Зеленски се сретна со Блинкен и Остин во Киев, американска воена помош од 713 милиони долари


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Киев, соопшти неговата администрација. Тоа е прва средба меѓу Зеленски и американски претставници од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. „Денес, украинскиот народ е обединет и силен, а украинско-американското пријателство и партнерство […]

Голем пожар на важен руски нафтовод, гори склад со нафта


Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации. „Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. […]

Макрон: Годините што доаѓаат нема да бидат мирни, Франција ќе го крене гласот


Емануел Макрон, со звуците на европската химна „Ода на радоста“, старо-новиот претседател,  пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде во знакот на децата. На почетокот од неговото обраќање на естрадата пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс, симболично […]

Путин за малку ќе го потпишел мировниот договор, па одненадеж се премислил


  Рускиот претседател Владимир Путин изгуби интерес за дипломатското решение на војната што ја започна во Украина и се чини дека целосно се фокусираше на освојување што е можно поголем дел од територијата на Украина, објави „Фајненшел тајмс“, цитирајќи тројца луѓе за кои весникот тврди дека се добро упатени во разговорите со лидерот на Руската […]

Европските лидери со честитки до Макрон: Сметаме на Франција додека си ти претседател


Емануел Макрон е реизбран за француски претседател, според првите проекции на изборните резултати во кои актуелниот лидер се спротивстави на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен. Франс 24 објави дека според првичните проекции, Макрон освоил 58,2 отсто, а Ле Пен 41,8 отсто од гласовите. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската […]

Макрон ја порази Лепен, освои 58 отсто од гласовите


Нов француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Лепен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА. Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа […]

Украина е разочарана од предлогот на Виена за соработка наместо членство во ЕУ


Украинското Министерство за надворешни работи е разочарано од предлогот на шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг да се најде посебен начин Киев да соработува со ЕУ наместо полноправно членство. Ова денеска го соопшти портпаролот на одделот Олег Николенко. „Ние сме разочарани од изјавите на сојузниот министер за надворешни работи на Австрија за европската иднина на […]

Руските сили гранатираа украинска фабрика за експлозиви


 Руската армија погоди украинска фабрика за експлозиви, неколку артилериски складишта и стотици други цели, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Руската војска употреби проектили со прецизно наведување за да уништи фабрика за производство на барут и експлозиви во близина на Павлоград во реонот на Днепар во централна Украина“, наведува руското МО. Во соопштението се вели […]

Зеленски и Ердоган разговараа за евакуација од Мариупол


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за евакуација на цивили од Мариупол. Зеленски на Твитер напиша дека во разговор со Ердоган ја истакнал потребата од итна евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и оние кои се кријат во фабриката за челик Азовстал. Тој напомена дека разговарал со […]

Првата жртва од 10 заробени рудари е извадена од рудник за јаглен во Полска


Од рудникот за јаглен Зофјувка во Шлезија, во југозападна Полска, спасувачите во текот на ноќта го изнесоа телото на првиот мртов рудар од десетмината кои вчера останаа заглавени под земја откако во рударското окно дојде до силен потресо со зголемување на концентрација на метан. По потресот, од 52 рудари кои се наоѓале во тој дел, […]

Зеленски по повод Велигден: Ордите на злото нема да нè уништат


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска, по повод Велигден, изјави дека ниедно „зло“ нема да ја уништи Украина и се помоли Бог да им ја врати среќата на децата и да им донесе утеха на ужалените мајки. Во видео пораката снимена во една од најпознатите знаменитости на Украина, илјадагодишната Света Софија во Киев, Зеленски рече дека […]

Почит за мајката и тримесечното бебе убиени во Одеса


  Мајка и нејзиното тримесечно бебе се меѓу загинатите откако зграда во Одеса беше погодена со проектили во саботата, изјави украинскиот претседател Зеленски. Новинарите и другите се огласија на Твитер, објавувајќи слики и почит на мајката и детето. Мирослава Петса, новинарка на Украинскиот сервис на Би-Би-Си, рече дека мајката се викала Валерија, а нејзиното новороденче […]

Австрија е против членството на Украина во ЕУ


  Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг смета дека на Украина не треба да ѝ се понуди членство во ЕУ. Шаленберг ја коментираше темата во говорот на 14. европски медиумски самит во Лех ам Арлберг. Министерот смета дека Украина не треба да добие кандидатски статус во јуни, како што очекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. […]

Два месеци од почетокот на руската инвазија во Украина


Утрово руската инвазија на Украина влезе во третиот месец. Крајот на борбите не е на повидок, илјадници се убиени, милиони протерани, а градовите претворени во урнатини. Соочена со сè посилни санкции од западните земји и жестокиот украински отпор поддржан од западно оружје, Русија продолжува да бомбардира градови и започна нова офанзива на истокот на Украина. Според […]

Американската амбасада ги советува своите државјани да ги избегнуваат големите француски градови овој викенд


 Американското дипломатско претставништво во Франција предупредува на ризик од „тероризам“ и „нарушување на граѓанскиот ред“, но и на „собири“ оваа недела „кои можат да станат насилни“ во контекст на вториот круг на претседателските избори, јави дописникот на МИА. -Спонтаните собири во градовите низ Франција по 20 часот може да станат насилни, предупредува американската амбасада во […]

Претседателските избори во Франција и последиците за Европа: Две визии за ЕУ


Европа е составен дел од разидувањата во изборните програми на двајцата кандидати за претседател на Франција. Од една страна, Емануел Макрон, убеден Европеец и кој сака да обезбеди проевропски политички континуитет. Од друга, Марин Ле Пен и нејзината визија за „Европа на нациите“,Небојша Вукадиновиќ, доктор на институтот за политички студии од Париз, Професор на Сциенс […]

Вселенскиот патријарх повика на итен прекин на војната во Украина


Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина. „Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот“, рече Вартоломеј за време на велигденската честитка. Оваа година, во ноќта кон Велигден во цела Украина беше во сила полициски час поради страв од провокација на руските војници. […]

Рускиот патријарх сака и мир и војна во Украина


Поглаварот на Руската православна црква, чија поддршка за „специјалната воена операција“ на Москва во Украина вознемири многу христијани, рече дека се надева оти конфликтот наскоро ќе заврши, но овој пат не го осуди ниту критикуваше.   На богослужбата на отворено пред московската катедрала Христос Спасителот во пресрет на православниот Велигден, патријархот Кирил посипуваше света вода […]

Русија распореди ракетни системи покрај украинската граница


 Русија распореди мобилни ракетни системи „Искандер“ на бојното поле на 60 километри од украинската граница, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Непријателот го зголеми бројот на војници во регионот на Белгород со префрлање и концентрирање на дополнителни единици“, соопштија украинските вооружени сили во нивното дневно утринско ажурирање. „Според достапните информации, лансерите Искандер-М се […]

Франција одлучува меѓу Макрон и Марин Ле Пен


Во Франција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а гласачите ќе одлучат кој ќе ја предводи земјата во следните пет години – актуелниот претседател и лидер на Република во движење Емануел Макрон или кандидатката на десницата Марин Ле Пен. Гласачките места ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Право на глас имаат […]