Алармантно предупредување на научниците за климата: Најлошото допрва доаѓа


Недостиг на вода, егзодус, потхранетост, изумирање на видовите… Животот на Земјата каков што го познаваме неизбежно ќе се преобрази со климатските промени кога децата родени во 2021 година ќе имаат 30 години или дури и порано, предупредува извештајот на Обединетите нации до кој дојде АФП.

Извештајот осцилира меѓу апокалиптичен тон и надеж

Нацрт-извештајот кој го напишаа стотина научници при Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC), меродавни на тоа подрачје, осцилира од апокалиптичен тон и надеж која се пружа на луѓето да ја променат својата судбина со моментални и драстични мерки.

Сеопфатнниот извештај за проценка на 4.000 страници многу е поалармантен од претходниот во 2014 година. Иако неговите главни заклучоци нема да се променат, официјално ќе бидат објавени дури во февруари 2022 година, откако со консензус ќе го одобрат 195 земји членки.

Разорни последици од загревањето ќе станат болно опипливи и пред 2050 година

Без оглед на стапката на намалување на емисиите на стакленички гасови, разорните последици од загревањето на природата и човештвото кое зависи од тоа ќе забрзаат и ќе станат болно опипливи и пред 2050 година.

„Животот на Земјата може да се опорави од големи климатски промени со еволуција на новите видови и стварање на нови екосистеми“, напоменува техничкиот дел на извештајот на 137 страници.

Меѓу најважните заклучоци е спуштањето на прегот преку кој загревањето може да се смета за прифатливо. Со потпишувањето на Парискиот договор во 2015 година, светот се обврза да го ограничи глобалното затоплување значително под 2 степени Целзиусови, а настојува да се ограничи до 1,5 степени пораст на температурата.

„Најлошото допрва доаѓа“
Од сега, IPCC проценува дека надминувањето на + 1,5°C може постепено да доведе до сериозни последици, а понекогаш и неповратно.

„Најлошото допрва доаѓа, со многу повеќе импликации на животот на нашите деца и нашите внуци отколку на нашиот“, тврди IPCC.

Климата веќе се промени. Иако порастот на просечните температури од средината на 19 век достигна 1.1°C, последиците се сериозни и ќе бидат посилни, дури и иако се намалат емисиите на CO2.

„Во сите системи за производство на храна има нагли губитоци“

За некои животни и билни видови можеби веќе е прекасно. „Дури и на + 1.5 °C, животните услови ќе се променат надвор од можностите на прилагодување на одредени организми“, се подвлекува во Извештајот.

Земјоделството, одгледувањето, рибарството…„Во сите состави на производство на храна се зголемуваат наглите губитоци’, стои во извештајот, укажувајќи на климатските опасности како „главен двигател“.

Но, човештвото во оваа фаза не е вооружено за да се соочи со извесно влошување на ситуацијата.

„Моменталните нивоа на прилагодување ќе бидат недоволни за да одговорат на идните климатски разлики“, предупредува IPCC.

Глад, поплави, миграции…

Дуури и со ограничениот пораст на 2°C, 80 милиони луѓе ќе бидат гладни до 2050 година, 130 милиони може да паднат во крајна сиромаштија во рок од десет години, а стотици милиони жители на крајбрежните градови ќе бидат загрозени со чести поплави предизвикани од порастот на нивото на морињата, што за возврат ќе доведе до значајни миграции.

На пораст од 15°C, во градовите доиполнителни 350 милиони жители ќе бидат изложени на недостиг од вода, а 400 милиони на + 2°C.

Во тестот се нагласува и опасноста од каскадните последици. Некои региони (Источен Бразил, Југоисточна Азија, Средна Кина) може да бидат погодени од три-четири временски непогоди истовремено или: жештина, суша, циклони, поплави, болести кои ги пренесуваат комарците…

Мора да се земе предвид и другите учиноци предизвикани од човечките активности штетни за планетата: уништување на живеалиштата, прекумерно искористување на ресурсите, загадување, ширење болести…

Затоа Ивештајот инсистира дека секој дел од степенот е важен.

„Потребна е радикална трансформација“

Покрај своите алармантни заклучоци, Извештајот пружа и надеж. Човештвото сѐ уште може да се насочи кон својата подобра иднина.

„Потребна нѝ е радикална трансформација на процесот и однесувањето на сите нивоа: поединци, заедница, комапнии, институции и влада“, се тврди во Извештајот.

„Мора да го редефинираме својот начин на живот и потрошувачка“.