Во Осло забранети се електрични тротинети навечер


Жителите на Осло, главниот град на Норвешка, повеќе нема да можат ноќе, од 23 до 5 часот наутро, да изнајмат електрични тротинети, поради високиот процент повреди поврзани со тоа превозно средство. Според одлуката на градското собрани, мерката стапува на сила на почетокот на септември, пренесе норвешката агенција НТБ. Осло има најмногу електрични тротинети по глава …

Во Осло забранети се електрични тротинети навечер Read More »

Европски суд за човекови права: Русија да ги признае истополовите бракови


 Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се повикува Русија да ги признае истополовите заедници. Кремљ реагираше веднаш, наведувајќи дека истополовите бракови во Русија „не се дозволени“, согласно уставните измени усвоени минатата година. Судот пресуди во тужбата покрената од три руски истополови двојки откако руските власти не им дозволија да се венчаат. Судот …

Европски суд за човекови права: Русија да ги признае истополовите бракови Read More »

СЗО: Околу три милиони нови случаи на коронавирус за една недела


Минатата недела ширум светот беа пријавени околу три милиони случаи на инфекција со коронавирус и над 55.000 смртни случаи што е зголемување за 10 проценти во бројот на заразени, и три проценти во бројот на починати во однос на претходните седум дена, соопшти СЗО. Претходно, смртноста се намалуваше повеќе од два месеци. Од 5 до 11 јули …

СЗО: Околу три милиони нови случаи на коронавирус за една недела Read More »

Во Сиднеј продолжен локдаунот за уште најмалку 14 дена


Франција– Австралиските власти го продолжија заклучувањето во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, најави дека ограничувањата ќе останат во сила најмалку до 30 јули, наведувајќи дека во изминатите …

Во Сиднеј продолжен локдаунот за уште најмалку 14 дена Read More »

САД спречија киднапирање на новинарка во Њујорк


САД– Четворица Иранци се обвинети за заговор за киднапирање на новинарка во Њујорк, соопшти Министерството за правда на САД. Новинарката и активистка, Масих Алинеџад, која има иранско потекло и е отворен критичар на владата во Техеран, потврди на Твитер дека била цел на наводен заговор. Алинеџад исто така го основа движењето Моја скриена слобода (My Stealthy Freedom), …

САД спречија киднапирање на новинарка во Њујорк Read More »

Италија им забрани на крузерите да пловат низ Венеција


Италијанската Влада им забрани денеска на крузерите да пловат низ Венеција, изјави министерот за култура Дарио Франческини, додавајќи дека ова е „историски ден“. Министерот потврди дека од следниот месец бродовите ќе бидат пренасочени кон блиското индустриско пристаниште Маргера. – Нема да помине многу време кога овој ден ќе се нарече историски, бидејќи по долго чекање …

Италија им забрани на крузерите да пловат низ Венеција Read More »

Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Авганистан


 Франција ги повика своите државјани да го напуштат Авганистан поради „развојот на безбедносната состојба во таа земја“, соопшти денеска Амбасадата во Кабул. – Француската Влада ќе организира специјален лет утрото на 17 јули, со поаѓање од Кабул, така што целата француска заедница ќе може да се врати во Франција, соопштија од амбасадата, додавајќи дека тоа …

Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Авганистан Read More »

Коронавирус во светот: Зголемување на бројот на смртни случаи и инфекции


Високата стапка на смртност од последиците на Ковид-19 потврдија Велика Британија и Русија. Здравствените експерти предупредуваат дека луѓето не треба да се опуштат, иако коронавирусот се чини дека е потиснат, а нивните стравови се поткрепени со зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи во неколку земји во светот. Велика Британија денеска соопшти дека …

Коронавирус во светот: Зголемување на бројот на смртни случаи и инфекции Read More »

ЕМА ја анализира врската меѓу вакцините на Џонсон и Џонсон и нервните нарушувања


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ги анализира податоците за ретки случаи на нарушувања на нервниот систем пријавени меѓу примателите на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19, откако САД издадоа предупредување за несакани ефекти на оваа вакцина. – Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализира податоците кои ги достави компанијата Џонсон и …

ЕМА ја анализира врската меѓу вакцините на Џонсон и Џонсон и нервните нарушувања Read More »

„Модерна“ го префрла профитот од вакцините во даночни раеви


Производителот на вакцини „Модерна“ поставува продавница во Швајцарија и американската држава Делавер за да избегне плаќање високи даноци за продажба на вакцини, тврди една холандска непрофитна организација. Во извештајот објавен во вторникот, Истражувањето за мултинационални корпорации (СОМО) цитираше протечен договор помеѓу компанијата и Европската комисија, што „укажува на тоа дека профитот на вакцините на компанијата …

„Модерна“ го префрла профитот од вакцините во даночни раеви Read More »

Расте бројот загинати во ковид-болницата во Ирак, сега има 66 жртви


  Бројот на загинати во пожарот кој избувна во ковид-центарот на југот на Ирак порасна на 66, соопштија здравствените власти, додека голема група луѓе се собраа пред градската мртовечница чекајќи ги телата на членовите на своите семејства. Повеќе од 100 луѓе се повредени во пожарот предизвикан од експлозија на боца за кислород во ковид-одделот, во …

Расте бројот загинати во ковид-болницата во Ирак, сега има 66 жртви Read More »

(Видео) Хаос во Цирих – бура го опустоши градот


  Швајцарија е погодена од обилни дождови, кои денеска предизвикаа поплави и сообраќаен хаос во Цирих. Во текот на ноќта паднаа повеќе од 4 см дожд, потврди државното радио и ТВ СРФ, пренесе Ројтерс. Досегашниот национален рекорд датира од август 2018 година коха за 10 минути паднаа 4,11 см дожд. Делови од автобуската и трамвајската …

(Видео) Хаос во Цирих – бура го опустоши градот Read More »

Меркел пресече – нема задолжителна вакцинација


Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против корона вирус, рече денеска канцеларката Ангела Меркел. Меркел додаде дека посигурно би било да се вакцинираат повеќе Германци, да се придржуваат до мерките за дистанцирање и со повеќе тестирања да се помогне во спречувањето на четврт бран од корона вирусот, пренесе Ројтерс. „Немаме намера да одиме по тој …

Меркел пресече – нема задолжителна вакцинација Read More »

Полската влада го блокира доаѓањето на новиот амбасадор на САД, синот на Збигњев Бжежински


Владата на полскиот премиер Матеуш Моравјецки го блокира доаѓањето на новиот американски амбасадор во Полска, објави полскиот медиум „Онет“. Според информациите на порталот, Полјаците сакаат да го понижат дипломатот со тоа што ќе му наложат да се откаже од полското државјанство. „Оваа состојба ги зачуди американските власти“. Половина година нема американски амбасадор во Полска. Откако …

Полската влада го блокира доаѓањето на новиот амбасадор на САД, синот на Збигњев Бжежински Read More »

Русија постави нов дневен рекорд на жртви од ковид – 780


Русија забележа 780 смртни случаи поврзани со корона вирусот, што е најмногу потврдени за еден ден од почетокот на пандемијата, како и 24.702 нови случаи на национално ниво. Русија е во фаза на наплив на случаи за кои властите ја обвинија заразната варијанта Делта и бавната стапка на вакцинација. Москва, каде градоначалникот рече дека ситуацијата …

Русија постави нов дневен рекорд на жртви од ковид – 780 Read More »

УНИЦЕФ и УНЕСКО: Повторното отворање на училиштата не смее да чека


Повторното отворање на училиштата не смее да чека. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште. Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени, велат во заедничка изјава  извршниот …

УНИЦЕФ и УНЕСКО: Повторното отворање на училиштата не смее да чека Read More »

Кога Англија губи, семејното насилство расте


Добротворната организација против семејно насилство „Помош за жените“ и други прибежишта се обратија до сите оние кои претрпеа насилство во својот дом, по поразот на англиската национална фудбалска репрезентација. Според наводите, бројот пријавени случаи на домашна злоупотреба се зголемува по фудбалските натпревари. Истражување од Универзитетот на Ланкастер посочува дека насилството најмногу се зголемува кога Англија …

Кога Англија губи, семејното насилство расте Read More »

Јоханесбург: Војска на улиците, сѐ повеќе мртви, во болниците хаос


  Војската на Јужноафриканската република е разместена по улиците во две провинции поради протести, грабежи и нереди откако пораншениот претседател на земјата замина во затвор. Според најновите информации има уште мртви. Претседателот на Јужна Африка Силил Рамафаза изјави дека и следните денови може да бидат хаос, што би довело до немање храна и лекови во …

Јоханесбург: Војска на улиците, сѐ повеќе мртви, во болниците хаос Read More »

Нагло порасна бројот на болнички пациенти со Ковид-19 во Португалија


  Бројот на ковид-пациенти во болниците во Португалија драматично порасна и сега повеќе од 700 лица заразени со корона вирусот се на болничка нега, најмногу од март. Од понеделникот во болница се 729 пациенти со Ковид-19, објавија здравствените власти. Бројот нови зарази во Португалија е во пораст со недели. Во изминатите 24 часа забележани се …

Нагло порасна бројот на болнички пациенти со Ковид-19 во Португалија Read More »

САД: Не треба трета доза вакцина


По состанок со претставници на производителот на вакцини Фајзер, американските здравствени власти соопштија дека на Американците кои се целосно вакцинирани не им треба трета доза, јавија локалните медиуми цитирајќи портпарол на Министерството за здравство и социјална заштита. Минатата недела, Фајзер соопшти дека планира да побара од регулаторите на САД да дозволат засилувачка доза вакцина на компанијата против …

САД: Не треба трета доза вакцина Read More »