Ова е Украинецот кој стои зад говорите на Володимир Зеленски


 

Во овие бурни времиња и напади на Украина, претседателот Володимир Зеленски успеа да допре до луѓето низ целиот свет. Го направи тоа на многу начини, па и со своите говори со силни пораки кои често имаме прилика да ги чуеме. Сега е познато и кој стои зад нив.

Зад јавните обраќања на претседателот на Украина стои 38-годишниот Дмитро Литвин, политички аналитичар и поранешен новинар кој очигледно ужива во својата приватност на социјалните мрежи.

Пред да се дознае дека токму тој е автор на обраќањата со кои во нас се будат различни емоции имал само 200 рпијатели на Твитер, а сега таа бројка се зголемува од минута во минута.

„Мислам дека го чувте она што го напишав“, стои во описот на неговиот профил на кој од почетокот на војната може да се најдат информации соодветни на ситуацијата.

Иако Дмитро е автор на говорите на човекот кој го следи цел свет, тој не сака премногу да говори за тоа, но за „Гардијан“ вели дека служи за да го „спакува“ она што Зеленски сака да го каже.

„Претседателот секогаш знае што сака и како сака да го каже. Во обраќањата најважни се емоциите, а претседателот, секако е автор на емоциите и логиката“, објасни Дмитро.

Литвин е дел од претседателскиот внатрешен тим и еден од луѓето од неговото најблиско окружување, а од првиот ден на инвазијата вложува напори од Банково, украинска верзија на Белата куќа.

Еден од советниците на Зеленски, новинарот Сергиј Лешченко го опиша Дмитро како „книжевен и уметнички асистент“ откривајќи притоа дека тој ги собира претседателските идеи секојдневно.

„Тој е мисловен колектор“, откри.

Овој, за нас сосема неупадлив Украинец не е непознат за тамошната јавност, а со неговите способности сега е запознат и целиот свет кој од почетокот на обраќањата на Заленски се сметаше за негово „тајно“ оружје.

На почетокот на агресијата, и самиот Литвин изнесе неколку ставови за Владимир Путин, а при тоа рече дека дека според него тој има слаба фантазија.

„Објективната стварност не го контролира Путин. Тоа мора да го сфатиме. Санкциите нема да влијаат на него. Негова неумолива цел е да ја промени државата и украинската политичка стварнсот“, напиша тогаш.

Сепак, се чини Дмитро и Зеленски знаат што прават, затоа што судејќи според податоците од анкетите кои ги споделува „Гардијан“, дури 95 отсто од Украинците веруваат дека може да ѝ одолеат на инвазијата, додека 78 отсто од нив сметаат дека Украина оди во вистински правец. Литвин, пак, тврди дека претседателот на Украина може да послужи како пример на бројни други светски лидери.