(Видео) Лавата на Ла Палма не престанува да тече, уште не стигнала до океанот


 

Лавата од вулканот кој се активира на шпанските Канарски Острови побрзо се движи кон морето и сега се наоѓа на 800 метри од брегот.

Додека една од двете реки лава успори на островот Ла Палма, другата, потопла и пофлуидна еруптира на гратчето Тодоку, од кое се евакуирани сите жители, соопшти службата за итни ситуации на Канарските Острови, пренесе АП.

Надлежните со денови очекуваат дали лавата ќе стигне до Атланскиот Океан, но по вчерашното смирување на вулканската активност преку ноќта повторно порасна интензитетот на вулканската активност. Кога лавата ќе стигне до морската вода можни се експлозивни реакции и ослободување на отровни гасови.

Островот Ла Палма, со околу 85 илјади жители долг околу 35 км, а широк 20, исфрла лава од 19 септември кога проработе вулканот кој уништи 589 згради и 21 километар патишта на Ла Палма.

Благодарение на брзата евакуација не се забележани смртни случаи, ниту сериозни повреди, но вулканот досега исфрли повеќе од 46 милиони кубни метри растопени карпи, се наведува во извештајот на Институтот за вулканологија на Канарските Острови.