Земјотрес од 7,2 по Рихтер регистриран во Индонезија


Силен земјотрес, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди групата острови Барат Даја во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 170 км

Нови застрашувачки бројки – во Франција 208.000 нови инфекции во еден ден


  Франција регистрираше национален и европски рекорд на нови инфекции со корона вирус, бидејќи варијантата Омикрон поттикнува пораст на случаи низ континентот, при што повеќе земји достигнаа нови максимални вредности. Франција во средата пријави 208.000 случаи во претходните 24 часа, што е повеќе од претходниот рекорд од речиси 180.000, поставен претходниот ден. „Ова значи дека […]

Бела куќа: Бајден и Путин утре ќе разговараат телефонски


САД –  Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа. Соопштението е во момент на подготовки за американско-руски безбедносни разговори следниот месец. -Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка […]

Студија сугерира дека коронавирусот се задржува во органите со месеци


САД- Податоците од новата студија сугерираат дека коронавирусот што предизвикува Ковид-19 може да опстојува на различни делови од телото со месеци по инфекцијата, вклучително и срцето и мозокот. Научниците од Националниот институт за здравје (NIH) открија дека вирусот може да се шири нашироко од респираторниот тракт до речиси секој друг орган во телото и да […]

СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени


Швајцарија –  Истовременото ширење на сојот Делта и на сојот Омикрон на коронавирусот создава „цунами од случаи“, нагласи на прес-конференција денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави […]

Орбан се премисли – сега е за задолжителна вакцинација


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан направи целосен пресврт во неговите ставови околу вакцинацијата против Ковид-19. Владата сега предложи пакет мерки според кои работодавците ќе имаат право да бараат од работниците да приложат доказ дека примиле вакцина. Претходните коментари на унгарскиот премиер беа дека задолжителните вакцини нема да функционираат. Како дел од пакетот мерки што вклучува […]

Поранешниот гувернер на Њујорк нема да биде гонет за сексуално вознемирување


САД–  Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, нема да биде кривично гонет по обвиненијата од две жени – од кои едната е припадничка на војската – за сексуално вознемирување, соопшти окружната обвинителка. Според окружната обвинителка на Вестчестер, Мими Рока, иако постојат докази дека настаните опишани од жените навистина се случиле, таа не може да почне […]

Напаѓачот во Денвер кој уби петмина ги познавал жртвите


Вооружениот напаѓач кој уби пет лица и рани две на неколку локации во Денвер, ги бирал своите жртви врз основа на лични и деловни односи, соопштија властите. Напаѓачот Џејмс Меклауд (47) беше убиен во понеделникот вечерта, откако повреди полицаец во Лејквуд, фреквентен трговски кварт на периферијата на Денвер. – Полицаецот успеал да му возврати на […]

Рекорден број починати од Ковид-19 во Полска – 794


  Во Полска денеска се забележани 794 смртни случаи поради последици од корона вирусот, што е најголем број умрени во еден ден во четвртиот бран од пандемијата.. Сепак, бројката може да е толку висока поради доцнење на податоците поради божичните празници. „Повеќе од 75 отсто не биле вакцинирани. Мислам дека во моментот сме ан врвот […]

ФДА: Брзите антигенски тестови за Ковид-19 се помалку чувствителни на омикрон


САД– Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА). – Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските […]

Почина Хари Рид, поранешен лидер на демократите во американскиот Сенат


Хари Рид, поранешен лидер на демократското мнозинство во американскиот Сенат и член на Конгресот од Невада со најдолг стаж, почина на 82-годишна возраст, соопшти неговата сопруга Ландре Рид. „Тој почина во вторникот, опкружен со пријателите, дома во предградието на Хендерсон, по храбра, четиригодишна битка со ракот на панкреасот“, наведе Ландре Рид. Рид, поранешен боксер кој […]

Во Хонг Конг затворен последниот опозициски медиум


  Повеќе од 200 припадници на полицијата во Хонг Конг денеска упаднаа во канцелариите на онлајн опозицискиот медиум Стенд Њуз (Stand News) и уапсија шест лица, меѓу кои и уредништвото и управата под сомнение дека објавиле „бунтовничка содржина“. Локалната полиција во соопштение информира дека постапила по наредба со која се овластува да „пребараат и одземат релевантни новинарски материјали“. Во […]

Само илјада гледачи на новогодишниот концерт во Виена


  Бројот на луѓе на кои им е дозволено да присуствуваат на традиционалниот новогодишен концерт во Виена е ограничен на илјада за да се спречи ширењето на омикрон, новата варијанта на коронавирусот. Тоа значи дека 700 лица со купени билети нема да можат да влезат во салата Музикфераин. Но, Виенската филхармонија соопшти дека тие ќе […]

Гислејн Максвел прогласена за виновна за помагање на Епштајн во сексуална злоупотреба


САД –  Британката Гислејн Максвел, поранешна соработничка на починатиот финансиер Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба, е прогласена за виновна од судот во Њујорк за местење и помагање на Епштајн при експлоатација на малолетни девојчиња и се соочува со „децениски затвор“. Судењето траеше еден месец, а четири жени дадоа детали за сексуалната злоупотреба на девојки, […]

Во САД 512.000 случаи на корона во еден ден


  Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД забележаа 512.553 нови случаи дневно – убедливо најголем број случаи регистрирани од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше 294.015, поставен на 8 јануари 2021 година. Еден олеснителен фактор е доцнењето на известувањето за божикниот викенд. Многу центри за тестирање веројатно беа затворени за време на празникот, што […]

Забраната за влез во САД за патници од осум африкански земји ќе биде укината на 31 декември


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека забраната за влез во САД за патници од осум африкански земји ќе биде укината на 31 декември. Забраната беше донесена пред еден месец поради појавата на новата варијанта коронавирус, Омикрон, во тој дел од светот. „Овие ограничувања повеќе не се неопходни за заштита на јавното здравје“, вели Бајден […]

Борел: Барањето да се запре проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо


  Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел во интервју за весникот „Велт“ ги нарече барањата на Русија за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток „чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови“. „Барањата за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток се […]

За една недела со корона се заразиле 4,9 милиони луѓе ширум светот 


Минатата недела повеќе од 4,9 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот, а повеќе од 44.000 починале, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Растот на новите инфекции е 11 проценти во однос на претходните седум дена, а смртноста е намалена за четири отсто. – Во текот на неделата од 20 до 26 декември, вкупниот број на случаи се зголеми […]

Данска стана земја со највисока стапка на зараза со ковид во светот


  Данска има највисока стапка на инфекција со ковид во светот со 1.612 случаи на 100.000 луѓе. Земјата од 5,8 милиони во понеделникот објави нов рекорд за дневни инфекции и сега има највисока регистрирана инциденца на вирусот во светот. Новите дневни случаи за првпат надминаа 15.000, а здравствените власти регистрираа 16.164 случаи на Ковид-19 за […]

Ким Џонг-ун свика итен состанок на партијата


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун свика средба на високо ниво на владејачката Корејска работничка партија, на кој ќе се разговара за стратешкото планирање во наредните месеци. Состанокот на Централниот комитет на партијата започна вчера во Пјонгјанг, во момент кога земјата се соочува со големи економски предизвици поради меѓународните санкции, природните катастрофи и прекините на снабдување поради […]