(Видео) Бура предизвика хаос во Европа – илјадници без струја


Поради силни бури во многу европски земји, меѓу кои Велика британија, Белгија, Холандија, Полска, Германија и Франција, настана значителна материјална штета. Оштетени се бројни станбени објекти и возила, а многу домаќинства се без електрична енергија, додека сообраќајот е отежнат, пишува Анадолија. Бурите во некои европски земји почнаа минатата недела и уште траат. Во многу градови …

(Видео) Бура предизвика хаос во Европа – илјадници без струја Read More »

Украина: Двајца војници загинаа, а 12 се повредени при гранатирање од страна на сепаратистите


Украинската војска денеска соопшти дека двајца украински војници се убиени, а 12 се повредени при гранатирање од страна на проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа, што е најмногу жртви оваа година. Украинските сили на својата Фејсбук страница објавија дека пријавиле 84 случаи на гранатирање од непријателски камп. Според украинската војска, со употреба …

Украина: Двајца војници загинаа, а 12 се повредени при гранатирање од страна на сепаратистите Read More »

Реакции на меѓународната заедница на одлуката на Русија да признае две независни територии во источна Украина


Меѓународната заедница ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на проруските региони во источна Украина. Ова се дел од реакциите: Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерешсмета дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина со признавањето на двата отцепени региони на источна Украина како независни држави, изјави портпаролот на …

Реакции на меѓународната заедница на одлуката на Русија да признае две независни територии во источна Украина Read More »

Западот најавува нови санкции против Русија, колку ќе бидат ефикасни


Западните држави за денеска најавија нови санкции против Русија заради признавањето на Доњецк и Луганск како независни држави, јавија агенциите. Нови мерки најавија САД, ЕУ, Велика Британија, Канаа, а и Јапонија најверојатно ќе се приклучи на западните санкции против Русија.  САД денеска ќе објават нови санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва да …

Западот најавува нови санкции против Русија, колку ќе бидат ефикасни Read More »

Кина во ОН бара воздржаност од сите страни во Украина


Кина повика на воздржаност од „сите страни“ за да се избегне понатамошна ескалација во украинската криза, повикувајќи на дипломатско решение за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН. „Сите засегнати страни мора да покажат воздржаност и да избегнуваат каква било акција што може да поттикне тензии. Го поздравуваме и охрабруваме секој напор …

Кина во ОН бара воздржаност од сите страни во Украина Read More »

Вашингтон ќе ги „процени“ воените потези на Русија пред нови мерки


САД ќе ги „проценат“ следните воени потези на Русија пред да усвојат какви било нови одмазднички мерки против Москва. Тоа синоќа го изјави висок функционер во Белата куќа, откако Москва ги призна украинските сепаратистички територии како независни држави. Вашингтон ќе продолжи со своите дипломатски напори „додека руските тенкови не се поместат“, изјави високиот функционер. Тој …

Вашингтон ќе ги „процени“ воените потези на Русија пред нови мерки Read More »

За Турција потегот на Русија е неприфатлив


Турција смета дека е неприфатлива одлуката на Русија да ја признае независноста на т.н. Доњецка и Луганска нарона република, соопшти Министерството за надворешни работи на земјава. „Одлуката на Руската Федерација да ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск е кршење на Договорите од Минск, како и јасно нарушување на политичкото единство, суверенитет и територијалниот интегритет …

За Турција потегот на Русија е неприфатлив Read More »

НАТО ја обвини Русија дека бара изговор за инвазија


Ја осудувам одлуката на Русија да го прошири признавањето на самопрогласените „Доњецка народна република“ и „Луганска Народна република“, изјави вечерва генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Ова дополнително го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги еродира напорите за решавање на конфликтот и ги прекршува договорите од Минск, во кои Русија е засеганата …

НАТО ја обвини Русија дека бара изговор за инвазија Read More »

Се што најавија западните медиуми се остварува: Путин распоредува војници во источна Украина


Се што најавуваа како сценариот западните политичари и медиуми почна да се остварува. Место лажните најави дека се повлекува, рускиот претседател Владимир Путин вечерва наредил распоредување војници за да се зачува мирот во регионите на источна Украина, Луганск и Доњецк.Овие територии се под контрола на сепаратистите, а  Москва од денеска ги признава како независни држави, …

Се што најавија западните медиуми се остварува: Путин распоредува војници во источна Украина Read More »

Путин ја призна независноста на двата сепаратистички региони во Украина


  По долготраен говор кој траеше речиси еден час, Владимир Путин рече дека ќе ја признае независноста на две територии на источна Украина, Луганската Народна Република (ЛПР) и Народна Република Доњецк (ДПР). По телевизиското обраќање до Русија емитувано на државниот информативен канал во земјата, Путин им се придружи на лидерите на ЛПР и ДПР да …

Путин ја призна независноста на двата сепаратистички региони во Украина Read More »

Како верните соработници пелтечеа во апсурдниот и гневен спектакл на Путин


  Седејќи сам на бирото во големата сала со столбови во Кремљ, Владимир Путин погледна низ пространиот под со паркет кон неговиот совет за безбедност и праша дали некој сака да изрази алтернативно мислење. Тој беше пречекан со тишина. Неколку часа подоцна, рускиот претседател се појави на државната телевизија за да одржи луто, необично предавање …

Како верните соработници пелтечеа во апсурдниот и гневен спектакл на Путин Read More »

Европските лидери ја осудија одлуката на Путин


  Лидерите на Европската унија ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на двата проруски сепаратистички региони во Украина. „Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во …

Европските лидери ја осудија одлуката на Путин Read More »

Вонредно обраќање на Путин до нацијата: Украина е создадена од Русија


Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН. Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена …

Вонредно обраќање на Путин до нацијата: Украина е создадена од Русија Read More »

Борел го повика Путин да не ги признава самопрогласените републики во Украина


Шефот на ЕУ дипломатијата Жосеп Борел упати повик до рускиот претседател Владимир Путин да не ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганска, јави дописничката на МИА од Брисел. Борел ова го изјави по завршувањето на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, што се одржа денеска во Брисел и во најголем дел беше посветен …

Борел го повика Путин да не ги признава самопрогласените републики во Украина Read More »

Џонсон: Од четврток се укинуваат сите антипандемиски мерки во Англија


 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на Ковид-19, јави Блумберг. -Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома, изјави денеска Џонсон. Британскиот премиер додаде дека …

Џонсон: Од четврток се укинуваат сите антипандемиски мерки во Англија Read More »

Украина бара итна седница на Сoветот за безбедност на ОН


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „веднаш“ да одржи седница за заканата што ја претставува Русија за Украина. Кулеба на Твитер напиша дека најмоќното тело на ОН треба да се состане „за да разговараат за итни дејствија насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање …

Украина бара итна седница на Сoветот за безбедност на ОН Read More »

На Путин му е малку и мораториум на членството на Украина во НАТО


  Мораториум на членството на Украина во НАТО нема да ги реши тензиите меѓу Русија и Западот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесен од ДПА. Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“. Русија сака да спречи нејзината соседка да се …

На Путин му е малку и мораториум на членството на Украина во НАТО Read More »

Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим


Европската Унија усвои нови санкции против Русија попладнево, соопшти Советот на ЕУ. Станува збор за рестриктивни мерки против дополнителни пет лица инволвирани во изборите на руската Дума во септември 2021 во Крим кој ЕУ го смета за нелегална анексија. Овие пет лица ќе бидат предмет на санкции од страна на ЕУ во рамките на постојниот …

Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим Read More »

Нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија


Нешто повеќе од една недела од последната голема ерупција, вулканот Етна на Сицилија денеска повторно исфрла лава и пепел, оставајќи огромен облак од пепел на небото. Ерупцијата, од југоисточниот кратер на вулканот, создаде облак од пепел  во височина од 12 километри, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија. На снимките во живо од …

Нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија Read More »

Путин ќе ја признае независноста на окупираните територии во Украина


Одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск (ДПР и ЛПР) ќе биде донесена в понеделник, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА. Путин ова го изјави по состанокот на Советот за национална безбедност, што во живо беше пренесуван на државната телевизија. Сите учесници на состанокот, вклучувајќи ги и министерот за …

Путин ќе ја признае независноста на окупираните територии во Украина Read More »