мртви, се трага по 163 лица


  Во историските поплави во Белгија, од средината на неделава, има 31 жртва, според официјалните податоци, кои вечерва ги објавија властите, кои додадоа дека операцијата за спасување е завршена. „Нема повеќе опасност во погодените подрачја. Операциите за спасување се завршени, но потрагата и понатаму трае во повеќе зони“, објави белгискиот кризен ценатр во сооппштението од […]

Саша Барон Коен предлага Марк Цукерберг да оди во затвор поради дезинформациите за короната


Комичарот Саша Барон Коен во неделата предложи извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг да биде затворен, откако претседателот на Соединетите Држави Џо Бајден изјави дека фирмите за социјални мрежи „убиваат луѓе“, поради ширењето на дезинформации за вакцините против Ковид-19 на нивните платформи. „Претседателот е во право – Фејсбук убива луѓе“, објави на Твитер Барон Коен. […]

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем


Франција – Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер, во корист на  десетина држави. Дигитално оружје што се користи против новинари, адвокати, активисти и политичари во многу земји, вклучувајќи ја и Франција, јави дописникот на МИА. Во […]

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе јужен Иран


Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната иранска провинција Фарс, јави иранската државна телевизија. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хешта. Засега нема извештаи за можни жртви или материјална штета.

Меркел: Мора да брзаме во борбата против климатските промени


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „најголемата економија во Европа мора да работи побрзо и подобро во борбата против климатските промени“ по катастрофалните поплави што ги погодија германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц. Ова е најголемата природна катастрофа во Германија во последните шест децении. „Се укажува на тоа дека мора да се стори нешто […]

Стотици мигранти во Белгија штрајкуваат со глад и жед: „Подготвени сме да умреме“


 Над четиристотини лица без официјални документи во Белгија денеска го започнаа 56-от ден од гладот на штрајкот прогласен на 23 мај. Штрајк прогласен по 3 месеци постојани протести. Во отсуство на реакција и позитивен одговор од властите, овие луѓе, мажи и жени, пред два дена ја преземаа најрадикалната мерка: штрајк со жед. Теоретски човековото тело […]

Се поплави и Сицилија


Поради обилните дождови кои ја погодија Италија, северот и југот на земјата во недела се борат со поплави и надојдени реки. Службите за итни случаи во Сицилија, во градот Палермо и остатокот од регионот, добија стотици повици по обилните дождови. Пожарникарите интервенирале поради поплавување и оштетување на водата, потврдија во неделата наутро. Засега нема сериозни […]

Расте бројот заразени со коронавирус во Италија по шампионското славје


 Здравствените власти во Италија соопштија денеска дека славењето ширум земјата по повод триумфот на фудбалската репрезентација на неодамнешното ЕУРО2020 влијаело на пораст на бројот заразени со коронавирус. Европската титула се славеше низ цела Италија, а централната прослава се одржа на 12 јули во Рим каде десетици илјади луѓе ги поздравија фудбалерите, кои се возеа во отворен автобус. […]

Британски научник: Ќе имаме и по 100.000 нови зарази дневно


  Научниот советник на британската влада, пред укинувањето на епидемиолошките мерки во Англија, рече дека речиси е извесно оти бројот на новозаразени со Ковид-19 ќе достигне 100.000 дневно, со 1.000 хоспитализирани. Нил Фергусот, професор на лондонскиот Империјал колеџ и член на научната советодавна група за итни ситуации на британската влада, за Би-би-си вели дека наведените […]

Сопругата на убиениот претседател на Хаити се врати дома по лекувањето на Флорида


  Вдовицата на убиениот претседател на Хаити се врати во оваа карипска држава откако се лекуваше на Флорида по раните здобиени при нападот во нивниот дом. Мартине Моис од авионот излезе со панцир додека повредената рака ѝ беше преврзана. Атентаторите во нивот дом на 7 јули г убија нејзиниот сопруга Жовенел Моис. Мартине беше повредени […]

Кубанската влада собра десетици илјади приврзаници – претседателот им се обрати


Кубанската влада собра десетици илјади приврзаници на улиците, една недела по најголемите антивладини протести во текот на неколку децении. Претседателот на Куба, Мигел Дијаз Канел, следен од претходниот претседател Раул Кастро (90), се појави на местото каде претходниот викенд се одржуваа едни од најголемите антивладини протести против политичкиот систем. Канал одржа страсвен говот, обвинувајќи ги […]

Британија нема масовно да вакцинира тинејџери


Британските министри одлучија сека нема масовно да ги вакцинираат тинејџерите во таа земја, јави телеграм. Место тоа, вакцините се наменети за деца од ранливи категории од 12 до 15 години и оние кои наскоро ќе наполнат 18. Се чекаат докази за можни ризици Се верува дека Одборот за вакцинирање и имунизација ги советувал министрите против […]

Германија: Непристојна смеа на кандидатот за канцелар Армин Лашет во поплавен град


Кандидатот за германски канцелар Армин Лашет  од ЦДУ ѝ се извини на нацијата за впечатокот што го создаде неговата смеа за време на говорот на федералниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во областа на поплавите и неговите изрази на сочувство со сите што претпеа многу. Но штатата за Лашет е направена. „Ова беше несоодветно и жалам“, напиша […]

Фаучи: Да имаше олку дезинформации, никогаш немаше да ги искорениме големите сипаници


Советникот на Белата куќа за Ковид-19, Ентони Фаучи, ги критикуваше медиумите поради ширење лажни информации за вакцините, велејќи дека искоренувањето на големите сипаници и детската парализа би било невозможно со моменталните дезинформации. Научникот зборуваше ден по критиките од американскиот претседател Џо Бајден упатени до Фејсбук и другите мрежи, во кои ги обвини за пренесување лажни […]

(Видео) Невремето стигна до Австрија


Австрија– Поплавите што изминатите дена разурнаа делови од Германија, Белгија и Холандија вчера го погодија и северниот дел на Австрија. Синоќа во градот Халајн активиран е аларм откако пукна брана на реката Котбах. Центарот на градот е уништен, а издадено е предупредување до локалното насление да останат во своите домови. За да се спречи излевање […]