Германија поради короната откажува сѐ повеќе божиќни саеми


  Еден од најголемите божиќни саеми во Германија, оној во минхен, веќе е откажан, а поради наглото влошување на епидемиолошката состојба под прашалник се и останатите. „Тешко е да се замисли пиење варено вино на божиќен саем додека болниците се на раб на силите и се борат со последните ресурси“, коментира саскиот премиер Михаел Кретшмер …

Германија поради короната откажува сѐ повеќе божиќни саеми Read More »

Земјотрес од 5,5 степени во Агрентина


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во провинцијата Сантјаго дел Естеро во Арганетина. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 582 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

ЕУ сака правилата за праќање отпад во сиромашните земји да бидат построги


Европската комисија предложи ревидирање на правилата за извоз на отпадот за да се отежне праќањето отпад во сиромашни земји од страна на членките на унијата. Предложениот закон, кој треба да го одобрат земјите членки и парламентот, е дел од планот на Брисел за намалување на загадувањето и да се осигура дека материлајите како пластика, текстил …

ЕУ сака правилата за праќање отпад во сиромашните земји да бидат построги Read More »

Земјотрес во Јадранско Море


Синоќа, 19 минути по полноќ во Јадранот е забележан потрес со магнитуда од 4,1 степен според Рихтер, јави ЕМСЦ. Земјотресот е забележан во ителијанскиот дел на Јадранот, а хипоцентарот бил на 5 км длабочина.

Бајден ги прашува регулаторите зошто поскапеле горивата во САД


Американскиот претседател Џо Бајден ги повика американските регулатори да ги разјаснат причините за поскапувањето на горивата на национално ниво. Минатата недела Бајден ја идентификуваше борбата против инфлацијата како главен приоритет по падот на довербата на јавноста кон него. Статистиката покажува дека цените достигнаа 30-годишен пик во октомври. Во писмото до Федералната трговска комисија, Бајден ги …

Бајден ги прашува регулаторите зошто поскапеле горивата во САД Read More »

Во САД за една година починале над 100.000 луѓе од предозираност со дрога


Во САД минатата година регистрирани се над 100.000 смртни случаи од предозираност со дрога, што е рекорден број смртни случаи за една година, соопштија американските здравствени власти. Бројката од 100.000 е надмината за време на пандемијата со Ковид-19. Во периодот од април 2020 година и истиот месец оваа година, во САД починале 100.306 лица поради …

Во САД за една година починале над 100.000 луѓе од предозираност со дрога Read More »

Во САД 80 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19


Осумдесет проценти од Американците на возраст од 12 и повеќе години примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, потврди денеска координаторот на Белата куќа за ковид-19, Џеф Зајентс. Зајентс додаде дека 2,6 милиони деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19. Американската Администрација за храна и …

Во САД 80 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19 Read More »

Европа соборува црни рекорди во инфекции на коронавирусот, Фаучи предупредува на „двоен удар“ во САД


Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19. СЗО ја информира јавноста дека …

Европа соборува црни рекорди во инфекции на коронавирусот, Фаучи предупредува на „двоен удар“ во САД Read More »

Помош за градови во Канада што се отсечени поради поплавите


Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена. Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои …

Помош за градови во Канада што се отсечени поради поплавите Read More »

Пресретнат дрон во обид да изврши напад врз аеродром во Саудиска Арабија


Коалицијата што се бори во Јемен против бунтовниците Хути потврди дека пресретнала и уништила дрон што се обидел да нападне врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија. Според соопштението, коалицијата предводена од Саудиска Арабија презема „оперативни мерки за справување со изворите на непријателски прекугранични напади“, јавија саудиски медиуми. Јемен е вовлечен во граѓанска војна од …

Пресретнат дрон во обид да изврши напад врз аеродром во Саудиска Арабија Read More »

Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени, прв пат по август


  Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени со корона вирус, прв пат по 25 август оваа година. Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа регистрирани биле 20.294 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата порасна на 7,33 милиони, а седнодневниот просек е 12.400 заразени. Неделниот број нови …

Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени, прв пат по август Read More »

Шаманот од упадот во Капитол осуден на 41 месец затвор


Американски федерален суд денеска на 41 месец затвор осуди еден од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, попознат како „QAnon Shaman“, за неговата улога во смртоносните настани при упадот во Капитол на 6 јануари годинава, пренесоа британските медиуми. Џејкоб Ченсли, поради своето исшарано лице со бои, крзното на себе и роговите на главата, стана еден од …

Шаманот од упадот во Капитол осуден на 41 месец затвор Read More »

САД ја додадоа Русија на црната листа заради загрижувачкиот однос кон верските слободи


САД– САД денеска соопштија дека ја додале Русија на црната листа на „особено загрижувачки“ земји во однос на верските слободи. Нигерија, од друга страна, која лани беше ставена на листата, годинава е повлечена од таму, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој неделава треба да ја посети оваа западноафриканска земја. Земјите …

САД ја додадоа Русија на црната листа заради загрижувачкиот однос кон верските слободи Read More »

Новавакс поднесе барање за одобрување на својата вакцина во ЕУ


Белгија – Фармацевтскиот гигант Новавакс поднесе барање за одобрување на неговата вакцина против коронавирус во ЕУ, а одлуката може да биде донесена „во рок од неколку недели“, соопшти денеска европскиот регулатор за лекови. Доколку биде одобрена, тоа ќе биде петта вакцина одобрена за употреба во ЕУ – останатите четири се произведени од Бионтех/Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон …

Новавакс поднесе барање за одобрување на својата вакцина во ЕУ Read More »

СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте смртноста од Ковид-19


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа минатата недела се зголеми за пет отсто и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19. СЗО додаде дека бројот на потврдени случаи на инфекцијата на глобално ниво е зголемен за шест отсто. Од 3,3 милиони …

СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте смртноста од Ковид-19 Read More »

Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација“ против Ковид-19


Главниот медицински советник во Белата куќа Ентони Фаучи предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе. Како што се приближува зимата и бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува, главниот медицински советник на Белата …

Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација“ против Ковид-19 Read More »

Атентатот во Ливерпул бил подготвуван најмалку седум месеци


Наводниот извршител на нападот со експлозијата, што се случи во неделата во такси во Ливерпул, северна Британија, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти денеска британската полиција. Силите за борба против тероризмот го истражуваат минатото на Емад Ал Свелмин (32), барател на азил кој го прифатил христијанството, кој загина во експлозијата во неделата околу 11 часот пред женска болница, …

Атентатот во Ливерпул бил подготвуван најмалку седум месеци Read More »

(Видео) Сицилија ја погодија поплави, невреме и пијавици, загина едно лице


Пијавицата која денеска се формира на југот на Сицилија уби еден човек и нанесе штета на имотите. На тоа подрачје, поради силните дождови дојде до поплави, па властите ги затворија училиштата. Канцеларијата на цивилната заштита соопшти дека маж на возраст од педесетина години, кој излегувал од дома во близина на градот Рагуза, бил зафатен од …

(Видео) Сицилија ја погодија поплави, невреме и пијавици, загина едно лице Read More »

Пандемијата ја зголеми економската зависност на Германија од Кина


Пандемијата  со Ковид-19 ја зголеми економската зависност на Германија од Кина во многу области, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Тој додаде дека е потребна отворена дискусија за тоа како да се намали прекумерната зависност од растечкиот азиски гигант. – Го видовме фактот колку станавме зависни од Кина, изјави Шпан на економската конференција …

Пандемијата ја зголеми економската зависност на Германија од Кина Read More »

На „Тајмс сквер“ повторно ќе се слави Нова година


САД – Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио денеска најави дека Новата година повторно ќе се слави на „Тајмс сквер“ плоштадот, по откажувањето лани поради пандемијата на коронавирус. – Стотици илјади луѓе ќе дојдат да слават. Конечно ќе можеме повторно да се најдеме еден со друг и тоа ќе биде фантастично!, изјави градоначалникот. Сепак, тој нагласи …

На „Тајмс сквер“ повторно ќе се слави Нова година Read More »