Украинското знаме повторно подигнато на Змискиот остров


  Украинското знаме повторно е подигнато на Змискиот остров во Црното Море, изјави во понеделникот портпарол на украинската војска, откако руските трупи се повлекоа од стратешкиот пункт минатата недела. „Територијата [Змискиот остров] е вратена во јурисдикција на Украина“, изјави на прес-конференција Наталија Хумениук, портпарол на јужната воена команда на Украина.

(Видео) Драма на небото: Борбени авиони пресретнаа патнички авион


Борбени авиони на шпанското воено воздухопловство вчера пресретнале патнички авион кој летал од Англија до Махон, шпански туристички град на Балеарските Острови. Снимката објавена од Flight Emergency покажува блиска средба меѓу еден од борбените авиони и патничкиот Ербас. Како што пренесува Дејли Мејл, пресретнувањето се случило откако 18-годишен Британец наводно се заканил со бомба во […]

Сергеј Шојгу: Украина за две недели загуби 5.469 лица


  Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се се сретна со министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Еве што си кажаа: Сергеј Шојгу: Операцијата за „ослободување“ на регионот Луганск беше успешно спроведена. Загубите на украинската армија за две недели изнесуваат 5.469 лица. Владимир Путин: Единиците кои се бореа во регионот на Луганск треба да се одморат […]

Грузијците на масовни протести: „Ние сме Европа“


  Грузијците одржаа нов масовен митинг во неделата (3 јули) барајќи од владата оставка поради нејзиниот неуспех да обезбеди формално кандидатура за членство во Европската унија. Црноморската нација е под масовни протести откако лидерите на ЕУ кон крајот на јуни одлучија да го одложат барањето за членство на Тбилиси, во очекување на опсежни политички реформи. […]

Во Либија има до 100 масовни гробници


Мисијата на Обединетите нации во Либија денеска соопшти дека „веројатно има масовни гробници“ кои допрва треба да се истражат, дека можеби има и до 100 од нив, во градот каде што се откриени стотици тела, а во исто време апелира до Триполи да ја продолжи потрагата.   Извештајот ќе биде доставен оваа недела до Високиот […]

Кулеба: Или ОБСЕ ќе биде без Русија или ќе пропадне


 Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во фаза на самоуништување и ќе пропадне, доколку Русија продолжи да биде дел од неа, смета министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. – На нашиот континент има уште една голема и убава организација – ОБСЕ, што се наоѓа во фаза на самоуништување. Затоа што […]

Папата демантира дека се повлекува од Светата столица од здравствени причини


Ватикан – Папата Франциск ги отфрли информациите дека планира да поднесе оставка во блиска иднина, велејќи дека е на пат да ја посети Канада овој месец и се надева дека ќе може да замине во Москва и Киев што е можно поскоро после тоа. Во ексклузивното интервју во неговата резиденција во Ватикан, папата исто така […]

Поради песочна бура затворени училишта во Иран


Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура. Државната телевизија објави предупредување за лошиот квалитет на воздухот и ги советува постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост. Ова е четврта силна песочна бура од средината на април и вторпат поради неа училишта […]

Падна и Лисичанск, целиот регион Луганск во руски раце


  По неколку недели тешки борби против Русија, украинските војници се повлекоа од Лисичанск, последниот голем град под контрола на Киев во источниот регион Луганск, соопшти во неделата воената команда на земјата. „За да се зачуваат животите на бранителите на Украина, донесена е одлука за повлекување“, се вели во соопштението на Генералштабот на вооружените сили. […]

На Холандија ѝ се закануваат конфликти, денеска блокада на аеродроми


За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести, додека за денеска е најавена масовна блокада на пристапот до амстердамскиот аеродром „Шипхол“ и аеродромите во Ајндховен и Мастрихт, јави Бета. Полицијата најави дека со сите средства ќе ги разбие блокадите, […]

Полицијата за нападот во Копенхаген: Не е тероризам, напаѓачот е со ментална болест


Шефот на полицијата Сорен Томасен рече дека нема индиции дека вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген бил терористички чин. Додаде дека осомниченоиот, кој засега не се идентификува во јавноста, има историја на ментални заболувања. Инаку, 22-годишен Данец, синоќа во шопинг-центар во Копенхаген со истрели од огнено оружје уби тројца и рани повеќемина. Полицијата соопшти […]

Ураганот „Бони“ ги зафати Централна Америка и југозападниот брег на Мексико


Тропската бура „Бони“ од синоќа се претвори во ураган од прва категорија, зафаќајќи го југозападниот брег на Мексико и земјите на Централна Америка, притоа предизвикувајќи смрт на најмалку три лица и значителна материјална штета во Ел Салвадаор и Никарагва. Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ветрот предизвикан од ураганот достигнал постојана силина и […]

Протести во Акрон поради убиство на Афроамериканец од страна на полицијата


Стотици луѓе вчера протестираа во Акрон, во американската сојузна држава Охајо по објавата на видео-снимка на кој се гледа како е убиен Афроамериканецот, Џајланд Вокер. Според адвокатот на Вокер, полицијата во него истрелала 60 куршуми. Вокер (25) беше убиен на 27 јуни бегајќи од полицијата по бркотница со автомобил поради сообраќаен прекршок. На снимката што […]

Трас денеска ќе го објави планот за обнова на Украина


Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе го објави сеопфатниот долгорочен план за помош во обновување на Украина, кога ќе заврши тамошната војна, најавуваат медиуми. Трас на конференција за обновување на Украина во Швајцарија, ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата со испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна, со цел […]

(Видео) Објавена снимка од пукањето во трговскиот центар во Данска: „Ова е терористички напад…“


На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пукање од огнено оружје во трговски центар во Копенхаген, каде напаѓач во неделата уби три лица и тешко повреди неколку од нив. Освен тоа, на снимката се гледа „стампедо“ од луѓе кои трчаат низ трговскиот центар додека во позадина се слушаат пукотници. „Терористички напад […]

Ги намамувал жртвите – тројца загинати и три лица во критична состојба по пукањето во трговскиот центар во Копенхаген


Загинаа три лица при вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Убиени се двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во своите четириесетти години. Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба. Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружеше отпор, на полицијата ѝ е […]

Хургада ги затвори плажите откако две жени настрадаа од ајкула


Две жени загинаа во напад на ајкула во местото Сал Хашиш во близина на Хургада, соопшти египетското Министерствот за животна средина. Гувернерот на Црвеноморската област наредил затворање на сите плажи во таа област на три дена. Како што се соопштува, тим на експерти работи на идентификација на причините и околностите за нападот и причина за […]

Лукашенко му се закани на Западот во случај на напад на Белорусија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко во саботата се закани со воена одмазда против секој што ќе ја нападне неговата земја додека тензиите околу војната во соседна Украина продолжуваат да растат. Говорејќи во пресрет на Денот на независноста на Белорусија, Лукашенко рече дека им наредил на своите вооружени сили да таргетираат „центри за одлучување“ во западните престолнини […]

(Видео) Најмалку пет мртви во одрон на глечер во Италија


  Најмалку петмина загинаа во лавина на Доломитите, објави денеска попладне центарот за спасување на регионот Венето. Уште осуммина се повредени откако глечер се излизга по падините на планината Мармолада на северот на Италија, а пет хеликоптери и неколку спасувачки екипи со кучиња беа во потрага по луѓето под снегот. До одронот дошло на алпскиот […]

Саинц триумфираше на Силверстоун


Карлос Саинц е победник на драматичната трка за Големата награда на Британија на Силверстоун. Пилотот на Ферари ја забележа првата победа во кариерата. Саинц ја искористи пол – позицијата за која се избори вчера. Тој е 112. возач кој влегува во списокот победници во Формула 1. Серхио Перез заврши на втората позиција, а во неизвесните […]