Во САД донесена првата пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари


Прва пресуда беше донесена во САД во случајот со немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми. Ана Морган Лојд, учесник во јануарските немири во Вашингтон, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Лојд (49), жител на Индијана, е првата осудена во случајот со упадот на Капитол од приврзаници …

Во САД донесена првата пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари Read More »

Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов


Основачот на софтверската компанија Џон Мекафи е пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Барселона, откако шпански суд одобри негова екстрадиција во САД. Според каталонското Министерство за правда, тој очигледно извршил самоубиство. Еден од креаторите на антивирусен софтвер во САД беше обвинет за затајување данок. Мекафи, (75), беше уапсен на аеродромот во Барселона во октомври …

Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов Read More »

Гутереш бара помошта за Сирија да се продолжи за уште една година


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара од Советот за безбедност на ОН да ја продолжи операцијата за прекугранична испорака на хуманитарна помош во Сирија за уште една година. Toj предупреди дека ако тоа да не се стори би било погубно за милиони луѓе. Операцијата за доставување помош на Сирија истекува на 10 јули, а …

Гутереш бара помошта за Сирија да се продолжи за уште една година Read More »

Постигнат отштетен договор за бродот што го блокираше Суецкиот канал


Сопствениците и агенциите во кои е осигуран гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“, што речиси една недела во март го блокираше Суецкиот канал, постигнале принципиелен договор за решавање на спорот со Управата на каналот околу отштетата за блокадата, изјавија претставници на двете страни, без да го наведат решението на спорот. Централното прашање на спорот е висината …

Постигнат отштетен договор за бродот што го блокираше Суецкиот канал Read More »

Агенција на ЕУ: „Делта сојот“ на Ковид-19 ќе биде доминантен до крајот на август


Шведска– „Делта варијантата“ на коронавирусот, која е особено заразна, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.   – Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено …

Агенција на ЕУ: „Делта сојот“ на Ковид-19 ќе биде доминантен до крајот на август Read More »

Во светот досега од коронавирус починале 3,88 милиони луѓе, САД најпогодена земја


Франција– Досега три милиони и 884.538 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека 179 милиони и 71.540 се инфицирани, го објавија денеска западните медиуми новиот биланс на смртни и заразени случаи.   Бројот на официјално заразени лица не го одразува реалниот број на инфицирани, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно …

Во светот досега од коронавирус починале 3,88 милиони луѓе, САД најпогодена земја Read More »

Меркел бара и другите земји да воведат карантин за Британија поради делта сојот


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара и другите европски земји да бараат карантин за патници од земји со високо ниво на делта сојот на коронавирус, како што е Велика Британија. – Во нашата држава, ако доаѓате од Велика Британија, мора да одите во карантин – и тоа не е случај во секоја европска земја, …

Меркел бара и другите земји да воведат карантин за Британија поради делта сојот Read More »

Вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ ефикасни против делта варијантата на коронавирусот


Англија– Вакцините против Ковид-19, развиени од „Фајзер“/ „БиоНТек“ и „АстраЗенека“, генерално се ефикасни против делта и капа варијантите на коронавирусот, што  за првпат беа идентификувани во Индија, покажа најновото научно истражување на Универзитетот Оксфорд, објавено во списанието „Цел“. Истражувањето било направено со цел да ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги …

Вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ ефикасни против делта варијантата на коронавирусот Read More »

(Видео) Русите пукаа кон британски разурнувач во Црно Море – Лондон демантира


Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска испукаа предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница. Претходно, британскиот разурнувач добил предупредување дека ќе биде употребено оружје врз него доколку ги наруши границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не одговори на …

(Видео) Русите пукаа кон британски разурнувач во Црно Море – Лондон демантира Read More »

ФТ: САД и Кина преговараат за можна средба на Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи


САД и Кина преговараат за можна средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи на министерскиот состанок на Г20 во Италија следната недела, објави „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на извори блиски до разговорите. Според весникот, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги известила колегите во Пекинг дека би …

ФТ: САД и Кина преговараат за можна средба на Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи Read More »

Една година затвор за патник што покажал лажен ковид тест во Белгија


Патник кој бил откриен на аеродромот во Брисел со фалсификуван PCR-тест е осуден од судот во Брисел на една година затвор, пишува Де Стандард. Тоа е прва ваква казна откако белгиските власти објавија во април дека ќе ги гонат ваквите злосторства. Помеѓу 19 април и 11 јуни, 576 лица се фатени со фалсификуван PCR-тест на …

Една година затвор за патник што покажал лажен ковид тест во Белгија Read More »

Алармантен извештај за климатските промени: Влијанијата ќе не погодат порано од стравувањата


Климатските промени фундаментално ќе го преобликуваат животот на Земјата во следните децении, дури и ако луѓето можат да ги скротат емисиите на штетни гасови што затоплуваат, се вели во историскиот нацрт-извештај на советниците за климатски науки на ОН, во кој имаше увид АФП. Исчезнување на видовите, широко распространета болест, жештини поради кои нема да може …

Алармантен извештај за климатските промени: Влијанијата ќе не погодат порано од стравувањата Read More »

Фаучи: Делта сојот најголема закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19


Делта варијантата на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи. – Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта, нагласи Фаучи, додавајќи дека тој вид станува глобално доминантна верзија …

Фаучи: Делта сојот најголема закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19 Read More »

САД запленија 36 ирански домени кои ширеле дезинформации


Американските власти соопштија дека заплениле 36 домени на веб-страници за вести поврзани со иранската влада кои ширеле дезинформации како дел од пропагандна кампања. Според американското Министерство за правда била преземена акција против 33 веб-страници што ги користи иранската Радио и Телевизиска унија и други три управувани од милицијата Катаиб Хезболах, поддржана од Иран. Акцијата се …

САД запленија 36 ирански домени кои ширеле дезинформации Read More »

Виена планира вакцина-парти за младите


Со музика празнична атмосфера Градските власти во Виена сакаат да ги охрабрат младите да се вакцинираат против Ковид-19, јави ДПА. – Една или повеќе забави за вакцинација ќе бидат организирани во главниот град на Австрија на почетокот на јули, изјави портпаролот на градската влада. Од вчера и децата и тинејџерите на возраст од 12 до …

Виена планира вакцина-парти за младите Read More »

Њујорк тајмс: Саудиски оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД


Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на Вашингтон пост во 2018 година, Џамал Хашоги, поминале паравоена обука во САД според договор одобрен од Стејт департментот, објави Њујорк тајмс. Обуката се одржала од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Група Тиер 1, што е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, со одбранбена …

Њујорк тајмс: Саудиски оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД Read More »

Земјотрес од 6 по Рихтер погоди реон околу главниот град на Перу


Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди главниот град на Перу и други делови на перуанскиот брег. Епицентарот бил на сто километри од Лима. Многу жители на главниот град ги напуштија своите домови исплашени поради земјотресот регистриран во 21.54 часот по локално време. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Засега …

Земјотрес од 6 по Рихтер погоди реон околу главниот град на Перу Read More »

Алармантно предупредување на научниците за климата: Најлошото допрва доаѓа


Недостиг на вода, егзодус, потхранетост, изумирање на видовите… Животот на Земјата каков што го познаваме неизбежно ќе се преобрази со климатските промени кога децата родени во 2021 година ќе имаат 30 години или дури и порано, предупредува извештајот на Обединетите нации до кој дојде АФП. Извештајот осцилира меѓу апокалиптичен тон и надеж Нацрт-извештајот кој го …

Алармантно предупредување на научниците за климата: Најлошото допрва доаѓа Read More »

Меркел се вакцинира со „Модерна“ по првата доза од „Астразенека“


Германската канцеларка, Ангела Меркел, примила втора доза од вакцината на „Модерна“, по првата доза од „Астразенека“, соопшти нејзиниот кабинет. „Да, потврдуваме дека германската канцеларка неодамна ја доби втората доза на вакцина од американската компанија ‘Модерна’, откако прими прва доза од шведско-британската ‘Астразенека’ на 16 април“, соопштил портпаролот на канцеларката. 66-годишната Меркел ја прими вакцината на …

Меркел се вакцинира со „Модерна“ по првата доза од „Астразенека“ Read More »

Владата на Шпанија го одобри помилувањето на девет каталонски сепаратисти


Шпанската Влада денеска соопшти дека го одобрила помилувањето на деветтемина каталонски сепаратисти осудени на затворски казни како гест на помирување по обидот за сецесија на Каталонија во 2017 година. Дванаесет сепаратистички каталонски лидери беа осудени за бунт и други дела против уставниот поредок, од кои деветмина добија повеќегодишни затворски казни за организирање на забранет референдум …

Владата на Шпанија го одобри помилувањето на девет каталонски сепаратисти Read More »