САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е …

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина Read More »

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски


По 20 март, во Германија ќе престанат да важат повеќето мерки на ограничување поради корона вирусот, со исклучок на носењето маски. Германија во однос на другите европски земји релативно добро помина низ последниот бран од пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека релаксацијата на мерите во Германија планирано е да се одвива во …

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски Read More »

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува …

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение Read More »

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили. Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за …

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот Read More »

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина


Полска, која моментно претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска најави дека ќе свика вонредна седница на Постојаниот совет на таа организација поради ситуацијата во Украина. Украина побарала седницата да се одржи утре, се наведува во писмото што на Твитер го објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачинские. Западните …

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина Read More »

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина


На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира. Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф. „Се чини дека руските …

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина Read More »

Уште една трагедија во семејството на Берни Медоф, организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот


САД- Сестрата на покојниот осуден финансиер Берни Медоф починала, заедно со нејзиниот сопруг, во она што се истражува како можно убиство-самоубиство, според извештајот. Сондра Винер имаше 86 години. Таа и нејзиниот сопруг Марвин Винер беа пронајдени мртви во нивниот дом во Флорида во четвртокот и истрагата беше во тек, објави BocaNewsNow.com во саботата вечерта, цитирајќи …

Уште една трагедија во семејството на Берни Медоф, организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот Read More »

Луфтханза и АУА ги прекинуваат летовите за Киев и Одеса


Австрија– Австриската авиокомпанија АУА соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите кон Киев и Одеса, а одлуката ќе важи до крајот на февруари. Летовите до Лавов ќе продолжат и во моментов АУА лета на таа линија три пати неделно. АУА нагласува дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет и оти состојбата во Украина …

Луфтханза и АУА ги прекинуваат летовите за Киев и Одеса Read More »

Бајден свика Совет за безбедност поради Украина


САД – Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. – Утре претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина, информира таа. – Претседателот Бајден …

Бајден свика Совет за безбедност поради Украина Read More »

Трамп носел доверливи документи од Белата куќа во својата вила на Флорида


САД – Доверливи документи од Белата куќа, спакувани во 15 кутии, се пронајдени во викендичката на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во американската држава Флорида, соопшти Националниот архив на САД. Како што јави Гласот на Америка, наведено е дека целиот случај е проследен до Министерството за правда на САД. Писмото од Националниот архив е испратено до Комитетот …

Трамп носел доверливи документи од Белата куќа во својата вила на Флорида Read More »

Најмалку 138 лица загинаа во свлечишта и поплави во Бразил


Бразил – Бразилските спасувачи вчера открија нови тела под купишта кал во југоисточниот град Петрополис, уништен од поплави и свлечишта во кои, според новиот биланс, загинале 138 луѓе, меѓу кои 26 деца. Обилни дождови наврнаа во вторникот во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на 60 километри северно од Рио де Жанеиро, претворајќи ги улиците во порои …

Најмалку 138 лица загинаа во свлечишта и поплави во Бразил Read More »

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина


Германија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета. – Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција. Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО …

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина Read More »

Полицијата во Отава уапси 47 демонстранти


Канада – Полицијата во Отава соопшти дека вчера уапсила 47 лица и одвлекла околу 30 возила за да ги спречи камионџиите кои протестираа против мерките воведени за борба против коронавирусот. Полицијата претходно со употреба на сила ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот …

Полицијата во Отава уапси 47 демонстранти Read More »

Нападнати украинскиот министер за внатрешни работи и 25 новинари (ВИДЕО)


Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски бил нападнат во Донбас, заедно со група пратеници и 25 новинари, изјави денеска неговиот советник. Наводниот инцидент се случил во близина на селото Новолуганское во самопрогласената Народна Република Доњецк, пренесува РТ. „Само што беа гранатирани министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, група пратеници, како и 25 странски новинари“, …

Нападнати украинскиот министер за внатрешни работи и 25 новинари (ВИДЕО) Read More »

Москва тврди дека има масовни гробници во Донбас


Русија ќе испрати посебна порака до Германија преку дипломатски канали со докази за масовни гробници во Донбас, по изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека обвинувањата за геноцид во регионот се смешни, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаровa. „ Ова е мојата порака до колегите во германското Министерство за надворешни …

Москва тврди дека има масовни гробници во Донбас Read More »

ЕУ ќе ја координира  хуманитарната помош за Украина


Европската унија денеска соопшти дека ќе ја координира испораката на хуманитарна помош во Украина, особено медицински материјали и заштитна опрема по воздушен пат, по барање на Киев. Помошта што ја даваат земјите-членки „има за цел да ги поддржи напорите на Украина да се подготви за сите можни сценарија“, се вели во соопштението на Европската комисија. Помошта вклучува медицински маски за …

ЕУ ќе ја координира  хуманитарната помош за Украина Read More »

Луфтханза укинува летови за Украина


Германија и Франција денеска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради влошувањето на ситуацијата во источниот дел на земјата, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји. Германското Министерство ги повика своите граѓани „итно“ да ја напуштат Украина поради опасност од вооружен конфликт. – Предупредуваме на опасност од патување во Украина, се вели во соопштението …

Луфтханза укинува летови за Украина Read More »

Германија повика да не се прават „претпоставки“ за одлуките на Русија


Германија, која претседава со Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), денеска се огради од верувањето на САД во претстојниот руски напад врз Украина и повика да „не се прават не претпоставки“ за идните одлуки на Москва. – Во кризна ситуација најлошо нешто е да се претпостави или да се обидеме да сфатиме што ќе се случи, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, …

Германија повика да не се прават „претпоставки“ за одлуките на Русија Read More »

На Русија може да ѝ се оневозможи пристап до пазарот и високите технологии


Москва нема да има пристап до финансиските пазари и високотехнолошките производи под санкциите што Западот ги подготвува во случај Русија да ја нападне Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на безбедносната конференција во Минхен. Таа ова го изјави во време на зголемени тензии околу намерите на Русија кон Украина и по вчерашната …

На Русија може да ѝ се оневозможи пристап до пазарот и високите технологии Read More »

САД сè уште се отворени за дипломатија со Русија


САД продолжуваат да се надеваат на дипломатско решавање на ситуацијата околу Украина, изјави американската потпретседателка Камала Харис во денешниот говор на безбедносната конференција во Минхен. – Сè уште сме отворени за дипломатско решение. Но, ако тоа не се случи, тогаш ќе има последици. И тие ќе бидат тешки и молскавично брзи, рече Харис. Според неа, САД се надеваат дека дипломатските …

САД сè уште се отворени за дипломатија со Русија Read More »