Нов предмет во британските училишта: Ќе се учи за климатските промени


Во Британија од следната недела ќе се воведе нова наставна програма со нагласок на тоа како учениците може да ја заштитат планетата.

Британската управа за образование (DfE) објави дека учениците ќе учат за организмите и нивната околина, како и за прашањата за околината и одржливоста „за да стекнат подлабоко знаење за природниот свет околу себе“.

Учениците, исто така, ќе развиваат вештини за идни кариери за зачувување на природата, „од разбирање како да се зачуваат локалните диви животни до спроведување теренска работа потребна за идентификација на видовите“.

Наставата вклучува проучување на урбанизацијата во географијата и живеалиштата по биологија, но владата порача дека новиот колегиум ќе оди и понатаму во подучување за историјата и еволуцијата на видовите и влијанието на животот на природната средина, односно како се менуваат и развиваат.

Подлабоко знаење и разбирање на планетата

„Одрлжливоста и климатските промени се најголем предизвик со кој човештвото се соочува“, порача министерот за образование Надим Захавиа.

„Никој од нас не може да се сомнева во тоа колку тие станаа клучни. Новата програма од природна историја на младите ќе им понуди прилика да развијат длабоко знаење и разбирање на оваа неверојатна планета, нејзината околина и како да ја зачуиваат“, вели Захавиа.

„Владата блиску ќе соработува со независни стручњаци и низа организации за да развие детална наставна содржина“, објави DfE.

Додаваат дека стратегијата на одржливост и климатски промени ќе им помогне на „младите луѓе да развијат одлично знаење за STEM и практични прилики за подобрување на билошката разноликост и климатска отпорност“.