Тајвански милијардер сака да купи пет милиони дози од вакцината на БиоНТек


Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант Епл, тајванскиот милијардер Тери Гоу планира да увезе на Тајван пет милиони дози антиковид вакцини на Фајзер/БиоНТек. Неодамна на Тајван беа регистрирани десетици заразени дневно, а сега за едно деноноќие е потврден многу поголем број – околу 8.000 заразени и 99 починати пациенти од …

Тајвански милијардер сака да купи пет милиони дози од вакцината на БиоНТек Read More »

Германија анкета: Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со Ковид-19


 Повеќе од половина Германци се и понатаму  незадоволни од управувањето на владата со кризата со коронавирусот, и покрај напредокот во вакцинацијата, олеснувањето на ограничувањата и падот на бројот на новозаразени. Во истражувањето спроведено за агенцијата ДПА од институтот за анкетирање ЈуГов, 24 проценти се „многу незадоволни“, а дополнителни 30 проценти се „прилично незадоволни“ од постапките …

Германија анкета: Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со Ковид-19 Read More »

Американските компании можат да побараат од вработените да бидат вакцинирани против Ковид-19


Американските компании можат да побараат од вработените  да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти Комисијата за еднакви можности за вработување (EEOC). EEOC, во соопштението објавено на својата веб-страница ги објаснува своите упатства – од вработените може да се бара да се вакцинираат се додека работодавците ги почитуваат разумните законски одредби. Покрај тоа, работодавачите можат да понудат …

Американските компании можат да побараат од вработените да бидат вакцинирани против Ковид-19 Read More »

Виетнам соопшти за нов сој на коронавирусот


Виетнам– Нов сој на коронавирусот – мешавина од индискиот и британскиот – е откриена во Виетнам, изјави виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг. – Новата мутација се шири побрзо преку воздухот. Особено, тоа е де факто како индиска верзија, но со мутации што првично беа својствени за британската верзија, рече министерот. Ова беше откриено …

Виетнам соопшти за нов сој на коронавирусот Read More »

Германија: Секоја четврта продавница е пред затворање


Продавниците што не продаваат стоки за основни потреби беа затворени пред повеќе од половина година. Сега, кога новите инфекции значително опаднаа, продавниците постепено ги отвораат вратите. Кризата особено силно ги погоди малите приватни продавници. Како и сите други, тие имаат право на државна парична помош. Оние чиј обрт падна за најмалку 30 отсто од ноември …

Германија: Секоја четврта продавница е пред затворање Read More »

Папата испраќа инспектори во Келн по обвинувања за црковен сексуален скандал


Ватикан–   Папата Фрациск нареди инспекција на Католичката црква во Келн по скандал предизвикан од критиките за односот на црквата кон сексуален напад од свештеници во западниот германски град, јави ДПА. Папата има намера следниот месец да испрати за проверки во најголемата германска епархија за да ги испита „можните грешки“ на келнскиот кардинал Рајнер Марија Волки во …

Папата испраќа инспектори во Келн по обвинувања за црковен сексуален скандал Read More »

Републиканците го блокираа формирањето комисија за нападот на Капитол


Републиканците во Сенатот во петокот го блокираа формирањето на двопартиски панел за проучување на нападот на Капитол на 6 јануари во знак на лојалност на партијата кон поранешниот претседател Доналд Трамп, со цел да се пренасочи политичкиот фокус од насилното востание од неговите приврзаници во Републиканската партија. Наместо тоа, сега е веројатно дека прашањата за …

Републиканците го блокираа формирањето комисија за нападот на Капитол Read More »

Москва подготвена за нормализација со ЕУ


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена за нормализација на односите со Европската унија, но врз основа на принципот на рамноправност. „Уште еднаш сакам да ја потврдиме подготвеноста за нормализација на односите со ЕУ, но само во случај на сите да им биде јасно дека разговорот ќе го водиме врз …

Москва подготвена за нормализација со ЕУ Read More »

Германија призна дека направила геноцид во Намибија


Берлин се согласи на на Намибија да ѝ исплати 1,1 милијарди евра за злоделата што ги направи врз луѓето од племињата Хереро и Нама од 1904 до 1908 година   Германија за прв пат ги призна злосторствата во колонијалната ера против народот Хереро и Нама во денешна Намибија како геноцид и се согласи да плати …

Германија призна дека направила геноцид во Намибија Read More »

Германија за десетина дена почнува да ги вакцинира децата и тинејџерите


Германија во јуни ќе почне да ги вакцинира децата постари од 12 години, против Ковид-19, соопшти канцеларката Ангела Меркел, за што во таа земја деновиве многу се расправаше. Младите ќе можат да закажат вакцинација од 7 јуни, кога се завршува програмата според која пострите лица имаат приоритет, како и хроничните болни и наизложените според професијата, …

Германија за десетина дена почнува да ги вакцинира децата и тинејџерите Read More »

Лукашенко го чека голем список на санкции


Доколку режимот во Белорусија веднаш не ослободи 400 политички затвореници со санкции ќе биде погоден клучниот сектор на калиум и фосфат, а државата не ќе може да издава обврзници во Европа   Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко дека санкциите воведени по киднапирањето на авионот на „Рајанер“ се …

Лукашенко го чека голем список на санкции Read More »

Најстариот израелски весник објави фото од убиените палестински деца


На насловната страница на дневниот весник „Харец“, најстар во Израел, беа објавени фотографии од 67 палестински деца и тинејџери кои ги загубија своите животи во неодамнешните конфликти во Газа. „Ова е цената на војната“, се вели на насловната страница, заедно со фото од жртвите. Борците за човекови права му аплаудираа на весникот за овој гест.  …

Најстариот израелски весник објави фото од убиените палестински деца Read More »

Масовни пребези од партијата на Берлускони во друга десничарска формација


Досега 12 парламентарци ја напуштија Форца Италија да ѝ се приклучат на партијата на градоначалникот на Венеција   Партијата на Силвио Берлускони, Форца Италија, е потресена од големите пребези кон новата политичка сила на десниот центар. Новата групација, Кораџо Италија – лансирана од независниот градоначалник на Венеција, Луиџи Бруњаро и десноцентристичкиот гувернер на Лигурија, Џовани …

Масовни пребези од партијата на Берлускони во друга десничарска формација Read More »

„Мајкрософт“ соопшти за нови хакерски напади од „Нобелиум“


САД –  Хакерската група што стои зад нападот врз американската софтверска компанија SolarWinds, извршен лани, сега се насочила кон владини агенции, аналитички центри и невладини организации. Информацијата ја објави компанијата „Мајкрософт“. „Оваа недела забележавме кибер напади од страна на Нобелиум насочени кон владини агенции, аналитички центри, консултанти и невладини организации“, објави Мајкрософт во блогот https://bit.ly/2SzLGmO. Нобелиум, …

„Мајкрософт“ соопшти за нови хакерски напади од „Нобелиум“ Read More »

Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио


Јапонија – Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио и други области за околу три недели – до 20 јуни. Тоа го потврди министерот за економија, бидејќи пандемијата со Ковид-19 не покажа знаци на намалување на помалку од два месеци пред отворањето на Летните олимписки игри. Вонредната состојба во главниот град и …

Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио Read More »

И Калифорнија нуди награди за вакцинираните – фондот е 116,5 милиони долари


САД – Калифорнија ќе понуди награди во вкупна вредност од 116,5 милиони американски долари во готовина и подарок-картички за граѓаните кои ќе се вакцинираат до 15 јуни. Одлуката на гувернерот Гавин Њузом е насочена кон поттикнување на вакцинацијата се додека државата не се отвори целосно на 15 јуни. Десет граѓани на Калифорнија кои ќе се …

И Калифорнија нуди награди за вакцинираните – фондот е 116,5 милиони долари Read More »

УНИЦЕФ ќе купи 220 милиони дози од „Спутник V“


Русија – Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) ќе купи 220 милиони дози од руската вакцина Спутник V, соопшти рускиот фонд за директни инвестиции, што се занимава со пласман на вакцината на пазарот, јави ДПА. Потпишан е договор што ќе овозможи да се вакцинираат 110 милиони луѓе против ковид-19, соопшти Фондот. Испораките ќе бидат извршени …

УНИЦЕФ ќе купи 220 милиони дози од „Спутник V“ Read More »

(Видео) Хистерија во Австралија – луѓето бегаат од нов локдаун


Седум милиони жители на австралиската држава Викторија влегуваат во нов, четврт локдаун од четврток вечер откако вирусот почна повторно да се шири. Бројот на заразени преку ноќ двојно се зголеми. Главни виновници за ширење на заразата се сметаат спората вакцинација и ширењето на вирусот од хотелските карантини, пишува Ројтерс. Премиерот на Викотрија Џејмс Марлино рече …

(Видео) Хистерија во Австралија – луѓето бегаат од нов локдаун Read More »

„Дејли мејл“: Бајден ќе го претстави најголемиот воен буџет по Втората светска војна


Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе го претстави новиот огромен воен буџет, што ќе вклучува шест трилиони долари за воени трошоци за следната фискална година, сума што ќе ги донесе федералните трошоци на нивоа што не се забележени од Втората светска војна, наведува весникот „Дејли мејл“. Со овој буџет, САД ќе продолжат и натаму да имаат …

„Дејли мејл“: Бајден ќе го претстави најголемиот воен буџет по Втората светска војна Read More »

Сасоли: Сега е моментот длабоко да размислиме како да ја зголемиме нашата безбедност


Фондот за закрепнување, функционирањето на ЕУ, демократиите во земјите членки, беа дел од темите за кои претседателот на Европарламентот, Давид Сасоли разговараше на средбите со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Сасоли заедно со претседателот на Европскиот совет, вечерва во Атина ќе присуствуваат на манифестацијата по …

Сасоли: Сега е моментот длабоко да размислиме како да ја зголемиме нашата безбедност Read More »