Бројот на новинари во Германија може да се преполови до 2035 година


Бројот на новинари во Германија би можел да се намали за дури 50 отсто до 2035 година, се наведува во нова студија на медиумски експерти. Во студијата изготвена по нарачка на германските јавни радиотелевизии АРД и ЗДФ и радиото „Дојчландрадио“, се посочува дека намалувањето на публиката и приходите на медиумските куќи, во комбинација со подемот […]

Израел продолжил со геноцидот во Газа и по прекинот на огнот, според извештај на ОН


Израел продолжил да спроведува геноцид во Газа и по прекинот на огнот во енклавата, договорен во октомври минатата година со посредство на САД, се наведува во денеска објавен извештај на Обединетите нации. Извештајот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираната палестинска територија, вклучувајќи го Источен Ерусалим и Израел, ги разгледува кршењата на правата […]

Граѓани го тужат Трамп, бараат заштита за новинари во Белата куќа


Шест граѓани го тужат американскиот претседател Доналд Трамп со тврдење дека им го одзел правото на информации со тоа што им забранил на претставници на три медиуми да влезат во Белата куќа. Тужбата е поднесена во федералниот окружен суд во Њујорк, а тужителите се повикуваат на Првиот амандман, наведувајќи дека Уставот го штити правото на […]

Американската војска забрани влез на „BYD“ возила во базата на јапонскиот остров Окинава


Американската војска забрани влез на возила на кинескиот производител на електрични автомобили „BYD“ во воздухопловната база „Кадена“ на јапонскиот остров Окинава, оценувајќи дека тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за персоналот и воените операции. Забраната стапи во сила оваа недела и се однесува на сите возила на компанијата, вклучително и приватни автомобили, такси-возила и доставни возила, пренесе […]

Кибер напад ја принуди големата мрежа на болници во Ново Мексико да ги пренасочи пациентите и да ги затвори клиниките


Голем болнички систем во Ново Мексико се обидува денеска да реши проблем со кибер безбедноста,  па поради тоа пренасочени се амбулантните возила кон други болници. Поради кибер напад во моментот американската држава е без оддел соодветен да ги лекува најсериозните случаи. Универзитетскиот здравствен систем во Ново Мексико (UNM Health System) ги повика луѓето да не […]

Судот во Хамбург треба да одлучи дали ќе продолжи судењето за експлозиите на „Северен тек“


Судот во Хамбург денеска треба да донесе одлука дали ќе продолжи судењето на Украинецот обвинет за организирање на нападите врз руските гасоводи „Северен тек“ кон Германија. Одбраната на Серхиј Кузнецов поднесе барање да се запре постапката. Сојузниот обвинител сè уште може да одговори на барањето пред да одлучи судот во северниот германски град Хамбург. Доколку […]

Администрација на Трамп подигна ново обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подигна нов случај против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, обвинувајќи го за несоодветно ракување со информации поврзани со националната безбедност, според судски документи. Обвинението било поднесено пред неколку недели, но беше јавно објавено дури вчера, пренесе ДПА. Случајот е фокусиран на наводното откривање класифицирани информации на новинар. Според […]

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД и ќе доведе до апсење. Објавата доаѓа само една недела пред среднорочните избори во САД. Администрацијата на Трамп презеде агресивен пристап кон контрола на спроведувањето на изборите, вршејќи притисок врз државите да достават податоци за регистрираните гласачи […]

Локално примирје меѓу Русија и Украина стапи во сила за да се овозможи хуманитарна операција во градот Олешки


Денеска стапи во сила локално примирје меѓу Русија и Украина за да се олесни хуманитарната операција во градот Олешки кој е окупиран од Москва, соопштија двете завојувани страни во одделни изјави. Руското Министерство за одбрана соопшти го прекинало гранатирањето во правец на украинскиот град Херсон почнувајќи од 4:00 часот наутро по московско време за да […]

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија


Пентагон ја одреди подморницата „Колорадо“ како прва американска напаѓачка подморница на нуклеарен погон што ќе се приклучи на ротационите сили стационирани во Западна Австралија. Ова е дел од трилатералниот одбранбен пакт АУКУС, во кој учествува и Обединетото Кралство. Подморницата од класата „Вирџинија“, долга 115 метри и вооружена со ракети и торпеда, ќе заплови кон својата […]

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година


Израелските граѓани денеска излегуваат на парламентарни избори, први по нападот на палестинското милитантно движење Хамас на 7 октомври 2023 година, на кои ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите укажуваат на неизвесна борба меѓу неговиот блок и опозицијата. Избирачките места се отворени низ целата земја, околу 7,3 милиони граѓани имаат право […]

Марија Корина Мачадо е подготвена за разговори со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез


Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, е подготвена да се сретне со привремената претседателка на земјата, Делси Родригез, по враќањето од егзил, изјави нејзината портпаролка, цитирана од француските медиуми. „Мачадо изрази подготвеност да седне на преговарачка маса не само со Родригез, туку и со секој друг со кого […]

Швајцарија отвора дипломатска канцеларија во Северна Кореја. Министерот пристигнува


Швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис патува во Северна Кореја оваа недела, потврди швајцарската влада во понеделник. Целта на посетата се политички разговори и официјално отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Пјонгјанг. Политички разговори и продолжување на дијалогот Посетата на Касис започнува во четврток, а тој ќе се сретне со севернокорејски претставници на официјалното […]

Шведска: И Танд Ранквист не успеа да формира влада


Лидерката на шведската Партија на центарот, Елизабет Танд Ранквист денеска изјави дека не успеала да формира влада со обединување на партиите од левицата и десницата. „Мојот општ заклучок е дека во моментов има мнозинство во корист на центристичките политики, но нема мнозинство за центристичка влада“, истакна Танд Ранквист. Таа додаде дека претседателот на парламентот сега […]

СЗО: Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување


Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), бремените жени изложени на топлотни бранови имаат ризик од предвремено породување и до 26 отсто, што може да предизвика смрт на плодот, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес. Достапните информации укажуваат дека бебињата родени во 2024 година биле почесто изложувани на топлотни бранови од новороденчињата од 1986 […]

САД лобираат Виктор Орбан да застане на чело на ОН


Извори од три земји потврдуваат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп лобирала за кандидатурата на Виктор Орбан за генерален секретар на Обединетите нации (ОН). САД го охрабриле поранешниот унгарски премиер да влезе во трката, откако први му ја предложиле оваа можност. Планот сè уште чека конечна одлука, објави „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal). […]

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот


Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, вчера го освои четвртиот претседателски мандат, што е без преседан, соопшти денеска бразилскиот изборен суд. Лула, иконата на глобалната левица и најдоминантната фигура во бразилската политика во овој век, во драматичната завршница на пребројувањето на гласовите го победи сенаторот Флавио Болсонаро, најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. […]

„Аксиос“: Нетанјаху бара од Трамп поголема јавна поддршка пред изборите во Израел


Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изминатите денови побарал од американскиот претседател Доналд Трамп јавно да му даде поголема поддршка во пресрет на претстојните избори, објави денеска порталот „Аксиос“, повикувајќи се на извори од САД и Израел. Извор од САД за политичкиот портал изјавил дека Белата куќа го гледа агресивното лобирање на Нетанјаху како „знак на очај“ […]

Седум лица беа убиени во Газа откако дрон погоди универзитет


 Тројца членови на персоналот на универзитет во Газа беа убиени, а осум студенти ранети во израелски напад, соопштија локални палестински извори, додавајќи дека уште четворица се убиени на други места во енклавата.Израелската армија соопшти дека ги проверува извештаите. Неколку извори на Исламскиот универзитет во Газа изјавија дека израелски дрон го погодил објектот во северниот дел […]

Хакиран телефонот на Кушнер, откриени тајни финансиски сметки


Сериозни обвинувања се појавија против Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов поранешен висок советник, откако новинарска истрага објави тврдења за тајни финансиски трансфери и странски банкарски сметки поврзани со милијарди долари. Според истражувањето на новинарот Метју Кол, објавено во списанието „Венити фер“, холандски разузнавачи наводно добиле пристап до податоци од телефонот […]