Во Бразил 450.000 починаа од корона вирус


  Бразил во вторникот забележа повеќе од 450.000 смртни случаи од Ковид-19, објави Министерството за здравство. Во последните 24 часа во Бразил починаа 2.173 лица, а забележани се 73.453 новозаболени од корона вирус. Од почетокот на пандемијата во Бразил од тој вирус починаа 452.031 лице, а според официјалните податоци повее од 16 милиони луѓе досега …

Во Бразил 450.000 починаа од корона вирус Read More »

Насилствата на тест го ставаат повлекувањето на Бајден од жариштата на Блискиот исток


Растечкото насилство и сцените на страдање на цивилното население на тест ја става решеноста на претседателот Џо Бајден да го одалечи фокусот на надворешната политика од жариштата на Блискиот исток и Авганистан и да го намали американското воено присуство во овие региони. Тоа, исто така, налева вода во воденицата на неговите политички противници на домашен …

Насилствата на тест го ставаат повлекувањето на Бајден од жариштата на Блискиот исток Read More »

Полска организира лотарија за да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат


Полска– Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА. Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се …

Полска организира лотарија за да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат Read More »

Во Франција зголемен број на хакерски напади врз болниците во пандемијата со Ковид-19


Франција – Во Франција,  голем број јавни болници имаат сериозно нарушување на работењето откако беа мета на хакери за откуп, од почетокот на епидемијата со Ковид-19 во Европа на почетокот на 2020 година. Според францускиот министер за дигитално општество, Седрик О, 27 болници биле под некаква форма на кибер напад минатата година, вклучително и рансомвер, …

Во Франција зголемен број на хакерски напади врз болниците во пандемијата со Ковид-19 Read More »

Умре Вилијам Шекспир, првиот маж во светот што ја прими вакцината против корона вирус


Британецот Вилијам Шекспир, кој беше првиот маж во светот кој ја прими вакцината против коронавирус, почина од болест неповрзана со Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Шекспир (81) ја прими првата доза на вакцината „Фајзер“ во декември минатата година во болницата во Ковентри. Првата личност во светот што ја прими вакцината беше 91-годишната Британка Маргарет Кинан. Неговата пријателка …

Умре Вилијам Шекспир, првиот маж во светот што ја прими вакцината против корона вирус Read More »

Рекорден раст на цените на станбените објекти во САД во последните 15 години


Цените на станбените објекти во САД, според резултатите од март, покажаа максимална вредност, повисока дури и од 2005 година, се дознава од индексот Кејс-Шилер на S&P Global и Dow Jones (CoreLogic Case-Shiller Indices), главна мерка за цените на американската станбена недвижност.  Цените на станбените објекти пораснале за 13.2 отсто споредбено со март 2020 година или ја надминале максимално постигнатата …

Рекорден раст на цените на станбените објекти во САД во последните 15 години Read More »

(Видео) Урнати згради од силен земјотрес во Конго, три дена по ерупцијата на вулканот Нијаранго


Земјотресот што денеска беше регистриран на границата меѓу Конго и Руанда уништи згради во градот Гома, а се стравува дека повторно ќе дојде до ерупција на блискиот вулкан Нијарангонго, само три дена откако од првата ерупција загинаа десетици лица, а 17 села беа уништени од лавата. Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата …

(Видео) Урнати згради од силен земјотрес во Конго, три дена по ерупцијата на вулканот Нијаранго Read More »

Хајко Мас: Лукашенко мора да плати „горчлива цена“


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би сакал белоруската опозиција да биде поканета на самитот на Г7 во Велика Британија следниот месец, откако семејството на затворениот новинар Роман Протасевич го обвини режимот за тортура. Европските лидери возвратија на чинот на „државна пиратство“ од Минск принудувајќи го авионот на „Рајанер“ кој го однесе Протасевич на непланиран …

Хајко Мас: Лукашенко мора да плати „горчлива цена“ Read More »

Еуроконтрол планира пренасочување на воздушниот сообраќај подалеку од Белорусија


Европската агенција за контрола на летањето „Еуроконтрол“ денеска соопшти дека низ Белорусија дневно минуваат околу 100 авиони на европски и британски превозници и дека е најдобро во иднина тие да се пренасочат кон воздушниот простор на балтичките земји. Лидерите на ЕУ вчера се согласија дека треба да се избегнува белорускиот воздушен прост откако Минск присили …

Еуроконтрол планира пренасочување на воздушниот сообраќај подалеку од Белорусија Read More »

Лидерите на ЕУ се заложиле да донираат вакцини за земјите со ниски приходи


 На вториот ден од самитот на ЕУ, шефовите на држави и влади разговараа за Ковид-19, вакцинацијата и перспективите за враќање во нормала во ЕУ како и во остатокот од светот, а  станало збор за вакцинирање на малолетници и помош за трети земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија останува на целта дека до …

Лидерите на ЕУ се заложиле да донираат вакцини за земјите со ниски приходи Read More »

Ел Чапо нарачува убиства од затвор, настрада началникот на полицијата на државата Синалоа


Непознати напаѓачи го убиле началникот на полицијата на мексиканската држава Синалоа, Хоел Ернест Сото, пренесуваат мексиканските медиуми. Сото е убиен по серијата апсења на атентатори од нарко картелот на чие чело е Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо. Автомобилот во кој бил шефот на државната полиција на Синалоа, Хоел Ернесто Сото, бил пресретнат и рафално …

Ел Чапо нарачува убиства од затвор, настрада началникот на полицијата на државата Синалоа Read More »

Етна еруптира, исфрла пепел, чад до 4.000 метри висина над Сицилија


Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптираше, исфрлајќи пепел и густ чад до 4.000 метри висина, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ). Врвот на планината висока 3.300 метри во раните утрински часови беше во пламен, откако во текот на ноќта исфрлаше лава во висина од повеќе метри. ИНГВ неодамна регистрира дополнителна …

Етна еруптира, исфрла пепел, чад до 4.000 метри висина над Сицилија Read More »

Навални: Мојата моќна злосторничка организација постојано расте


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека е предмет на три нови истраги, додека во последните неколку недели постојано расте притисокот врз неговото движење и приврзаници. Навални на Инстаграм изјави дека е обвинет за проневера на „сите донации“ од неговата антикорупциска организација, за формирање групи „што ги поткопуваат правата на луѓето“ и за навреда …

Навални: Мојата моќна злосторничка организација постојано расте Read More »

Модерна: Нашите вакцини се ефикасни кај деца на возраст од 12-18 години


Компанијата „Модерна“ соопшти дека нејзината вакцина е 100 процентна ефикасна во испитувањата кај младите луѓе, исто како „Фајзер“, чија вакцина беше одобрена од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) за адолесценти на возраст од 12 до 15 години. Во студијата во која учествувале 3.700 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години, немало симптоматски случаи на …

Модерна: Нашите вакцини се ефикасни кај деца на возраст од 12-18 години Read More »

Случај Лукашенко: Диктаторите се плашат најмногу од – слободниот говор


Како што покажаа настаните во неделата, криминалните режими ги сметаат луѓето како Протасевич и Навални како егзистенцијални закани – луѓе кои го шират зборот и инспирираат   Кога станува збор за белорускиот претседател Александар Лукашенко, политичките аналитичари се принудени да направат непријатни слетувања во областа на психоанализата. Кој напад на параноичен страв можеше да предизвика …

Случај Лукашенко: Диктаторите се плашат најмногу од – слободниот говор Read More »

Уште еден чешки министер за здравство поднесе оставка поради пандемијата, четврти по ред


Чешкиот министер за здравство, Петр Аренбергер, поднесе оставка во вторникот по откритијата на медиумите дека не успеал да пријави имоти и приходи кога ја презеде функцијата на 7 април. Официјално објавувајќи ја својата одлука, Аренбергер рече дека „доживеал медиумски линч“ и ја опишал неговата неточна изјава за имот како „грешка“. Тој исто така се најде …

Уште еден чешки министер за здравство поднесе оставка поради пандемијата, четврти по ред Read More »

Десетици земји пред колапс: Нема кислород


  Десетици земји се соочени со сериозен недостиг на кислород поради порастот на случаи со Ковид-19, што се заканува да предизвика „тотален колапс“ на здравствените системи. Дури 19 земји, меѓу кои Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргнетина и други се најзагрозени откако од март бележат константен пораст на побарувачката на кислород, од најмалку …

Десетици земји пред колапс: Нема кислород Read More »

МЗТ Скопје: Ова не е хумано, за осум дена одигравме шест меча и нормално дојдоа – куп повреди


МЗТ Скопје Аеродром ја обвини кошаркарската федерација за густиот распоред натпревари. Аеродромци сметаат дека многуте натпревари во кус период се причина за големиот број повредени кошаркари. – Настапот во Купот на Македонија на секојдневно ниво и потоа играње три меча од четвртфиналето во пет дена без позначаен одмор, односно вкупно шест натпревари во осум дена …

МЗТ Скопје: Ова не е хумано, за осум дена одигравме шест меча и нормално дојдоа – куп повреди Read More »

На СЗО ѝ фалат повеќе од милијарда долари


Светската здравствена организација (СЗО) се соочува со недостиг на пари, што веќе се одразува за тековните операции, изјави денеска Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни здравствени случаи на СЗО, во разговор со министрите за здравство на земјите-членки. Тој истакна дека СЗО во февруари побарала 1,96 милијарди американски долари за да одговори на пандемијата на корона вирусот оваа …

На СЗО ѝ фалат повеќе од милијарда долари Read More »

Столтенберг: Пренасочувањето на летот на Протасевич е „државно киднапирање“


Белгија– Пренасочување на летот на белорускиот опозициски новинар Роман Протасевич и принудувањето на авионот на Рајанер да слета во Минск е „државно киднапирање“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој повика на итно ослободување на Протасевич и неговата девојка Софија Сапега. Столтенберг истакна дека ова прашање ќе се дискутира и на денешниот состанок …

Столтенберг: Пренасочувањето на летот на Протасевич е „државно киднапирање“ Read More »