Кралот Чарлс издаде посебно одобрение за Хари да не се разликува од семејството


  Принцот Хари ќе ја носи својата униформа во текот на бдеењето на кое ќе присуствуваат сите внуци на починатата кралица Елизабета Втора. Војводата од Сасекс мораше да носи костум на поворката во средата затоа што ги изгуби своите воени титули. Но, кралот Чарлс издаде посебно одобреие за својот син Хари и одобри да се […]

Макрон: Сторителите на злосторствата во Изјум ќе одговараат за своите постапки


Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „најостро злосторствата извршени во Изјум, Украина, под руска окупација“, откако Киев објави за масовна гробница со стотици тела закопани во близина на овој град, вратен под украинска контрола. „Сторителите на ова ќе треба да одговараат за своите постапки. Нема мир без правда“, додаде францускиот претседател на Твитер.  Украинскиот гувернер: […]

Генералното собрание на ОН му дозволи на Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно


Генералното собрание на ОН денеска гласаше да му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на светските лидери виртуелно, во однапред снимен говор, следната недела, поради потребата да биде во земјата која е под руска инвазија. Со тоа е направен исклучок од важечката обврска на Генералното собрание дека сите лидери мора да […]

И индискиот премиер му откажа „љубов“ на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин наиде на уште еден дипломатски неуспех од наводниот пријател во петокот, кога индискиот лидер отворено ја критикуваше неговата војна против Украина дека потекнува од друга доба. „Знам дека денешната ера не е ера на војна“, му рече индискиот премиер Нарендра Моди на Путин на состанокот во Самарканд, Узбекистан. „Ние сме разговарале […]

Путин за војната во Украина: „Ние не брзаме“


  Рускиот претседател Владимир Путин во петокот вети дека ќе изврши притисок врз Украина и покрај нејзината последна контраофанзива и предупреди дека Москва би можела да ги засили своите напади доколку украинските сили ги нападнат електраните и другата инфраструктура во Русија. Говорејќи со новинарите во петокот, по учеството на самитот на Шангајската организација за соработка […]

Гнев во Иран откако млада жена умре по апсењето на полицијата за морал


  22-годишна Иранка почина неколку дена откако беше уапсена од полицијата за морал, бидејќи наводно не ги почитувала строгите правила за покривање на главата. Очевидци рекоа дека Махса Амини била претепана додека била во полициско комбе кога била собрана во Техеран во вторникот. Полицијата ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Амини „одеднаш доживеала проблем со срцето“. […]

Блинкен ја обвини Русија за извршени застрашувачки дела по откриените гробови во Изјум


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки“ дела, по откривањето стотици тела закопани во близина на украинскиот град Изјум, посочувајќи дека можеби станува збор за воени злосторства. „Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во […]

И покрај рекордните донации, на ОН им недостигаат средства за хуманитарна помош


  Швајцарија – Покрај рекордните владини донации оваа година, на Обединетите нации им недостигаат рекордни 32 милијарди долари хуманитарна помош што им е потребна до крајот на годината. Тие 32 милијарди долари им се потребни на агенциите на ОН за да ги задоволат растечките глобални потреби до крајот на декември, објави денеска во Женева Канцеларијата на […]

Колку ќе чини погребот на кралицата?


  Англија – Британката влада сè уште не откри колку ќе чини погребот на кралицата Елизабета Втора, иако чувството за обемот на трошоците може да се добие од минатите кралски погреби и големината на церемонијата што се очекува за смртта на монархот. Кралицата ќе биде погребана во понеделник (19 септември) на раскошен погреб платен со […]

(Видео) „Водена бомба“ усмрти најмалку десет луѓе во регионот Марше во Италија


Најмалку десет лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати по поплавите во централниот италијански регион Марше, пишува Дејли меил. Според локалните медиуми, меѓу исчезнатите во невиденото невреме што го погоди регионот има и две деца. RaiNews наведува дека неколку жртви загинале бидејќи се обидувале да ги спасат автомобилите од гаражи. Три жртви живееле во […]

Грција испраќа 40 оклопни возила за Украина, кои ќе бидат заменети со германски


Министрите за одбрана на Грција и Германија Никос Панајотопулос и Кристин Ламбрехт се договориле да бидат испратени во Украина 40 грчки оклопни возила ΒΜΡ-1, кои ќе се заменат со германски возила од типот Мардер. Денешното соопштение од Министерството за одбрана на Грција доаѓа по одлуката од крајот на мај годинава на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис […]

Вториот човек на руската власт во Бердијанск убиен заедно со неговата сопруга


  Сепаратистичката власт во Бердијанск, поддржана од Русија, во петокот го обвини Киев за убиство на заменик-шефот на военo-цивилнаta администрација, кој ја предводеше градската територијална изборна комисија за референдумот за приклучување кон Русија, објави градската администрација на Телеграм. Убиена е и неговата сопруга. Градската управа не соопшти детали за тоа како Олег Бојко и неговата […]

Писмата што ги оставија очајните руски војници додека бегаа


  ИЗЈУМ, Украина – Околу 10 дена пред украинските сили да го вратат градот Изјум минатиот викенд, руските трупи стационирани овде беа толку деморализирани што подготвија писма во кои ги молеа своите претпоставени да ги повлечат назад. 10-те рачно напишани писма, датирани од 30 август, беа оставени во двокатна станбена куќа каде што Русите престојуваа, […]

Евростат: Во 2021 година 95,4 милиони лица во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија


  Во 2021 година 95,4 милиони лица во Европската Унија, што претставува 21,7 проценти од населението, беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти Евростат. Споредено со 2020 година има пораст за 0,1 отсто и односно 94,8 милиони лица биле во ризик од сиромаштија,. Највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија […]

Путин: Ако ЕУ ги укине санкциите, Русија ќе го донира ѓубривото на земјите во развој


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да испрати над 300.000 тони руско ѓубриво, заглавено во европските пристаништа, до земјите во развој, доколку Европа се согласи дополнително да ги ублажи санкциите за рускиот извоз. Путин, во говорот на Самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, истакна дека Европа само „делумно“ ги укинала […]

Со бомба убиен главниот обвинител на сепаратистичкиот регион Луганск


  Експлозија се случи во зградата на Јавното обвинителство на самопрогласената Луганска Народна Република во центарот на Луганск. ТАСС објави, цитирајќи извор, дека епицентарот на експлозијата бил во канцеларијата на јавниот обвинител на ЛПР, Сергеј Горенко. Ова го изјавил и претставникот на таканаречената народна милиција. Заедно со Горенко загинала и заменичката главен обвинител Екатерина Стегленко. […]

СЗО повеќе не препорачува две терапии против коронавирусот


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) повеќе не препорачува две терапии за антитела на Ковид-19 бидејќи се застарени за сојот Омикрон и најновите соеви на вирусот . Сотровимаб и казиривимаб – имдевимаб беа меѓу првите лекови против коронавирусот на почетокот од пандемијата. Оттогаш вирусот еволуираше, па сè повеќе лабораториски истражувања покажаа дека тие имаат ограничено делување […]

Четири дена мода и погреб


Англија– И токму така, во рок од 72 часа, Британија доби нов премиер, нов крал и тагуваше по смртта на својот монарх со најдолг стаж, кој до крај ги исполни своите должности. Првата цела недела од септември многу Британци ќе ја паметат како надреална. Започна со изборот на Лиз Трас за премиер, нејзините планови да […]

Сојузниот суд одреди независен арбитер во истрагата против Трамп


САД – Сојузниот суд во САД го именуваше правниот ветеран од Њујорк, Рејмонд Дири за независен арбитер во кривичната истрага против Доналд Трамп. Истрагата се води поради доверливи документи пронајдени за време на претресот на ФБИ во куќата на поранешниот американски претседател на Флорида и тој го одби барањето на Министерството за правда да продолжи со […]

Казахстан ги ограничи претседателите на еден мандат од седум години


  Парламентот на Казахстан на заедничката седница на двата дома усвои во две читања закон за измени на Уставот на земјата. Документот едногласно го поддржаа сите 50 сенатори и 99 пратеници на парламантот присутни на седницата, пишува Интерфакс. Законот усвоен од парламентот ќе биде испратен на потпис до претседателот на Казахстан. Со усвоените измени се […]