Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом кај Тунис


Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом крај брегот на Тунис, додека се обидувале да го поминат Средоземното море на патот од Либија кон Италија, а 70 се спасени, соопшти туниската хуманитарна организација Црвена полумесечина. Повеќе од 120 мигранти загинаа во последните неколку недели во слични инциденти во близина на Тунис, бидејќи со подобрувањето …

Најмалку 23 африкански мигранти се удавија во бродолом кај Тунис Read More »

Русија уапси истакнат опозиционер, наводно не платил кирија две години


Дмитриј Гудков, истакнат опозициски политичар и поранешен парламентарец, беше уапсен од руските службеници за спроведување на законот во вторникот, објави новинската агенција Тасс, дел од пошироката акција против критичарите на Кремlin. Додека беше пратеник во долниот дом на парламентот, Гудков беше исклучен од партијата Единствена Русија во 2013 година за помагање во организирање протести против …

Русија уапси истакнат опозиционер, наводно не платил кирија две години Read More »

Белоруски активист се прободе во вратот во суд


  Белоруски  активист се прободе во вратот додека бил на суд, јавува „Би-би-си. Снимка од убодот се шири на социјалните медиуми, а трае неколку секунди, но се слуша врескање на луѓето и се гледа како Степан Латипов лежи на подот додека судските полицајци се обидуваат да му пристапат. Засега не се знае со што белорускиот …

Белоруски активист се прободе во вратот во суд Read More »

Во Туркменистан властите тврдат дека никој во државата не се заразил со Ковид-19


Во Туркменистан не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот од почетокот на пандемијата, изјави денеска претседателот на таа централноазиска држава во ретко интервју за странски медиуми. „Благодарение на работата што ја завршивме“, Туркменистан нема случај на таа болест, изјави Гурбангули Бердимухамедов во интервју за меѓународниот ТВ канал Мир со седиште во Москва. …

Во Туркменистан властите тврдат дека никој во државата не се заразил со Ковид-19 Read More »

Османи: Наскоро ќе го затвориме прашањето за издавањето патни исправи во странство


Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 …

Османи: Наскоро ќе го затвориме прашањето за издавањето патни исправи во странство Read More »

СЗО ја одобри и кинеската вакцина „Синовак“ за итна употреба


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина „Синовак“ денеска за итна употреба. Ова е сигнал до националните регулатори дека и оваа втора кинеска вакцина е безбедна за употреба. Исто така, овој потег дава можност оваа вакцина да биде вклучена во програмата Ковакс, за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји. На почетокот на овој …

СЗО ја одобри и кинеската вакцина „Синовак“ за итна употреба Read More »

Во седум земји-членки на ЕУ воведен дигитален ковид пасош


Белгија– Седум земји-членки на Европска Унија од денеска воведуваат систем на сертификат за Ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули. Како што соопшти Европска комисија од денеска ковид пасош воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето. Сертификатите ќе бидат достапни …

Во седум земји-членки на ЕУ воведен дигитален ковид пасош Read More »

ЕЦДЦ: Децата од 12 години да се вакцинираат против Ковид-19 само ако се во ризична група


Земјите-членки на Европска Унија пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите против Ковид-19 треба да го земат во предвид глобалниот недостиг на вакцини, соопшти денеска Европскиот центар за преевенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ апелира да се одложи вакцинирањето на младите во богатите држави и оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде приоритет само …

ЕЦДЦ: Децата од 12 години да се вакцинираат против Ковид-19 само ако се во ризична група Read More »

„Модерна“ бара целосно одобрување за својата вакцина во САД


Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денеска соопшти дека поднела барање до властите во САД за добивање целосно одобрение за користење на својата вакцина против Ковид-19. Моментно вакцината на Модерна е одобрена само за итна употреба. Таквиот развој на ситуацијата доаѓа неколку недели откако конкурентските компании „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“ побараа целосно одобрување за својата …

„Модерна“ бара целосно одобрување за својата вакцина во САД Read More »

Италија во шок: предвреме ослободен убиецот на Џовани Фалконе


Џовани Бруска излезе од затвор по отслужени 25 години. Тој стана еден од главните информатори на обвинителството во откривањето на мафијашката мрежа   РИМ – Сицилијанскиот мафијаш Џовани Бруска, човекот кој ја активираше бомбата во која беше убиен судијата Џовани Фалконе во 1992 година, е ослободен од затвор откако издржа 25-годишна казна, предизвикувајќи тага и …

Италија во шок: предвреме ослободен убиецот на Џовани Фалконе Read More »

Во Сирија за една деценија војна речиси половина милион жртви


Во Сирија за време на една деценија војна имаше речиси половина милион жртви, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР). Сириската невладина организација ги објави новите податоци откако ја потврди смртта на 100.000 луѓе. „Огромното мнозинство на потврдени смртни случаи се однесува на периодот од крајот на 2012 година до крајот на 2015 година“, …

Во Сирија за една деценија војна речиси половина милион жртви Read More »

Нов Зеланд потписник на вселенскиот договор со НАСА


Нов Зеланд – Нов Зеланд стана потписник на планот за вселенска соработка што ги поддржува плановите на американската вселенска агенција за враќање на луѓето на Месечината до 2024 година. Оваа држава денеска објави дека потпишала договор за вселенска соработка со НАСА, во време кога вселенската индустрија на Нов Зеланд почнува да добива на интензитет. Нов Зеланд стана …

Нов Зеланд потписник на вселенскиот договор со НАСА Read More »

Кои се знаците на долг Ковид?


Англија– Студиите покажаа дека секоја десетта личност со Ковид-19 развива симптоми на долга манифестација на болеста, но формалните насоки за дијагностика за потврдување на долг Ковид не се уште подготвени. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и некои други здравствени установи работат на тоа, но сè додека не се изготват упатствата, секој што …

Кои се знаците на долг Ковид? Read More »

Од денеска почнува со работа првото ЕУ обвинителство


По години преговори меѓу земјите и институциите на Европската Унија, од денеска за првпат станува оперативно првото обвинителство на ниво на ЕУ со задача да истражува и гони криминал поврзан со злоупотреба на буџетот и фондовите на Унијата, јави дописничката на МИА од Брисел. Главна обвинителка е Романката Лаура Ковеси, која изутринава од Луксембург, каде …

Од денеска почнува со работа првото ЕУ обвинителство Read More »

Трудо се заложи за „конкретна акција“ по откривањето масовна гробница со домородни ученици


Канадскиот премиер Џастин Трудо ја изрази тагата на земјата откако беа откриени остатоци од 215 домородни деца во стар интернат за присилна асимилација и воедно вети „конкретна акција“ за поддршка на домородните заедници. – Како татко, не можам да замислам како би се чувствувал моите деца да ми бидат одземени, рече Трудо на прес-конференција. – …

Трудо се заложи за „конкретна акција“ по откривањето масовна гробница со домородни ученици Read More »

Инцидент во клуб во Хјустон, двајца загинати


 Напаѓач пукал во полн ноќен клуб во Хјустон во понеделникот рано наутро, пред да биде убиен од заменик-шерифот кој не бил на должност. Тој работел како чувар во клубот. – Напаѓачот започнал да пука во клубот „Кле“ во понеделникот во 01.21 часот, по што бил застрелан од заменик-шерифот на округот Харис, изјави началникот на полицијата …

Инцидент во клуб во Хјустон, двајца загинати Read More »

Финската премиерка под оган поради трошоците за појадок


Сана Марин трошела по 845 евра месечно за појадок и ладни оброци во нејзината официјална резиденција   Финската премиерка Сана Марин во понеделникот се соочи со ново истражување во врска со спорниот додаток за кој таатврди дека ги покрива трошоците за појадок во нејзината официјална резиденција, откако проценките за вредноста на додатокот беа ревидирани нагло …

Финската премиерка под оган поради трошоците за појадок Read More »

Макрон се вакцинираше против корона вирус


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска објави дека се вакцинирал против корона вирус.   Макрон ја објави веста на својот профил на Твитер, но не наведе за која вакцина станува збор.   Во декември минатата година тој беше заразен од вирусот со благи симптоми.   За време на пандемијата Макрон постојано ја истакнуваше важноста на вакцинацијата. …

Макрон се вакцинираше против корона вирус Read More »

Почна европската Зелена недела: Загадувањето и активното вклучување на граѓаните се двете главни теми


Европската зелена недела – најголемиот годишен настан во областа на зелените политики – почна синоќа, а главните теми се нула загадување и активно учество на граѓаните во дискусии и проекти за заштита на животната средина и одржливост. Централната тема на овогодинешната Зелена недела, што се одржува виртуелно од 31 мај до 4 јуни, е постигнување …

Почна европската Зелена недела: Загадувањето и активното вклучување на граѓаните се двете главни теми Read More »

Британскиот сој ќе се вика Алфа, индискиот Делта – СЗО ги именува мутациите на коронаворусот со букви од грчката азбука


СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот, пишува Би-Би-Си. Британскиот, индискиот и останатите соеви отсега ќе бидат именувани според буквите од грчката азбука. Така британскиот вид, на пример, е наречен Алфа, додека јужноафриканскиот стана Бета. Индискиот сега е Делта. СЗО објаснува дека ова ќе го поедностави именувањето на новите соеви, но, исто така, сака …

Британскиот сој ќе се вика Алфа, индискиот Делта – СЗО ги именува мутациите на коронаворусот со букви од грчката азбука Read More »