Откако ги призна самопрогласените репблики Путин вели дека е подготвен да бара „дипломатски решенија“


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да бара „дипломатски решенија“ и покрај зголемените тензии со Западот околу Украина, но нагласи дека за интересите на државата не се преговара. – Нашата земја е секогаш отворена за директен и искрен дијалог, за барање дипломатски решенија за најсложените проблеми, истакна Путин во видео обраќањето по […]

Трета недела по ред се намалува бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19


Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот е намален за 21 отсто во изминатата недела, односно трета седмица по ред, соопшти Светската здравствена организација. Во својот неделен извештај, СЗО наведе дека минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со Ковид-19. Минатата недела во светот починаа осум отсто помалку луѓе, или околу […]

Јапонија и Австралија со санкции кон Русија


Јапонија и Австралија објавија дека воведуваат економски санкции кон Русија поради признавање на самопрогласените републики во источна Украина, откако истата одлука претходно ја донесоа Велика Британија, Европската унија, САД и Канада. Јапонските санкции вклучуваат забрана за издавање руски обврзници во Јапонија и замрзнување на имотот на одредени поединци, како и ограничување на патувањето во Јапонија, […]

Блинкен ја откажа средбата со Лавров


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за в четврток. Блинкен на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеб во Вашингтон изјави дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, „но само доколку […]

Зеленски: Нема општа мобилизација


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека воените резервисти примиле повик, но исклучи генерална мобилизација откако Русија објави дека ќе испрати војска на истокот на Украина. Зеленски синоќа изјави дека ќе продолжи да бара дипломатско решение за кризата и ја поздрави подготвеноста на Турција да учествува во мултилатералните разговори, но нагласи дека Украина нема да […]

„Никој нема да нѐ прави будали“ рече Бајден, објавувајќи тврди санкции против руски банки и олигарси


  Претседателот Џо Бајден нареди тешки финансиски санкции на САД против руските банки и олигарси во вторникот, засилувајќи ја конфронтацијата на Западот со Москва, додека руските пратеници го овластија претседателот Владимир Путин да користи воена сила надвор од нивната земја. Бајден, во краткото обраќање од Белата куќа, го обвини Путин за флагрантно кршење на меѓународното […]

ЕУ воведе санкции против Русија, построги отколку што се очекуваше


  ЕУ воведува нови санкции против Русија со оглед на ескалацијата во украинскиот конфликт од страна на Владимир Путин. На посебен состанок во Париз во вторникот, министрите за надворешни работи на 27-те земји членки го одобрија соодветниот предлог на Комисијата на ЕУ и на Службата за надворешни работи. Казнените мерки се очекува да стапат на […]

(Видео) Заложничка криза во продавница на „Епл“ во Амстердам


  Полицијата и другите итни служби во Амсердам излегоа на терен поради заложничка криза во продавница на „Епл“, јавија локални медиуми и сведоци. Засега нема повеќе информации за инцидентот. BREAKING: Hostage situation in the Apple store in #Amsterdam ( Video credit @remcovoogt ) pic.twitter.com/j7XXoIv0qJ — News_Executive (@News_Executive) February 22, 2022 Имено, заложничката драма почнала околу […]

Дали Кремљ ќе ја финансира воената машина со гасот што ѝ ги продава на Европа?


  Во изненадувачки потег, Германија го запре контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ поради упадот на Русија во Украина. Канцеларот Олаф Шолц изјави во вторникот дека побарал од Министерството за економија да го повлече октомврискиот извештај во кој се наведува дека гасоводот не претставува закана за безбедноста на снабдувањето. „Ова звучи техничко, но тоа е неопходен […]

Лавров мисли дека Украина нема право на суверенитет


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот се сомневаше дали Украина има право на суверенитет затоа што рече дека владата во Киев не ги претставува составните делови на земјата, пренесе новинската агенција Интерфакс. „Ако зборуваме за принципот на суверенитет и територијален интегритет, еден од клучните документи… е Декларацијата за принципите на меѓународното право […]

ЕУ го најави првиот пакет санкции против Русија


Првиот пакет санкции на Европската унија против Русија поради признавањето на сепаратистичките територии во Украина ќе биде претставен попладнево во Париз, најавија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Предложениот пакет вклучува мерки против оние кои се вклучени во „незаконската одлука“ и банките кои ги финансираат руските […]

Американската амбасада ја споредува историјата на Киев и Москва


Американската амбасада во Киев се занимава со некои од тврдењата на Владимир Путин околу посебноста на Украина и нејзините историски корени. Притоа споредува одредени години во историјата на Киев и на Москва.

Европа го жнее тоа што го сееше, вели врвниот економист Џозеф Штиглиц


  „Беше многу глупаво Германија и Европа да станат толку зависни од рускиот гас“, рече нобеловецот за економија Џозеф Штиглиц за „Политико“. Штиглиц рече дека стремежот за „најниска цена на гасната енергија на краток рок, без размислување за ризиците што би можеле да бидат повлечени“ – особено од Германија – „рефлектираше неуспех на пазарот… пазарите […]

Шест експлозии во центарот на Доњецк


Шест експлозии одекнаа денеска во центарот на градот Доњецк, во источна Украина, што е под контрола на проруските сили, јавија британските медиуми. Агенциите јавуваат дека не е познато што е причината за експлозиите. Неименуван дипломатски извор претходно изјави дека и натаму продолжуваат меѓусебните гранатирања на линијата на контакт меѓу силите на украинската Влада и проруските […]

Медведев на Твитер: Европејците ќе плаќаат по 2.000 евра за кубик гас


„Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас“, напиша поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев на Твитер, пренесен од руските медиуми. Шолц претходно денеска објави дека Германија презела чекори за запирање на процесот […]

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји


Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.   Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.   „Членките на ЕУ треба да […]

Зеленски: Веруваме дека нема да има голема војна против Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски не гледа зголемен ризик од војна и покрај тоа што Русија ги призна самопрогласените републики на исток. -Веруваме дека нема да има голема војна против Украина, рече украинскиот лидер во Киев по средбата со естонскиот колега Алар Карис. Тој додаде дека во случај на дополнителна ескалација ќе биде воведена вонредна состојба […]

Велика Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца олигарси


Велика Британија денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и три лица, соопшти премиерот Борис Џонсон. Тој во говорот пред пратениците во Долниот дом на парламентот додаде дека ова е само првиот пакет санкции и оти тие ќе бидат проширени доколку ситуацијата ескалира. Станува збор за банките „Росија“, „ИС Банка“, „Генерал банка“, „Промсвјазбанк“ и […]

(Видео) Жириновски лани: Русија повторно ќе стане голема, ќе почувствувате на 22.2.2022


  Видео со снимката од говорот на ултранационалистичкиот руски политичар и претседател на Демократската партија Владимир Волфович Жириновски, се шири по социјалните мрежи. Говорот го одржа лани на 27 декември, во руската Дума. „Во 4 часот наутро на 22 февруари ќе ја почувствувате нашата нова политика. Би сакал 2022 година да биде мирна. Но ја […]

Откако ги призна сепаратистичките региони, Кремљ вели дека има место за дипломатијата


  Кремљ во вторникот рече дека се надева оти руското признавање на двата отцепени украински региони како независни ќе помогне да се врати смиреноста и дека Москва останува отворена за дипломатија со Соединетите Држави и другите земји. Во конференциска врска со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да каже дали руските […]