НАТО на итен состанок поради рускиот напад врз Украина


Амбасадорите на НАТО утрово треба да одржат итен состанок за рускиот напад врз Украина, изјави претставник на Алијансата за западни медиуми. „Можеме да потврдиме дека НАК (советот на амбасадори) ќе одржи итен состанок утрово (четврток)“, рече претставник на НАТО. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, потоа треба да одржи медиумска конференција, која се очекува околу 11.30 […]

Путин објави војна и Русија изврши инвазија врз Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот најави специјална „специјална воена операција“ во Украина, со бомбардирање на украинските градови што се заканува да ја турне Европа во најголемиот конфликт од Втората светска војна. По неговото објавување војна непосредно пред 6 часот по московско време, украинската влада објави ракетни напади врз воени објекти во градовите Киев, […]

Каде е францускиот анти Кремљ кандидат?


Неуспешниот обид на Емануел Макрон да ја спречи ескалацијата на тензиите во Украина им даде златна можност на неговите ривали да го критикуваат францускиот претседател пред изборите во април – но никој од нив навистина не може да тврди дека би направил подобро. Четворицата водечки кандидати кои се натпреваруваат против Макрон за претседателската функција или […]

СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус


Светската здравствена организација денеска соопшти дека основала центар за обука во Јужна Кореја за земјите со низок и среден приход кои сакаат да произведуваат свои вакцини и лекови против коронавирус. Новиот центар за обука е основан откако агенцијата на ОН формираше центар за трансфер на технологија во Кејп Таун минатата година за пренос на знаење […]

Синдикатите на париското метро од 25 март повикуваат на „неограничен штрајк“


 На 25 март во текот на целиот ден во Париз метрото, автобуските и РЕР линиите треба да бидат во прекин. Синдикатите се состануваат во петок за да одлучат за условите на движењето. Главните синдикати попладнево објавија „неограничен“ штрајк на 25 март што ќе влијае врз сообраќајот на целата мрежа.  Протестот треба да биде обемен, наведуваат […]

ЕУ воведе санкции за сите пратеници на руската Дума и за внатрешниот круг на Путин


  Советот на ЕУ усвои пакет мерки против Русија како одговор на нејзината одлука да ги признае сепаратистичките украински региони Донецк и Луганск како независни и последователната одлука за испраќање руски војници таму. Меѓу мерките е и замрзнувањето на имотот на сите 351 пратеници на руската Дума, кои гласаа за признавање на независноста на самопрогласените […]

Руската инвазија врз Украина може да создаде пет милиони бегалци


 Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, денеска, на Генералното собрание на ОН кажа дека руската инвазија на Украина може да создаде до пет милиони нови бегалци. -Доколку Русија продолжи по овој пат, може да дојде до нова бегалска криза, една од најголемите со кои се соочува светот денеска, рече Томас-Гринфилд во ОН. 

Лидерите на ЕУ ги усвоија санкциите против Русија, утре самит за украинската криза


Советот на ЕУ го усвои вчера предложениот пакет мерки, како одговор на одлуката на Русија да ги признае регионите Доњецк и Луганск во Украина како независни ентитети и последователната одлука за испраќање руски војници таму, се наведува во соопштението од Советот на ЕУ. -Таквите одлуки се незаконски и неприфатливи. Тие го кршат меѓународното право, територијалниот […]

Италија на 31 март ќе ја укине вонредната состојба воведена поради Ковид-19


Италијанската Влада на 31 март ќе ја укине вонредната состојба воведена поради коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги. Тој вети постепено враќање на „нормалниот живот“ по повеќе од две години здравствена криза. – Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата со пандемијата, подготвени сме да интервенираме во случај на скок на бројот на случаи. […]

ЕУ свика итен самит за руско-украинската криза


ЕУ утревечер во Брисел ќе одржи итен самит за „агресивните дејствија“ на Русија против Украина, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во писмо до лидерите на Унијата. – Важно е да продолжиме да бидеме обединети и одлучни и заеднички да го дефинираме нашиот колективен пристап и делување, рече тој. – Затоа, би сакал да […]

Бајден праќа дополнителна американска војска во Источна и Југоисточна Европа 


-Американскиот претседател, Џо Бајден, издаде наредба до американската војска во Европа да ја засили одбраната во земјите кои се граничат со Украина, со распоредување дополнителни трупи и авијација во балтичките земји, Полска и во југоисточното крило на НАТО.  Силите ќе бидат префрлени во текот на неделата, соопшти претставник на Министерството за одбрана.  Министерот за одбрана […]

Украина побарала воена помош од Белгија


Државната телевизија ВРТ обелодени дека Украина испратила барање до Белгија за воена опрема, но белгиската Влада не одговорила, јави дописничката на МИА од Брисел. Според информациите на медиумот, Украина барала околу пет илјади шлемови, но и оружје и муниција уште пред неколку недели. Од кабинетот на министерката за одбрана, Лидивин Дедондер, потврдија дека белгиската федерална […]

ЕУ ќе воведе санкции и за рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу


  Европската унија е подготвена да воведе санкции против рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу како дел од нејзиниот одговор на распоредувањето на трупи од Москва во источна Украина, се вели во нацрт-документот што го видел „Политико“ Во документот, од 22 февруари, се наведени повеќе од 20 лица и ентитети што треба да бидат санкционирани […]

Русија ја евакуира амбасадата во Киев


  КИЕВ – Русија почна да ја евакуира својата амбасада во Киев, а Украина ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија во средата додека регионот се подготвува за понатамошна конфронтација откако претседателот Владимир Путин доби овластување да користи воена сила надвор од неговата земја, а Западот одговори со санкции. Надежите за дипломатски излез од […]

Стопирањето на „Северен тек-2“ нема да влијае врз цените на гасот, вели потпретседателка на Европската комисија


Европската Комисија ја поздравува одлуката за замрзнувањето на проектот „Северен тек – 2“ и вели дека нема да влијае на цената на гасот, јави дописничката на МИА од Брисел. Потпретседателката на Европската Комисија, Маргарет Вестагер, од Брисел денеска изјави дека одлуката на германската Влада да го суспендира гасоводниот проект „Северен тек -2“ со Русија е […]

Половина од Русите сметаат дека Украина треба да се спречи да влезе во НАТО со воена сила


(Си-Ен-Ен) – Додека светот чека да види дали Русија ќе ја нападне Украина, ексклузивната нова анкета на двете земји за Си-Ен-Ен открива дека двојно повеќе Руси веруваат дека би било правилно Москва да употреби воена сила за да го спречи Киев да се приклучи кон НАТО. Еден од секои двајца Руси (50%) вели дека тоа […]

Украинската војска издаде наредба за мобилизирање резервисти


Украинската војска издаде денеска наредба за мобилизирање резервисти, откако Русија им нареди на своите сили да се подготват за обезбедување на областите под контрола на бунтовниците во источниот дел на земјата. „Ќе бидат повикани резервисти на возраст од 18 до 60 години… Повикот ќе започне денеска. Максимално ќе бидат ангажирани една година“, соопштија украинските копнени […]

Херој од работничката класа? Поранешно момче од фабрика има за цел да биде претседател на Јужна Кореја


Културните хитови од Нетфликс како „Игра со лигњи“ и оскаровецот „Паразит“ ја подигнаа сввесноста за нееднаквоста на Јужна Кореја на глобална важност, а еден кандидат за претседател тврди дека неговите корени од работничката класа го прават најдобриот човек што ќе го поправи расипаниот систем. Поранешното дете работник во фабрика Ли Џае-Мјунг, кое го напуштило училиштето […]

Засега само Никарагва и Сирија ја поддржуваат Русија


  Руското министерство за надворешни работи ги повика другите земји да го следат примерот и да ги признаат териториите под контрола на сепаратистите во источна Украина како независни држави. Во вторникот вечерта само Никарагва и Сирија изјавија дека ја поддржуваат одлуката на Москва да ги признае Донецк и Луганск како независни републики, но сѐ уште […]

ОН: Светот мора да се подготви за повеќе екстремни шумски пожари


Бројот на големите шумски пожари низ светот драстично ќе се зголеми во наредните децении поради глобалното затоплување, а владите не се подготвени за справување со последиците од уништувањата од таквите екстремни пожари, предупредија ОН. Дури и најамбициозните напори за ограничување на емисиите на стакленички гасови нема да спречат драматичен пораст на зачестеноста на екстремните услови […]