Белорусија може да и се придружи на Русија во војната против Украина


Постои голема веројатност во следните неколку часови самопрогласената влада на Белорусија да одлучи белоруските вооружени сили да земат учество во војната со Украина на страната на Руската Федерација, изјави денеска Андриј Захородник, поранешниот украиснки министер за одбрана, во моментов шеф на Центарот за одбранбени стратегии, пренесува Укринформ. -Од сигурни извори кажуваме дека е многу веројатно […]

Украинските сили ги контролираат Харков и Киев, руските загуби огромни


 Украинските сили денеска го одбија рускиот напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, каде изутрината избувнаа улични борби. Харков е целосно под наша контрола, објави неговиот гувернер Олег Синогубов. Тој додаде дека „градот се чисти од непријателите“.   И градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, попладнето објави дека во главниот град на Украина нема руски […]

Украина се согласи на преговори во Белорусиja


Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми.Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите. „Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се […]

Украина отвори веб-страница за загинатите руски војници


Украина  отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина. На страницата „200rf.com“ може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена. На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со […]

Кличко: Во Киев до моментов нема руски војници, цврсто се браниме


Киев и натаму жестоко се брани, а во моментов во главниот град на Украина нема руски војници, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видео порака, пренесена од Укринформ. -Но, нашата војска, нашите законски сили за територијална одбрана продолжуваат да ги откриваат и неутрализираат диверзантите. Синоќа имаше судири и пукотници. Уништени се неколку големи групи […]

Путин ги стави во состојба на готовност руските сили за нуклеарно одвраќање


  Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на својата војска да ги стави силите за нуклеарно одвраќање на земјата во висока готовност како одговор на „агресивните изјави“ на земјите од НАТО. Наредбата, која ја објави новинската агенција Тасс, дојде на средбата меѓу Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на вооружените сили […]

Украина ја доби битката за Харков, тврди гувернерот на градот


  Украинските сили го одбија обидот на руските сили да го заземат Харков, изјави гувернерот на градот во неделата, по жестоките борби и улични битки со руските војници што напредуваат. Гувернерот на Харков Олех Синјехубов изјави дека украинските војници сега го „чистат“ источниот град. Тој рече дека руските војници се предаваат во групи од пет […]

Израел се понуди да посредува во мировни разговори меѓу Русија и Украина


  Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги понудил услугите на неговата земја како посредник за воспоставување мир во Украина во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во неделата, се вели во соопштението на Кремљ. Москва рече дека разговорот бил израелска иницијатива. Во соопштението се додава дека Путин му рекол на Бенет дека Русија има своја […]

ЕУ ќе го финансира купувањето оружје за украинската армија


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво. „На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со […]

Германија ќе ги зголеми трошоците за одбраната


Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на вонредната седница на Бундестагот. „Со инвазијата на Украина, влеговме во нова ера. Во Украина луѓето не само што ја бранат својата татковина, тие се борат за слобода и за својата демократија, за вредностите што ги споделуваме со нив“, […]

Украина поднесе тужба против Русија во Хаг


Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, објави денеска на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и […]

Русија имаше повеќе жртви за 24 часа отколку за осум години во Сирија


  Лондонски „Економист“ објави дека Русија за 24 часа имала повеќе жртви отколку за осумте години во Сирија. Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар тврди дека руските сили изгубиле околу 4.300 војници. За Гардијан не беше можно веднаш самостојно да ја потврди бројката. „И покрај тоа што има далеку помалку оружје и војници, Украина […]

Украинските војници на Змискиот остров кои го измаршираа рускиот брод можеби уште се живи


  Украинските војници за кои се верува дека загинале додека бранеле остров, откако му рекле на рускиот воен брод „да се е.е“, можеби сѐ уште се живи, според украинската Државна гранична стража. Првичните извештаи велат дека 13-те граничари загинале откако одбиле да го предадат Змискиот остров, кој се наоѓа на 300 километри западно од Крим, […]

Уништен конвој на чеченски борци близу Киев, убиен и генерал


  Чеченскиот генерал Магомед Тушаев е убиен во војната во Украина, објави на Твитер поранешниот амбасадор во Австрија, украинскиот политичар Олександр Шерба (51). „Рускиот генерал од Чеченија Магомед Тушаев нема да се врати дома од Украина. Што изгуби во Украина, Магомед, а? Русијо, оди дома“, напиша Шерба на Твитер. Според извори на Канал 24, украинската […]

Лукашенко: „Ова што е сега во Украина е ништо. За два-три дена почнува војната, а потоа масакр“


  „Во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту еден куршум“, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко по гласањето на референдумот за промена на уставот што денеска се одржува во таа земја. „Таму нема наши војници. Зборував со Макрон за тоа вчера. Му реков дека таму нема војници… нема белоруски куршуми“, рече Лукашенко, објаснувајќи дека […]

И Трамп се смени – ја осуди руската инвазија на Украина, Зеленски го нарече „храбар“


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во саботата ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, менувајќи го својот тон од пофалбите за рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела. Забелешките на Трамп на собирот на конзервативните гувернери во Флорида дојдоа неколку часа откако Соединетите Американски Држави и нивните сојузници […]

Се огласи Путин, а се огласи и Зеленски


  Рускиот претседател Владимир Путин утрово имаше кратко телевизиско обраќање, прва неговата јавна изјава од петокот. Путин ја нарече руската инвазија на Украина како „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го поздрави „херојството“ на руските специјални сили кои се борат во Украина. Новинската агенција Интерфакс јави дека Путин рекол: „Посебна […]

Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија. Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации. „Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање. Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се […]

ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина


Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН. „Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“, се вели во статусниот извештај […]

Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија


Руска делегација пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави Песков. – Ќе бидеме подготвени […]