Грчката снежна бура стигна до Израел – обилен снег во Ерусалим


Во Ерусалим падна обилен снег во четвртокот, како и во северен Израел и на бреговите на окупираниот Западен брег, поради што затворени се патишта и училишта.

Обилен снег во овој град е реткост, а најмногу му се израдуваа децата, кои излегоа надвор. Паднаа 20 см снег, пренесуваат израеслките медиуми.

Нема училиште

Абед Шабани (39), кој ги повел своите два сина на играње на ридовите околу Ерусалим, вели дека толкав снег не видел со години.

„Денеска нема училиште, па се шетам со децата, правиме снешковци и се тепаме со снежни топки. Мислам дека тоа е добар знак. Ова ќе биде добра година, се надевам“, вели тој.

Работниците од градската служба за одржување на јавниот простор го обиколуваа средиштето на градот отстранувајќи ги напукнатите и опасни гранки од дрвјата, а на улиците имаше помалку сообраќај.

Затворени патишта, не возат автобусите

полицијата затвори неколку главни патишта кои водат во градот, а сопрен е и автобускиот превоз.

Улиците, во текот на ноќта ги чистеле 210 возила, соопшти градоначалникот Моше Лион.

Зимската бура пред да стигне до Ерусалим ги погоди Грција, Турција и Сирија.