Цела Европа ќе стане градилиште, милиони згради ќе се реновираат со пари на ЕУ


ЕУ сака да наложи надградба на енергетската ефикасност на милиони стари згради во Европа, бидејќи тие  сочинуваат 36 отсто од емисиите на стакленички гасови во Унијата. Минатата недела, Европската комисија предложи правила за минимални стандарди за енергетска ефикасност што треба да се исполнат до 2027 година за јавни и нестанбени згради и до 2030 година […]

Лондон ја откажа прославата на Нова година на Трафалгар сквер поради омикрон


Англија – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан објави дека ја откажува планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот, омикрон сој на коронавирусот. – Поради рекордното ниво на инфекции со Ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам се што е можно за да го […]

Бројот на жртви од тајфунот на Филипини се искачи на 375, преживеаните молат за вода и храна


Најмалку 375 луѓе загинаа, повеќе од 500 се повредени, а 56 се водат како исчезнати, по тајфунот Раи, кој ги погоди Филипините. Околу 380.000 луѓе ја напуштија областа поради невремето, кое го погоди архипелагот во четвртокот. Преживеаните бараат залихи на вода и храна, пишува Гардијан. Тајфунот корнеше покриви и дрвја, уништи куќи и поплави помали […]

Руската морнарица лансираше крстосувачка ракета од Јапонското Море и погоди цел оддалечена над 1.000 километри


Русија– Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руско полигон на копно. Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС. […]

Нов Зеланд поради сојот омикрон го пролонгира отворањето на границите


Властите во Нов Зеланд денеска соопштија дека го одложуваат планираното постепено отворање на границите до крајот на февруари, поради сојот омикрон на коронавирусот. Островската држава во јужниот дел на Пацификот само што почна со укинување на мерките против пандемијата, а ограничувањата за меѓународно патување требаше постепено да се укинат од почетокот на јануари, со целосно […]

Јапонија ќе плати 13,6 милијарди долари за американските војници на нејзина територија


Јапонија – Јапонија и САД постигнаа договор дека Токио ќе плати  13,64 милијарди долари во текот на следните пет години за американските војници стационирани на јапонска територија. Како што јави денеска јапонската телевизиска мрежа НХК дека Договорот ќе важи од април следната година и ќе трае пет години. Во просек, Јапонија ќе плаќа 211 милијарди јени […]

По контакт со заразено лице Бајден е негативен на Ковид-19


САД– Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на коронавирусот откако еден од неговите соработници, со кои поминале околу половина час во авион, бил позитивен на Ковид-19, соопшти Белата куќа. – Бајден вчера имаше негативен ПЦР тестот, а во неделата имаше негативен антиген тест, како дел од редовните контроли. Бидејќи упатствата на Центриот за контрола и […]

Од денеска повторно задолжителни маските во затворен простор во Вашингтон


САД– Градоначалничката на Вашингтон, демократката Мјуриел Баузер, најави дека носењето маска во затворен простор од денеска повторно ќе стане задолжително во главниот град на САД. Мерката ќе остане во сила до крајот на јануари, кога ќе биде преразгледана. Баузер ги отфрли критиките дека избрзува и ги повика жителите на Вашингтон да се вакцинираат и да ги […]

Во Бразил се предлага четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата со ослабен имунитет


Бразил– Бразил ќе понуди четврта доза вакцина против Ковид-19 на возрасните лица со ослабен имунитет. Ќе може да се даде четири месеци по третата дополнителна доза, соопшти Министерството за здравство. Во циркуларното писмо се наведува дека планирано е да се намали интервалот помеѓу втората и третата доза на вакцината од пет на четири месеци. Во […]

Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас


Швајцарија– Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот […]

Протеинската вакцина на „Новавакс“ може да биде поттик антиваксерите да ги засучат ракавите


  Одобрувањето на новата протеинска вакцина против Ковид-19 од страна на Европската агенција за лекови (EMA) доведе до надеж дека таа може да одигра важна улога во убедувањето милиони Германци кои одбиле вбризгување од постоечките вакцини да добијат заштита од оваа болест. зима. ЕМА ја одобри вакцината „Новавакс“ со две дози во понеделник попладне. Советодавниот […]

Стејт департментот ги предупреди Американците да не патуваат во Украина, можни се воени акции на Русија


Стејт департментот денеска објави предупредување за опасност при патувања во Украина до најкритично црвено ниво и советува Американците да не патуваат во оваа земја бидејќи постојат закани Русија да започне воена акција против Украина. Од американскиот надворешнополитички орган го реафирмираат советот државјаните на САД да не патуваат во Украина поради Ковид-19 и да сменат планови […]

Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти


Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, при што загинаа 17 лица, а 68 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Бродот „Франциа“ рано утринава го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе биле спасени од Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација. Бродот […]

(Видео) Вооружен маж држи две жени како заложнички во Париз


Маж вооружен со нож држи во заложништво две жени во една продавница во Париз, пренесе АФП, повкувајќи се на извори од полицијата. На местото на настанот има многу полиција која се обидува да ги ослободи жените. Цел круг околу местото е затворен за пристап, а градските власти ги повикаа парижани да не доаѓаат во овој […]

Омикрон се шири брзо и ги заразува и вакцинираните – СЗО


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна […]

Вакцината на „Фајзер“ во Франција одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години


Францускиот медицински регулатор ХАС (Haute Autorite de Sante) денеска ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години. – ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, […]

Нов удар за Борис Џонсон – фотографија од дружба во мај 2020


  Новообјавената фотографија може дополнително да ја влоши позицијата на поткопаниот британски премиер. На снимката, која британски „Гардијан“ ја објави во понеделникот, Борис Џонсон се гледа на маса во градината на Даунинг стрит со неговата сегашна сопруга Кери и двајца вработени. Во позадина има други луѓе кои стојат заедно во мали групи, има вкупно околу […]

Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините


Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата […]

Новинарка го ризикуваше животот пишувајќи за короната, сега може нема да го преживее затворот


Во првите денови од пандемијата со корона вирус, кога кинеската влада се обидуваше да го сузбие ширењето на корона вирусот, не се толерираше претерано известувањето за ситуацијата со заразите во земјата. „00:40 е наутро, се слуша свукот на крематориумот. Работат дење – ноќе“, рече Жанг Жан, на видео-снимка од февруари 2020 година, на една од […]

Вакцините против Ковид-19 сами по себе нема да ја запрат пандемијата


Германија – Извршниот директор на германската компанија „Бионтек“, која е еден од производителите на вакцината против Ковид-19 – Фајзер/Бионтек, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот Омикрон делуваат „смирувачки“, но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата. Директорот на Бионтек, Угур Шахин, за францускиот весник „Монд“ истакна дека прелиминарните […]