Личните објави на социјалните мрежи на напаѓачите на Конгресот им ги зголемуваат казните затвор


Околу 700 луѓе се обвинети за федерални злосторства поврзани со немирите. Од нив, 150 ја признаа вината   За многу бунтовници кои упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари, самоинкриминирачките пораки, фотографии и видеа што ги емитуваа на социјалните мрежи пред, за време и по бунтот, влијаат дури и на нивните кривични казни. Претходно овој […]

Грузија: Психијатри ќе проверуваат какви лекови добивал Саакашвили во затвор


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој штрајкуваше со глад в затвор повеќе од седум недели, ќе биде прегледан од психијатар, изјави за новинарите член на лекарската комисија на грузискиот Народен правобранител. – Се појавија информации дека состојбата на Саакашвили се влошува. Тој не може да стои и тешко зборува. Имаме информации дека му се даваат […]

Британски научници: Доколку не се воведат мерки, не чека голем бран на заразени со омикрон


Доколку не се преземат дополнителни рестриктивни мерки, Велика Британија во јануари ќе се соочи со голем бран на заразени лица со новиот сој омикрон, изјавија британски научници врз основа на спроведени студии и предвидувања, објави денеска Би Би Си. Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и еден од врвните […]

Во Виена повторно протести против анти-ковид мерките, има инциденти и апсења


Околу 44.000 луѓе излегоа на денешниот протест против сертификатите за вакцинација и воведените мерки против Ковид-19 во главниот град на Австрија. Само неколку минути откако започна протестот, десничарски екстремисти и насилни демонстранти направија инцидент, јавуваат австриските медиуми. Полицијата пријави напад врз минувачи и новинари. – Нападнат е новинар. Бил гаѓан со грутки снег и парчиња […]

Во Минск уапсен портпаролот на „А1“


Портпаролот на телекомуникацискиот оператор „А1“ во Белорусија, Никлај Бределев е уапсен, поради што Телеком Австрија и Министерството за надворешни работи во Виена реагираа со голема загриженост. Според Телеком Австрија, кој е сопственик на „А1“ во Белорусија, нивниот тамошен портпарол е уапсен под обвинение за ширење незгодни информации за компанијата. – Покрај тоа, објавено е и […]

Шефовите на дипломатиите на Г7 сакаат да покажат обединет фронт наспроти светските агресори


Англија– Министрите за надворешни работи на Групата седум  најиндустриски најразвиени земји во светот (Г7) се собраа денеска во Ливерпул, на северот на Англија, за да го покажат своето единство против „светските агресори“, осудувајќи ги руските акции на украинската граница. -Треба силно да се здружиме за да се спротивставиме на агресорите кои се обидуваат да го […]

Париз тврди дека е  потпишан договор за продажба на фрегати на Грција


Франција- Помалку од три месеци откако го торпедираа мега-договорот за подморници меѓу Франција и Австралија, САД се понудија да и продаваат фрегати на Грција, откако претходно беше потпишан договор меѓу Париз и Атина, јави дописникот на МИА. Договорот за продажба на три француски фрегати на Грција „штотуку е потпишан“, објави денеска француското Министерство за вооружени […]

Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол, се тврди во таен документ


САД– Марк Медоуз, шефот на кабинет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија која го истражува упадот во Капитол Хил, на 6  јануари годинава, и ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта. Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп […]

Најмалку 50 мртви во торнадо во Кентаки


  Разорно торнадо го погоди западниот дел на Кентаки, САД однесе најмалку 50 човечки животи, соопшти гувернерот Енди Бешар, јави Еј-би-си њус. Се очекува бројот на жртви да порасне на 75 до 100 луѓе, со што ова се смета за најтешка ноќ во историјата на Кентаки. Едно торнадо разорило површина поголе аод 300 кимолетри, при […]

Две години подоцна потеклото на вирусот останува мистерија


Сѐ поголем број научници се обидуваат да го задржат фокусот на она што тие го сметаат за поверодостојно – дека вирусот скокнал од животно на човекот   Речиси две години по пандемијата на Ковид-19, потеклото на вирусот што го мачи светот останува обвиткано во мистерија. Повеќето научници веруваат дека се појавил во дивината и скокнал […]

Двајца мртви во серија торнада што го зафатија централниот дел на САД (видео)


САД – Силно невреме, проследено од најмалку 19 торнада, доцна синоќа погоди пет држави во централниот дел на САД, предизвикувајќи големи штети. Откако едно од торнадата погоди старечки дом во местото Моне, во сојузната држава Арканзас, судијата на округот Крегхед, Марвин Деј,изјави дека едно лице загинало. -Сите беа извадени од домот за стари лица и […]

Збогум Америка – учесник во нападот на Капитол побегна во Белорусија


Еван Нојман, Американец кој е обвинет за напад на полицијата за време на немирите на Капитол Хил на 6 јануари минатата година, се верува дека побегнал во Белорусија, соопшти американското државно обвинителство. Според податоците на обвинителството од округот Колумбија, Нојман побегнал од САД на 16 февруари и „се верува дека моментално е во Белорусија“, пренесува […]

Моравјецки: Русија да избере дали е со или против Европа


Полска– Русија мора да одлучи дали ќе биде со Европа или против неа, а засега таа го избира конфликтот, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервјуто за италијанскиот весник „Ла република“. -Русија мора да избере дали сака да биде со Европа или против неа. Владимир Путин денеска го избира конфликтот. И ова и штети не […]

Австрискиот парламент ја одобри евтаназијата


Австрискиот парламент донесе одлука со која се овозможува евтаназија на тешко болни лица. Според новиот закон, кој е донесен врз основа на препораките на Уставниот суд, останува забрането убиството на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање. Така, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни […]

Германските социјалдемократи денеска избираат ново раководство


Германија– Главната партија во новата германска коалициска Влада, Социјалдемократската партија (СПД) денеска на партиска конференција планира да го избере новото партиско раководство, јави ДПА. Актуелниот лидер на партијата, Саскија Ескен, и генералниот секретар Ларс Клингбејл треба да станат претседавачи на партијата. Клингбејл се кандидира за наследник на копретседавачот во заминување, Норберт Валтер-Борјанс. Сојузниот извршен комитет, […]

Во Јужна Африка нема знаци на развој на тешки форми на Ковид-19 од новиот сој омикрон


Јужна Африка– Јужноафриканските научници денеска соопштија дека сè уште нема видливи знаци дека сојот омикрон на коронавирусот предизвикува потешка болест. Јужна Африка кон крајот на минатиот месец го предупреди светот за новиот сој на коронавирусот, што го доби името омикрон, зголемувајќи го алармот дека многу мутираната варијанта може да предизвика нов раст на глобалните инфекции. […]

Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден, отворена истрага


Нов Зеланд – Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага откако еден маж наводно 10 пати се вакцинирал против Ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми, пренесува ДПА. Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff“. Министерството за здравство сериозно го сфати ова […]

Бегалците Рохинџи го тужат Фејсбук за 150 милијарди долари поради говор на омраза во Мјанмар


Десетици бегалци Рохинџи во Велика Британија и САД го тужат Фејсбук, обвинувајќи го гигантот на социјалните мрежи дека дозволува ширење на говор на омраза против нив. Тие бараат повеќе од 150 милијарди долари (113 милијарди фунти) компензација, тврдејќи дека платформите на Фејсбук промовираат насилство врз прогонуваното малцинство. Се проценува дека 10.000 муслимани Рохинџа се убиени […]

Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани


САД– Повеќето од 43 случаи заразени со сојот омикрон на коронавирусот во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле дополнителна,таканаречена засилувачка доза, пренесоа британските медиуми. […]

Столтенберг го одби ветото на Русија за евентуалното членство на Украина во НАТО


Белгија – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво вмешување на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да го одбие евентуалното членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва. -Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО […]