Луѓе употребени како жив штит во грабеж на банки во Бразил


Вооружена банда денеска изврши напади врз неколку банки во еден бразилски град, користејќи ги локалните жители како жив штит. Напаѓачите пукале кон полицијата, а зад себе оставиле експлозивни направи. Најмалку три лица загинаа во нападите, изјави висок претставник на државната безбедност. Биле ангажирани повеќе од 350 полицајци кои користеле два хеликоптера, а двајца напаѓачи се …

Луѓе употребени како жив штит во грабеж на банки во Бразил Read More »

Куќата на Ел Чапо ќе се извлекува како награда на државна лотарија


Владата на Мексико ja става на лотарија куќата на наркобосот Хоакин Гузман, попознат како „Ел Чапо“, кој сега отслужува доживотна казна затвор во американски затвор со висока безбедност. Токму од оваа куќа во Кулијакан, во северо-западната мексиканска држава Синалоа, нарко босот побегна од апсење во 2014 година, преку тунел под подот на бањата, кога упаднаа …

Куќата на Ел Чапо ќе се извлекува како награда на државна лотарија Read More »

Турција ќе им помага на талибанците да го обезбедат аеродромот во Кабул


Талибанците рекоа дека ќе го обезбедат меѓународниот аеродром во Кабул по повлекувањето на американските сили од Авганистан. Изјавата на портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, следеше по извештајот на веб-страницата на Middle East Eye во саботата дека Турција и Катар се блиску до договор со талибанците за управување со аеродромот и обезбедување безбедност на персоналот. „Луѓето …

Турција ќе им помага на талибанците да го обезбедат аеродромот во Кабул Read More »

СЗО очекува 236.000 смртни случаи од ковид во Европа до 1 декември


Високи претставници на Светската здравствена организација стравуваат дека може да има уште 236.000 смртни случаи од ковид во Европа од сега до 1 декември, поради стагнација на стапките на вакцинација. „Минатата недела, имаше 11% зголемување на бројот на смртни случаи во регионот – една сигурна проекција очекува 236.000 смртни случаи во Европа до 1 декември“, …

СЗО очекува 236.000 смртни случаи од ковид во Европа до 1 декември Read More »

СЗО и УНИЦЕФ: Сите училишта во Европа и Централна Азија треба да останат отворени и да бидат побезбедни од Ковид-19


Додека милиони школски деца се враќаат на училиште низ европскиот регион каде што е доминантна високо преносливата делта-варијанта на САРС-КоВ-2, регионалната канцеларија на СЗО за Европа и регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија повикуваат училиштата да останат отворени и да се направат побезбедни преку донесување мерки за намалување на пренесувањето на вирусот. …

СЗО и УНИЦЕФ: Сите училишта во Европа и Централна Азија треба да останат отворени и да бидат побезбедни од Ковид-19 Read More »

Вработените во рестораните во Париз мора со потврда за вакцинација против Ковид-19 на работа


Од денеска вработените во рестораните и другите услужни места во Париз, што се околу два милиона, мора да покажат доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид- 19 кога ќе дојдат на работа, како дел од владините напори за борба против пандемијата на коронавирус. Јавноста е веќе должна да ја прикаже истата …

Вработените во рестораните во Париз мора со потврда за вакцинација против Ковид-19 на работа Read More »

Синот на Трамп тврди дека САД во Авганистан оставаат воена опрема во вредност од 85 милијарди долари


САД, напуштајќи го Авганистан оставаат оружје и воена опрема во вредност од 85 милијарди долари, напиша на Твитер Доналд Трамп-помладиот, син на поранешниот американски претседател. „Во иднина … воена опрема во вредност од 85 милијарди долари им е оставена на талибанските терористи. Тоа значи дека секој Американец, маж, жена, дете, придонел околу 265 долари за …

Синот на Трамп тврди дека САД во Авганистан оставаат воена опрема во вредност од 85 милијарди долари Read More »

СЗО предвидува 236.000 смртни случаи од Ковид-19 во Европа во следните три месеци


Светската здравствена организација (СЗО) очекува 236.000 смртни случаи како последица на Ковид-19 во Европа од крајот на август до 1 декември, изјави денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Копенхаген. – Бројот на смртни случаи од коронавирус се зголеми за 11 проценти само минатата недела, истакна Клуге. „Црното“ предвидување доаѓа …

СЗО предвидува 236.000 смртни случаи од Ковид-19 во Европа во следните три месеци Read More »

Париз: Ограничување на брзината на движење на 30 км/ч


Ограничување на брзината на автомобилите од 30 километри на час, од денеска ќе се применува скоро во целиот град Париз. Одредбата не се однесува на периферијата и неколку од најважните булевари во француската престолнина. Мерката е поддржана од мнозинството парижани, но остро се спротивставуваат жителите на облласта Ил-де-Франс, пишува „Ле Паризиен“. И пред воведувањето на …

Париз: Ограничување на брзината на движење на 30 км/ч Read More »

Израел одобри употреба на трета доза на вакцина против Ковид-19


Израелските власти ја одобрија употребата на трета доза вакцина против коронавирус за сите граѓани кои примиле две дози, во обид да го спречат ширењето на делта варијантата. Од синоќа – секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со трета доза. Во претходните недели само одредени возрасни категории граѓани …

Израел одобри употреба на трета доза на вакцина против Ковид-19 Read More »

Ураганот Ида ја опустоши Луизијана, милион луѓе останаа без електрична енергија, едно лице загина


Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, големи дождови и високи бранови што преплавија голем дел од брегот, ослабе до категоријата 1 на скалата Сафир-Симпсон. Најмалку едно лице загина, јавија новвинските агенции. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи …

Ураганот Ида ја опустоши Луизијана, милион луѓе останаа без електрична енергија, едно лице загина Read More »

Во Мексико еден загинат во тропската бура Нора, седум лица се сметаат за исчезнати


Во налетот на ураганот Нора, што ослабна до тропска бура, загина еден човек во Мексико, а седум лица се сметаат за исчезнати, јавија локалните медиуми. Бурата предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Властите во државата Халиско соопштија дека едно момче од Шпанија загинало откако делумно  се урнала зграда во туристичкиот град Пуерта Валарта по поројните дождови …

Во Мексико еден загинат во тропската бура Нора, седум лица се сметаат за исчезнати Read More »

Американскиот одбранбен систем пресретна неколку ракети испукани кон аеродромот во Кабул


Неколку ракети беа испукани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми. Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американски државјани. САД се во …

Американскиот одбранбен систем пресретна неколку ракети испукани кон аеродромот во Кабул Read More »

Во американски напад во Кабул против ИД, загинале девет членови на едно семејство


Девет членови на едно семејство загинаа, меѓу кои и шест деца, во синоќешниот напад на американско беспилотно летало врз возило на терористичката група ИД-К во станбена област во Кабул. Американската војска призна дека експлозијата „веројатно предизвикала дополнителни жртви”. Меѓу загинатите има шест деца, од кои најмалото е двегодишно девојче, изјави братот на еден од убиените …

Во американски напад во Кабул против ИД, загинале девет членови на едно семејство Read More »

Ураганот Ида го сопре текот на реката Мисисипи


Ураганот Ида, кој се смета за „екстремно опасен“, денеска ги погоди бреговите на Луизијана. Според американските метеоролошки служби, ветровите се движат со брзина до 240 километри на час. „Ида“ удри во близина на Форт Фуршон, јужно од Њу Орлеанс, шеснаесет години откако ураганот Катрина го опустоши овој регион во јужниот дел на САД. 3pm CDT …

Ураганот Ида го сопре текот на реката Мисисипи Read More »

Франција и Велика Британија ќе предложат „безбедна зона“ во Кабул


Франција и Велика Британија ќе поднесат заедничка резолуција на итен состанок на Обединетите нации во понеделник, со која се предлага воспоставување безбедна зона во Кабул. Безбедната зона ќе биде под контрола на ОН и ќе нуди засолниште за луѓето што се обидуваат да го напуштат Авганистан, јави Би-Би-Си. – Не можам да видам кој би можел да се спротивстави на овозможување безбедност на хуманитарните операции, …

Франција и Велика Британија ќе предложат „безбедна зона“ во Кабул Read More »

Вакцинација: Што да прават оние кои примиле вакцина која не е признаена во ЕУ?


Откако во Германија се воведуваат нови ограничувања за невакцинираните, некои луѓе се најдоа во чудна ситуација- целосно вакцинирани, но непризнаени. Наталија Смоленцева е една од нив. Пред шест месеци, додека престојував дома во Русија, го сторив она што сметав дека е одговорно: се вакцинирав против ковид-19 со руската вакцина Спутник V. Во февруари, Германија не нудеше вакцина …

Вакцинација: Што да прават оние кои примиле вакцина која не е признаена во ЕУ? Read More »

Американската армија изврши напад поради „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул


Американската војска денеска соопшти дека извршила воздушен напад во авганистанскиот главен град за да избегне „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул од терористите на ИСИС – К, јави ДПА. Беспилотно летало успешно погоди автомобил што припаѓа на локалната група на терористичката милиција Исламска држава, наречена Исламска држава Хорасан, или ИСИС-К, соопшти армијата на САД. Со …

Американската армија изврши напад поради „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул Read More »

Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул


Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се поодготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници. Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при …

Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул Read More »

Ида прерасна во категорија 4, Луизијана го очекува најсилниот ураган во последните 150 години


Луизијана го очекува ударот на ураганот Ида, кој прерасна во категорија 4 и како што велат тамошните функционери, ќе биде најсилниот кој ја погодил оваа сојузна држава во САД, во последните 150 години. Најновата бура доаѓа на годишнината на исто така смртоносниот ураган Катрина, кој беше од категорија 5 и ја погоди Луизијана пред 16 …

Ида прерасна во категорија 4, Луизијана го очекува најсилниот ураган во последните 150 години Read More »