Како е да бидеш Русин и да живееш во Украина?
Да се биде Русин и да живееш во Украина… Тоа е деликатна ситуација со која се соочуваат денес многумина кои живеат во оваа земја во војна и ја осудуваат инвазијата што ја започна Кремљ.
Андреј има руски пасош, но неговиот живот е во Киев. Тој би сакал да и подаде рака на украинската армија, но во овој момент вратите му се затворени.
„Веќе пет пати бев да се пријавам за учество во војната, но не ме примија затоа што имам руски пасош. Пробав на друг начин, отидов во Азов, но не успеав повторно. И, затоа волонтирам“, вели тој.
Андреј вели дека е решен да ја брани украинската престолнина, доколку руските трупи влезат во Киев.
„Киев е и мој дом. Како и жителите на овој град, и јас морам и сакам да го заштитам. Ако руските војници влезат овде, би сакал да можам да ги пречекам со оружје, а не со празни раце“, вели тој.
Во Лавов, во близина на полската граница, град кој досега го избегна бомбардирањето, други руски државјани го искажуваат својот срам откако Кремљ ја започна оваа војна. Саша вели дека и е скршено срцето. Таа сепак е загрижена за руските граѓани кои се наоѓаат заробени во Украина.
„Ситуацијата е тешка, особено за Русите кои долго време живеат во Украина без легална причина. Познавам луѓе кои живеат тука десет години без легална дозвола, а сега не можат да одат никаде, дури и ако сакаат. Отсега па натаму, сомнежите на полицијата, на безбедносните служби кон нив се важни“, вели таа. И таа и дригите се надеваат на брз крај на оваа војна за да можат да продолжат да живеат како порано.