Израелско истражување покажало дека третата доза на вакцината има слични нуспојави како втората


Израел– Повеќето луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 покажале нуспојави слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажало иницијално истражување во Израел. Израел, пред околу десет дена почна да нуди трета доза од вакцинација на луѓето постари од 60 години, како дел од напорите да се …

Израелско истражување покажало дека третата доза на вакцината има слични нуспојави како втората Read More »

Пожарот Дикси е втор по големина во историјата на Калифорнија


САД – Шумскиот пожар во северна Калифорнија прерасна во втор по големина во историјата на американската сојузна држава, соопштија вчера локалните власти, неколку дена откако пожарот уништи историски град изграден за време на Златната треска и принуди илјадници жители да се евакуираат. Шумскиот пожар Дикси сега гори на повеќе од 1.850 квадратни километри, а само 21 …

Пожарот Дикси е втор по големина во историјата на Калифорнија Read More »

Алармантeн пораст на заразени од Ковид 19 во САД


САД просечно регистрираат над 100.000 нови дневни случаи на Ковид-19 дневно, што е најголем број за речиси шест месеци, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, објави Си-Ен-Ен. Последен пат кога просечната дневна вредност за седумдневен период надмина 100.000 случаи беше на 11 февруари, покажуваат податоците. Земјата достигна низок просек за 2021 година од 11.299 дневни …

Алармантeн пораст на заразени од Ковид 19 во САД Read More »

Саудиска Арабија овозможува аџилак за одреден број вакцинирани аџии од странство


Саудиска Арабија–  Од утре Саудиска Арабија ќе започне постепено да прима барања од вакцинирани странски аџии за умра (мал аџилак), откако не ги прими една и пол година поради пандемијата на коронавирус, соопштија денеска локалните медиуми. Со капацитет што постепено ќе се зголеми на два милиони аџии, со 60.000 аџии месечно, Мека и Медина ќе …

Саудиска Арабија овозможува аџилак за одреден број вакцинирани аџии од странство Read More »

Забрзана вакцинација на ученици во Шпанија


Регионалните влади во Шпанија одлучија да ја забрзаат вакцинацијата на адолесцентите на возраст од 12 до 15 години пред почетокот на новата учебна година. Целта е да се ограничи ширењето на корона вирусот, да се обезбеди присуство на ученици во училниците и да се минимизира учењето преку Интернет. Шпанија е една од ретките земји во …

Забрзана вакцинација на ученици во Шпанија Read More »

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија


 Речиси 150.000 хектари шума беа уништени во пожарите оваа година во Боливија, особено во областа близу границата со Бразил, соопштија тамошните власти. Изгореа точно 147.254 хектари, наведоа властите и додадаваат дека на некои места пламенот бил висок над пет метри со чад над 30 метри. Пријавени се повеќе од 800 пожари од почетокот на август, …

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија Read More »

Трамп се нарече голем „обожавател“ на вакцините против Ковид


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се нарече себеси голем „фан“  на вакцините против новиот коронавирус. – Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз. – Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто …

Трамп се нарече голем „обожавател“ на вакцините против Ковид Read More »

Голем пожар во Калифорнија, пет лица се сметаат за исчезнати


Американските власти соопштија дека се во потрага по пет исчезнати лица, откако голем пожар ја зафати Северна Калифорнија и зафати два града. Пожарот Дикси, која зафати голем дел од градот Гринвил, уништи повеќе од 180 домови и се заканува на повеќе од 10.000 згради во северна Сиера Невада.  Дикси, најголемиот активен пожар во САД, стана …

Голем пожар во Калифорнија, пет лица се сметаат за исчезнати Read More »

Сè повеќе богати земји воведуваат трета доза од вакцината против Ковид


Додека светот се бори со делта варијантата на коронавирусот, се поголем број земји размислуваат да воведат трета доза од вакцината против Ковид-19. Обединетите Арапски Емирати им се придружија на Германија, Израел и Обединетото Кралство откако во вторникот воведоа насоки со кои се препорачува трета доза на вакцина против ковид за постарите лица. Израел минатата недела …

Сè повеќе богати земји воведуваат трета доза од вакцината против Ковид Read More »

Северна Кореја продолжи да развива програми за нуклеарни и балистички ракети


Северна Кореја продолжи да развива програми за нуклеарни и балистички ракети во првата половина на 2021 година, кршејќи ги меѓународните санкции и покрај влошената економска ситуација во земјата, се вели во извадок од доверлив извештај на ОН во кој Ројтерс имал увид, пренесува Гласот на Америка. Во извештај на панел на независни набљудувачи, надгледуван од …

Северна Кореја продолжи да развива програми за нуклеарни и балистички ракети Read More »

Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад


Се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји, наведува Дојче веле. Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“, и тоа само во јули. „Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на …

Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад Read More »

Спајсер: Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година


САД – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави поранешниот советник и портпарол на Трамп, Шон Спајсер. „Тој ќе учествува“, рече Спајсер за време на интервјуто за неговата книга, која наскоро ќе биде објавена под наслов „Радикална нација: Опасниот план на Џо Бајден и Камала Харис за Америка“. …

Спајсер: Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година Read More »

Во Италија уапсена шефицата на Неаполската мафија


Шефицата на мафијата во Неапол, Марија Личарди, е уапсена денеска додека се обидувала да избега во Шпанија, објавија италијанските медиуми. Позната по прекарот „Пиколета“ (малечка) затоа што е ниска, Личарди (70) е сестра на покојниот Генер Личарди, основач на мафијашкиот клан Камора, лоциран во Неапол. Марија Личарди помина осум години во затвор и беше ослободена …

Во Италија уапсена шефицата на Неаполската мафија Read More »

Сицилија прогласи шестмесечна вонредна состојба поради пожарите


Регионалната Влада на Сицилија прогласи вонредна и кризна состојба  во траење од шест месеци поради пожарите што беснеат на островот од крајот на јули, јави ДПА. Регионалниот претседател Нело Мусумечи во објава на Фејсбук објасни дека невообичаено високите температури и абнормалните временски услови ќе продолжат да претставуваат ризик во наредните недели. Во меѓувреме, на Сардинија, …

Сицилија прогласи шестмесечна вонредна состојба поради пожарите Read More »

Маж во Токио со нож нападна луѓе: „Сакав да ги убијам жените што изгледаа среќно“


  Маж во Токио, синоќа нападна патници во воз, при пто повреди 10 лица, потоа побегна, а полицијата го фати. За нападот осомничен е 36-годишен маж, кој на полицијата наводно ѝ рекол дека се разбеснил кога во возот видел дека луѓето изгледаат среќно, па посакал да ги убие, јавува Би-би-си повикувајќи се на локалните медиуми. …

Маж во Токио со нож нападна луѓе: „Сакав да ги убијам жените што изгледаа среќно“ Read More »

Гoрат Атина, јужна Италија и Калифорнија


Шумските пожари продолжуваат да беснеат низ светот. Огнената стихија е надвор од контрола во Грција, гори на Сицилија и Калабрија, а во Калифорнија беснее третиот најголем пожар во историјата на таа американска сојузна држава. Северно од Атина, пламенот може да се види оддалеку и му се заканува на градот Варибоби, кој повторно беше евакуиран по …

Гoрат Атина, јужна Италија и Калифорнија Read More »

Австралија бележи рекорден број новоинфицирани со корона и покрај строгите мерки


„Немаме доволно вакцинирани, ќе завршиме со помлади луѓе во болница …“, вели премиерот на Викторија   Австралија во саботата потврди рекорден број на нови инфекции оваа година, а заразната делта варијанта на корона вирусот продолжува да се шири во најнаселените држави – Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд. Трите најнаселени држави во Австралија – Нов …

Австралија бележи рекорден број новоинфицирани со корона и покрај строгите мерки Read More »

Чешка планира да ги затвори контроверзните сиропиталишта до 2024 година


Чешката Република планира да ги затвори контроверзните сиропиталишта до 2024 година, како една од последните земји-членки на ЕУ која се уште ги има. Предлог-законот вчера беше едногласно одобрен од Претставничкиот дом, а сега следува дебата во Сенатот, вториот дом на чешкиот Парламент. Законот предвидува сирачињата до тригодишна возраст да се сместуваат исклучиво во згрижувачки семејства, …

Чешка планира да ги затвори контроверзните сиропиталишта до 2024 година Read More »

Властите во Авганистан тврдат дека ликвидирале над 380 талибански бунтовници


Војската во Авганистан ликвидира 385 талибански бунтовници во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. – Во изминатото деноноќие, 385 талибански терористи се убиени, а уште 210 се повредени во рамки на авганистанските воени операции, напиша Министерството на својот профил на Твитер. Вооружените сили на Авганистан спроведоа операции во 14 провинции, …

Властите во Авганистан тврдат дека ликвидирале над 380 талибански бунтовници Read More »

Половина од населението во САД е целосно вакцинирано


Половина од американското население веќе е целосно вакцинирано против Ковид-19, а бројот на вакцини се зголемува како одговор на ширењето на Делта сојот, соопшти Белата куќа. – Педесет отсто од Американците (од сите возрасти) веќе се целосно вакцинирани. Продолжете така, изјави Сајрус Шахпер, кој е одговорен во Белата куќа за податоците од Ковид-19. Тоа значи …

Половина од населението во САД е целосно вакцинирано Read More »