Триесет и шест години од несреќата во Чернобил


Денеска се навршуваат 36 години од несреќата во Чернобил во Украина. На денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата. Десетици луѓе го изгубија животот веднаш по катастрофата, а се верува дека илјадници луѓе починаа од последици од радијација. Најтешката катастрофа во […]

СЗО: Две лица починаа во нова епидемија на ебола во ДР Конго


 Уште еден пациент со потврдена ебола почина во Демократска Република Конго, неколку дена откако смртоносната болест повторно се појави во земјата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Генетското тестирање покажа дека инфекцијата е потврдена минатата недела, нов случај на пренос од заразено животно и дека не е поврзана со последната епидемија, чиј крај беше објавен во декември, информира СЗО […]

Кадиров нуди милион долари за Чеченците кои војуваат на страната на Украина


  Чеченскиот лидер Рамазан Кадиров на всвојот Телеграм нагол објави дека нуди милион долари за информација за локацијата на „баталјонот на шеикот Мандуро и Дудаев“ – Чеченците кои отидоа да војуваат на страната на Украина. Кадиров порано вети дека ќе се позанимава со лушето кои побегнаа од Чеченија, кои, нарекувајќи се себеси “баталјони на шеикот […]

Групацијата „Трамп“ навреме не доставила документи до Судот, ќе плаќа пенали од десет илјади долари дневно


САД– Судот во Њујорк пресуди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе мора да плаќа пенали од десет илјади долари дневно се додека пред властите не ги достави бараните сметководствени и даночни документи како дел од истрагата што ги води Обвинителството против него и неговите соработници. Главната обвинителка во Њујорк, Летиција Џејмс, изјави дека станува […]

Макрон би сакал да именува жена за премиер


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон би сакал да назначи жена за премиер, изјави државниот секретар за европски прашања Клеман Бон. Актуелниот премиер на Франција, Жан Кастек ја презеде функцијата во 2020 година, по оставката на неговиот претходник Едуар Филип и неговиот кабинет, пред реконструкцијата на владата. – Емануел Макрон сигурно би сакал да именува жена […]

Бајден ја назначи Бриџит Бринк за нова амбасадорка на САД во Украина 


САД– Претседателот на САД, Џо Бајден ја назначи Бриџит Бринк на функцијата амбасадор на САД во Украина. Бринк досега беше амбасадорка на САД во Словачка.   Кандидатурата на Бринк треба да биде утврдена од американскиот Сенат.  Дипломатите на САД неделава започнуваат да се враќаат во Киев. Тие ја напуштија амбасадата во Киев отприлика две недели […]

Американските хаубици веќе стигнуваат во Украина


  Украинското Министерство за одбрана денеска потврди дека во Украина почнале да пристигнуваат хаубици од 155 мм што им ги испратиле САД, но и „други партнери“, како што е Франција. Министерот за одбрана Олексеј Резников предвидува дека ова оружје со долг дострел „фундаментално“ ќе ја промени борбата против Русија. Хаубиците од 155 мм се со […]

Полска испрати тенкови во Украина


  Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека неговата влада испратила тенкови во Украина. За време на интервјуто за приватната телевизија Полсат њуз, Моравјецки беше прашан дали Полска испратила или ќе испрати тенкови во Украина. Тој одговори „да“, без да даде повеќе детали. Тој рече дека ќе објави повеќе информации „во догледно време“, но засега нема […]

Моментот кога руски борбен авион е погоден од украинска ракета, пилотите се катапултираат (Видео)


  Ова е драматичен момент кога двајца руски пилоти на борбениот авион „Су-34“ се гледаат како се катапултираат од нивниот погоден воен авион. „Сухојот“ изгуби контрола, а потоа удри во земјата во џиновска огнена топка, откако беше погоден од Украинците додека беше во мисија на бомбардирање. Белите падобрани на двајцата пилоти се гледаат на небото […]

Британски проценки: Убиени се 15.000 руски војници


  Британскиот секретар за одбрана, Бен Валас, денеска ги објави новите проценки на неговата земја за руските загуби на бојното поле. Тој рече дека Министерството за одбрана проценило дека биле убиени околу 15.000 руски војници, додека околу 2.000 оклопни возила биле уништени или заробени. Тоа вклучува најмалку 530 тенкови, 530 оклопни транспортери и 560 борбени […]

Британија ќе ѝ испрати на Украина оклопни возила „Стормер“


  Велика Британија ѝ дава на Украина „мал број“ оклопни возила „Стормер“ опремени со лансери за противвоздушни ракети „Старстрик“ за да ја зајакне воздушната одбрана на земјата. Секретарот за одбрана Бен Валас изјави пред Долниот дом на парлементот дека со возилата ќе бидат подобрени „противвоздушни способности со краток дострел и дење и ноќе“. Тој рече […]

Врвот на германската СПД бара Шредер да биде исклучен од партијата


  Високи германски социјалдемократи сакаат поранешниот канцелар Герхард Шредер да биде исфрлен од партијата поради неговото одбивање да го осуди рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата на Украина. „Герхард Шредер се однесува само како бизнисмен многу години и треба да престанеме да го перципираме како искусен државник и поранешен канцелар“, рече Заскиа Ескен, една од […]

Најмалку пет жртви во руските напади на железничките станици во Украина


Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени во денешните руски напади врз железничките објекти во Виничката област во Украина, соопшти локалното обвинителство. – Во непријателското гранатирање загинаа пет лица, а 18 се ранети, се вели во соопштението на обвинителството. Како што пренесе Бета, цел на ракетниот напад во утринските часови била „транспортната инфраструктура“ недалеку од градовите Жмеринка и Козјатин. Виничката област се протега централно и западно […]

Русија протера 40 германски дипломати


Русија прогласи за персона нон грата 40 германски дипломати. Германскиот амбасадор Геза Андреас фон Геир денеска бил повикан во руското МНР, пренесе Бгнес. Таму му било изразени незадоволство поради протерувањето на руски дипломати и му било соопштено дека Москва, како одговор, прогласила за персона нон грата 40 вработени во германската амбасада во Русија. Во март и април речиси сите земји од […]

Пропадна евакуацијата на цивили од челичарницата „Азовстал“


  Украина вели дека нема спогодба за хуманитарен коридор од челичарницата. Не постигнале спогодба со Русија за формирање хуманитарен коридор со кој цивилите би се извлекле од опколениот град Мариупол, рече заменичката на украинскиот претседател. Ова доаѓа откако Русија објави прекин на огнот за да се овозможи на цивилите кои се наоѓаат во скривниците во […]

Путин објави дека спречиле атентат врз главниот новинар на Кремљ – Владимир Соловјев


  Руската тајна служба ФСБ објави дека е уапсена група „неонацисти“ кои подготвувале обид за атентат врз познатиот телевизиски водител и еден од главните пропагандисти на Кремљ, Владимир Соловјов, пренесе Тасс. Злосторството наводно било подготвено по налог на украинската безбедносна служба СБУ. Уапсените, според ФСБ, припаѓаат на „неонацистичката терористичка организација ‘Националсоцијализам/Бела моќ’“, која е наведена […]

САД најавија враќање на своите дипломати во Украина


За време на вчерашната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најавија постепено враќање на американските дипломати во Украина и посочија дека ќе биде номиниран нов амбасадор. Се очекува денеска американскиот претседател Џо Бајден и официјално да ја назначи Бриџит Бринк за амбасадор на САД во Киев, […]

ЕУ со нов шести пакет санкции против Русија


Белгија– Европската Комисија потврди дека се работи на шести пакет санкции против Русија, но никакви детали за нивната содржина не се соопштуваат, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денеска го потврди портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, на редовниот брифинг за новинари. -ЕУ до сега покажа дека е подготвена да оди далеку во воведувањето […]

Швајцарија ги укинува мерките за сите патници


  Патниците од сите земји наскоро ќе можат да влезат во Швајцарија без почитување на какви и да се правила за Ковид-19. Почнувајќи од 2 мај, на сите патници, без оглед од која земја доаѓаат, ќе им биде дозволен влез во Швајцарија без ограничувања. „Ограничувањата за влез кои сега се на сила ќе бидат укинати […]

Исклучително зголемен бројот на смртни случаи од Ковид во Шангај, кој еден месец е во „локдаун“


Зголемен е бројот на смртни случаи кај заразените со Ковид во последните неколку дена во Шангај, кој речиси еден месец е во целосна изолација. Ова го покажуваат податоците што денеска ги објави Градската комисија за хигиена и здравје. Во текот на изминатите 24 часа во мегаполисот починале 51 лице со позитивен тест на Ковид, а […]