ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година


ЕУ и Велика Британија се договорија како во наредната година ќе ги поделат рибните фондови со кои заеднички управуваат на одредени морски локации. По два месеци тешки преговори, Лондон и Брисел денеска објавија дека постигнале договор за 2022 година за вкупниот дозволен улов од рибниот фонд што го делат во Атлантскиот Океан и Северното Море. […]

Во Русија е регистриран МИР-19, нов лек против Ковид-19


 Министерството за здравство на Русија регистрираше нов лек против Ковид-19, МИР-19, кој го изработи Медицинско-биолошката агенција, соопштија денеска претставници на институцијата. – На 22 декември 2021 година, руското Министерство за здравство го регистрираше лекот МИР-19 против инфекција со коронавирус, се вели во соопштението на агенцијата.

Њујорк ќе забрани употреба на гас во новите згради


  Властите во Њујорк планираат да забранат користење на гас во новите згради. Место овој енергент за греење ќе мора да се користи исклучиво струја. Се очекува на овој начин до 2040 година да биде намалена емисијата на јаглерод диоксид за 2,1 милиони тони. Тоа е еднакво на количината емисии од 450.000 автомобили. Одлуката ќе […]

СЗО: Ни една земја нема да излезе од пандемијата поради бустер доза


  Доректорот на Светската здравствена огранизација СЗО денеска предупреди дека не треба да се се прават илузии оти вакцинирањето со бустер доза вакцина ќе биде доволно за светот да се ослободи од корона пандемијата. „Ни една земја нема да може да излезе од пандемијата со помош на довакцинирање и тоа не е „зелено светло“ за […]

СБ на ОН усвои резолуција за помош на Авганистан


САД– Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција предложена од САД за олеснување на хуманитарната помош за Авганистан за една година, со надеж дека талибанците нема да ги искористат средствата за себе. Резолуцијата овластува исплата на средства за обезбедување на потребните добра и услуги со цел да се одговори на основните хуманитарни потреби […]

АстраЗенека развива вакцина која ќе нуди заштита од новата омикрон варијанта


Англија— Британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд соопштија дека развиваат нова верзија на нејзината вакцина со две дози која ќе обезбеди заштита конкретно од новата омикрон варијанта на коронавирусот. Вакцината е базирана на аденовирус, која, според клиниката Мајо, е изменета така што не може да се интегрира во ДНК-то на една личност и […]

Мадагаскар: Министер пливал 12 часа до брегот по пад на хеликоптер


  Министер на Мадагаскар е еден од двајцата преживеани кои пливаа околу 12 часа до брегот откако нивниот хеликоптер се урнал кај североисточниот брег на островот, соопштија властите. Продолжува потрагата по двајца други патници по несреќата во понеделникот, чија причина не е веднаш јасна, соопштија полицијата и пристанишните власти. Серж Гел, државниот секретар за полиција […]

Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во Полска


  Полска регистрира 775 смртни случаи од корона вирус. Ове а нависок број починати во еден ден во четвртиот бран од пандемијата во оваа европска држава, покажаа податоците од министерството за здравство на таа земја. Како што пренесеува Ројтерс, Полска се соочува со упорно високи дневни бројки на случаи во четвриот бран кој ги принуди […]

Војската на САД пред револуционерно откритие: развиле вакцина против сите варијанти на короната


Во следните неколку недели, научниците од Институтот за истражување „Волтер Рид“ очекуваат да објават дека развиле вакцина која е ефикасна против коронавирусот и сите негови варијанти, вклучително и омикрон, но и против претходните вируси САРС кои убиле милиони ширум светот. Достигнувањето на научниците е резултат на речиси двегодишна работа. Воената лабораторија ја доби првата ДНК […]

Австрија не е подготвена за нов бран зарази – набавете основни продукти


Експерти предупредуваат дека Австрија не е подготвена за нов бран, кој наидува на земјата, со ширење на омикрон сојот. Се стравува и од проблеми во снабдувањето. Исто така, со истовремено разболување на поголем број граѓани, со задолжителен карантин, може да дојде до проблем во критична инфраструктура, како што се болници, полиција, пожарникари, итна помош, телекомуникација, […]

Веран: Франција веројатно ќе има по 100 илјади случаи на корона вирус дневно


Франција може да има околу 100.000 нови случаи на корона вирус дневно, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран. Сега, додека земјата се бори со петтиот бран на пандемијата, има околу 70.000 случаи на дневна основа. – До почетокот на јануари доминантна ќе биде варијантата омикрон, изјави Веран за телевизијата BFM. Министерот рече дека […]

(Видео) Министер 12 часа пливал до брегот по пад на хеликоптер


Министерот за полиција на Мадагаскар Серж Геле, еден е од двајцата преживеани во падот на хеликоптерот, кој падна на североисточната страна на островот, пишува Гардијан. Тој, по падот на леталото, морал да плива 12 часа до брегот. Истовремено, продолжува потрагата по уште двајца патници по несреќата што се случи во понеделникот, соопштија полицијата и локалните […]

Белорусија и Полска си играат пинг-понг со живи луѓе


  Белорусија и Полска ги туркаат бегалците напред-назад преку границата и им доставуваат малку храна, чиста воза и засолнипте од студот, соопштија Обединетите нации. Канцеларијарта на ОН за човекови права затоа итно ги прозва двете земји да се позанимаваат со оваа ситуација. Бегалците кои ги интерјвуирал тим на ОН за човекови права во текот на […]

Скоро 100 милијарди долари украдени од американски фондови за помош на пандемијата


САД–  Речиси 100 милијарди долари се украдени од американските програми за да помош на бизнисите и луѓето кои изгубија работа за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти американската Тајна служба. – Проценката се заснова на случаи на Тајната служба и податоци од Одделот за труд и администрацијата за мали бизниси, рече Рој Дотсон, национален координатор […]

СЗО со предупредување за „нова бура“ низ Европа поради сојот Омикрон


Австрија – Светската здравствена организација предупреди дека „се подготвува уште една бура“, опишувајќи го драматичното ширење на сојот Омикрон низ Европа, јави ДПА. – Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, изјави регионалниот директор на ОН Ханс Клуге […]

Кина: По 50 нови случаи на коронавирус, побарано 13 милиони жители на Сијан да не излегуваат без потреба


Кина – Кинескиот град Сијан ги повика своите 13 милиони жители да останат во своите домови, откако во тој град беа откриени повеќе од 50 нови случаи на коронавирус, јави Си-Ен-Ен. Кина вчера пријави 57 локално пренесени случаи на Ковид-19 во пет градови, додека се обидува да ја смири епидемијата на коронавирус како дел од нејзината […]

Во јануари Франција воведува „вакцина пропусница“


Франција– Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да вршат  одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал. Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од […]

Во првата година од пандемијата, најнизок раст на населението во САД од основањето на државата


Растот на населението во САД во првата година од пандемијата на коронавирус падна на најниска стапка од основањето на државата бидејќи пандемијата ја ограничи имиграцијата, влијаеше на одложувања на бременоста и предизвика смрт на стотици илјади жители на САД. Населението на САД пораснало за само 0,1 отсто од јули 2020 година до јули оваа година, или за 392.665 луѓе, според […]

Ѝ платиле на медицинска сестра да ги вакцинира со лажни вакцини – сè снимено на камера


  Лица кои се противат на вакцинацијата против Ковид-19 на Сицилија, Италија ѝ платиле на медицинска сестра да има стави лажни вакцини за да добијат здравствен сертификат. Три лица, меѓу кои и медицинска сестра и локален лидер на движењето познато како „Но-вак“, уапсени се и се соочуваат со обвинение за корупција и фалсификат, пренесе „Блиц“. […]

Трамп ќе се обрати на новинарите на 6 јануари, на денот на нападот на Капитол Хил


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска најави дека на 6 јануари ќе одржи прес-конференција, на првата годишнина од нападот на неговите приврзаници на Капитол Хил. Републиканскиот милијардер рече дека ќе зборува за претседателските избори одржани во ноември 2020 година во Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида, повторувајќи без основа дека на тие избори му биле украдени гласови. Трамп […]