Путин вели дека Западот се обидува да ја укине руската култура вклучувајќи го и Чајковски


Русија- Претседателот Владимир Путин во петокот го обвини Западот дека се обидува да ја укине руската култура, вклучително и делата на големите композитори како Пјотр Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов. На телевизиски состанок со водечките културни личности, Путин го спореди откажувањето на голем број руски културни настани во последните недели со акциите на нацистичка […]

САД распишаа потерница од 10 милиони долари за руски хакер 


Американскиот Стејт департмент преку програмата Награда за правда денеска распиша потерница за рускиот хакер Евгениј Викторович Гладких со награда во висина од 10 милиони долари за информација што ќе води кон негово апсење.  Ова е првпат да се нуди награда за информација за само еден кибер играч, а во рамки на понудите за награда од […]

Рускиот олигарх Петр Авен рони крокодилски солзи, мисли дека не ќе може да се врати во Лондон


  Руски олигарх кој беше исфрлен од Велика Британија се жали дека дека можеби веќе не ќе може да има чистачката или возачот – во исто време додека илјадници Украинци умираат во војната предизвикана од неговата сопствена држава. Петр Авен, кој наводно е близок пријател со Владимир Путин, рече дека тој и неговото семејство „не […]

ОН ги истражуваат масовните гробници во Мариупол


Шефот на тимот на ОН за човекови права во Украина вели дека набљудувачите добиле повеќе информации за масовните гробници во опколениот пристанишен град Мариупол, вклучително и една во која се чини дека има 200 тела. „Добиваме сè повеќе информации за масовните гробници што се таму“, рече Матилда Богнер преку видео врска од Украина, додавајќи дека […]

Москва соопшти дека досега биле убиени 1.351 руски војници


  За време на „специјалната операција“ во Украина, загинаа 1.351 руски војник, а други 3.825 беа повредени, изјави Сергеј Рудској, шеф на Главната оперативна управа  на Генералштабот на руските вооружени сили. Тоа го пренесува Интерфакс. Според него, државата ќе ги поддржи семејствата на жртвите, вклучително и „воспитување на децата до високо образование“, отплата на кредити […]

Украинците ликвидираа уште еден руски генерал со медали


Во близина на Чорнобаивка, вооружените сили на Украина го ликвидирале Јаков Резанцев, генерал-полковник и командант на 49-та комбинирана армија на јужниот воен округ на Русија.  „Тој го заврши својот дел од борбата. Не можеше да ја поднесе следната епизода од серијата „Чорнобаивка“, порача Олексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на претседателот. „Според прелиминарните податоци, […]

До 60 отсто од истреланите руски ракети не стигнуваат до целите, соопштија САД


  Руските проектили со прецизно наведување не успеваат да ги постигнат своите цели до 60 отсто од случаите во Украина, изјавија тројца американски разузнавачи за Ројтерс. Ова е веројатно едно од објаснувањата за слабиот напредок на руската инвазија, како и за некои цивилни жртви. Агенцијата соопшти дека изворите не дале докази за поддршка на проценката […]

Украинските граничари од Змискиот остров разменети за руски војници


Прославените украински граничари на Змискиот остров во Црното Море, кои им рекоа на руските освојувачи на првиот ден од војната „ебете се“ откако им понудија да се предадат, се ослободени во размена на затвореници. Според украинските медиуми Украина ги разменила 11-те руски војници што биле спасени откако им потонал брод близу до Одеса со 19-те […]

На руската армија и снемуваат и пари и муниција


Руската војска почна да има проблеми со финансирањето, тврди Одбранбеното разузнавање на Министерството за одбрана на Украина. „ И покрај ветените исплати, руските воени единици имаат проблеми со финансирањето. Како што се испостави, исплаќањето на овие трошоци не било предвидено во буџетот. Поради незадоволителната состојба на финансискиот систем на Руската Федерација по воведените санкции, невозможно […]

Руските сили воспоставија копнен коридор меѓу Крим и Донецк


  Руските сили делумно создадоа копнен коридор до Крим од територијата во областа Донецк во Украина, соопшти украинското Министерство за одбрана. „Непријателот беше делумно успешен во создавањето копнен коридор помеѓу привремено окупираната Автономна Република Крим и дел од регионот Донецк“, се вели во објавата на интернет. Тоа доаѓа откако британското разузнавање во петокот соопшти дека […]

Финска ги прекинува железнички врски со Русија


Финската државна железничка компанија информираше дека од почетокот на идната недела го прекинува сообраќајот меѓу Хелсинки и рускиот град Санкт Петербург, затворајќи ја за Русите една од последните транспортни врски со Европската унија, јави Хина. Поради санкциите за Русија, државата му соопшти на ВР Груп (операторот со железничкиот сообраќај), дека веќе не е соодветно да […]

Кој е „Касапот од Мариупол“, рускиот генерал кој командува со опсадата на градот


  Ова е лицето на „касапот од Мариупол“ – рускиот генерал кој ја надгледува опсадата која го лиши градот од храна, вода и струја еден месец за време на безмилосните бомбардирања во кои загинаа илјадници цивили. Генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој ја извршува функцијата директор на рускиот Национален центар за одбрана од 2014 година, беше идентификуван […]

Први снимки од пеколот во театарот во Мариупол


  Ужасот што им беше нанесен на цивилите кои се засолнуваа во театарот во Мариупол, кој беше бомбардиран од руските авиони минатата недела, беше откриен кога денеска се појавија првите снимки од внатрешноста на уништената зграда. Видеото што досега не е видено покажува повредени цивили покриени со прашина која излегува од Регионалниот драмски театар во […]

Италија: Да се убие Путин, Москва поднесе тужба


  Рускиот амбасадор во Италија, Сергеј Разов поднесе тужба против италијанска „Стампа“, затоа што објави коментар дека единствена опција за крај на војната е убиство на Путин. „непотребно е да се каже дека тоа е спротивно на правилата во новинарството и моралот“, рече Разов пред новинарите пред обвинителството во Рим откако ја поднесе тужбата. Ројтерс […]

Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол


Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, јави Си-Ен-Ен. Како што појасни таа, коридорите ќе ги спојат двата града со Запорожје, што е на север и сè уште е под контрола на Украина. – Планирана е и централизирана евакуација со автобус од Бердјанск, град окупиран од Русија. […]

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето!


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред шефовите на држави во Советот на ЕУ во Брисел. Прво зборуваше за уништувањето на земјата од страна на Русија и нанесените штети, но и се заблагодари за сплотеноста на Европа во поддршката на Украина. „Руската војска не гледа што е достоинство. Не знаат што е совест. Не разбираат […]

Во Кина нови 4.988 случаи со Ковид-19, расте фрустрацијата меѓу популацијата


Кина – Кина денеска регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан. Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките […]

Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници


Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот „Саратов“, а не „Орск“, како што беше претходно информирано. „Според ажурираните информации, големиот десантен брод ‘Саратов’ е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови ‘Цезар Куников’ и ‘Новочеркаск’“, се […]

ОН: Исчезнуваат Украинци во областите под контрола на Русија


Има Украинци кои се приведени и исчезнуваат во областите под контрола на Русија, изјавија од Обединетите нации за Би-Би-Си.   ОН потврдија за најмалку 36 случаи на притворени цивили, а семејствата често немаат никакви информации за судбината на заробените.   Украинците велат дека стравуваат од ескалација на кампањата за киднапирање и заплашување, додека Русија се […]

Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат


Европскиот совет ја повика Русија веднаш да ги запре своите воени злосторства во Украина. Според ЕС, Русија насочува напади на цивили и цивилни објекти, како болница, здравствена установа, училиште и засолниште. „Воените злосторства мора да запрат“, наведува ЕС во документи, споделени на интернет од страна на портпаролот на претседателот на Советот. Во документите пишува и […]