Во нападот во училиштето во Русија досега 13 загинати


Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 13, објави Истражниот комитет, а меѓу жртвите седум се деца. Уште 14 деца и седум возрасни се ранети, се вели во соопштението. На видео ученики убегают из ижевской школы, где началась стрельба. Устроивший её мужчина до сих пор не задержан. pic.twitter.com/gwzVxzi05Z — SVTV NEWS (@svtv_news) […]

Рускиот бизнисмен Пригожин призна дека ја основал групата Вагнер


  Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, близок до Кремљ, денеска призна дека во 2014 година ја основал паравоената група Вагнер за да се бори во Украина. Тој, исто така, го призна присуството на нејзини припадници во Африка и Латинска Америка. Во објава на социјалните мрежи на неговата компанија Конкорд, Пригожин рече дека ја основал групата за да испрати компетентни борци […]

Зеленски вели дека Путин не блефира со нуклеарното оружје


  Заканата на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на нуклеарно оружје во инвазијата на Москва на Украина „може да биде реалност“, според украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Можеби вчера беше блеф. Сега, тоа би можело да биде реалност“, изјави Зеленски за Си-Би-Ес во интервјуто емитувано во неделата. „Не мислам дека тој блефира“. Путин ја објави […]

Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола


Во украинските области под руска контрола денеска четврти ден се спроведуваат референдумите за присоединување кон Русија. Во првите три дена од референдумското изјаснување најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на ДНР, Владимир Висоцки. Серхиј Гајдаи, регионалниот гувернер […]

Шест лица убиени во училиште во Русија


  Вооружен маж отвори оган во училиште во централна Русија, при што загинаа најмалку шест лица, а беа повредени дваесет, соопштија руските власти. Меѓу жртвите има ученици и чувар во училиштето во градот Ижевск, јавуваат руските медиуми. Инцидентот се случил во училиштето број 88, во кое има речиси 1.000 ученици и околу 80 наставници. Вооружениот […]

Јапонија длабоко поделена околу погребот на Шинзо Абе


  Американската потпретседателка Камала Харис, индискиот премиер Нарендра Моди и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе бидат меѓу странските високи претставници кои ќе пристигнат во Јапонија за да присуствуваат на државниот погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе, и покрај силните јавното противење на церемонијата. Тие ќе бидат меѓу околу 700 луѓе од […]

На Куба се евакуираат туристи, тропската бура се претвори во ураган


Тропската бура Иен ја погоди западна Куба, а властите ги евакуираа туристите бидејќи се очекува денеска ветровите да достигнат сила на урагани, соопшти Националниот центар за урагани на САД, пренесе „Ројтерс“. Властите ги евакуираа туристите од Исла де ла Хувентуд и работниците од Кајо Ларго, една од најголемите туристички дестинации. Пристаништата на западниот брег на […]

Белгискиот министер за правда мета на киднапери поврзани за шверцот со дрога


Белгискиот министер за правда, Винцент ван Квикенборн, е под засилена полициска заштита, обвинителството открива дека се работи за план за киднапирање, веројатно поврзан со подземјето и дрогата. Веста дека министерот за правда на Белгија е под засилена полициска заштита и не смее да се појавува на јавни настани беше потврдена во саботата од страна на белгиското федерално […]

Нападнат руски пункт за мобилизација, застрелан наредникот


Шефот на воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, е тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој требало да биде мобилизиран. Според локалните медиуми, Александар Елисеев се здобил со прострелна рана во главата. Пред да пука, младиот човек (25), кој е идентификуван како Зина Руслан, наводно рекол: „Сега сите ќе си одиме дома“. Лекарите се […]

Русија ќе има големи проблеми со мобилизацијата


Американскиот безбедносен и одбранбен Институтот за воени студии пишува во својот последен извештај за војната во Украина дека „руската војска веројатно нема да ги надмине основните структурни предизвици“ бидејќи се обидува да мобилизира голем број луѓе да продолжи со својата инвазија на Украина. „Вооружените сили на Русија не поставија услови за реализација на ефикасна мобилизација […]

САД и Јужна Кореја почнаа заеднички поморски вежби


  Јужна Кореја и САД денеска ги почнаа своите први заеднички поморски вежби во последните пет години во близина на Корејскиот полуостров, еден ден откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел. САД се воен сојузник на Јужна Кореја, каде што се стационирани околу 28.500 американски војници за да ја заштитат земјата од северниот […]

Најмалку пет жртви во налетот на тајфунот „Нору“ преку Филипините


  Најмалку пет лица загинаа на тајфунот „Нору“ што ги зафати Филипините, тропската бура преследена со екстремни ветрови и обилни врнежи. Петте жртви се дел на спасувачка екипа, испратена како помош во провинцијата Булакан. Локалниот гувернер Даниел Фернандо појасни дека спасувачите настрадале кога при интервенција во населено место потпорен ѕид се урнал врз нивниот чамец. […]

Зеленски: Успеси на украинската армија на неколку позиции


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на многу места долж линијата на фронтот се водат тешки борби со руските сили и оти припадниците на украинската армија постигнале успех на неколку позиции. – Постигнавме успеси на неколку борбени позиции, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата. Украинскиот претседател претходно изјави дека Киев добил два противвоздушни системи […]

Триумф на десницата во Италија, Џорџа Мелони на пат да стане првата жена премиер во земјата


  Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе […]

Патријархот Кирил: „На оној што ќе загине во војната ќе му бидат простени сите гревови“ (Видео)


  Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во послание до оние што се борат во Украина рече дека тие ја исполнуваат својата должност и заклетва и дека многумина ќе умрат. На оние руски војници што ќе загинат на бојното поле ќе им бидат простени сите гревови, затоа што тие биле водени од должноста.   […]

Врвни руски политичари загрижени од хаотичната мобилизација


  Двајцата високи руски пратеници се осврнаа на поплаките за „делумната мобилизација“ на претседателот Владимир Путин во неделата, по првичниот бран обележан со протести, грешки при изготвување списоци и егзодус на граѓани кои бегаат од Русија. Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата на Русија, во неделата рече дека гледа извештаи за „погрешни инциденти на […]

САД му се заканиле на Путин дека ќе возвратат ако употреби нуклеарно оружје


Високи функционери на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и оти Вашингтон ќе одговори одлучно, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа Си-Би-Ес. – Разговаравме директно, во четири очи, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја […]

Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви (ВИДЕО)


Голем пожар избувна попладнево во магацинот на најголемиот пазар во околината на Париз, во Ренжис, јавија локалните медиуми наведувајќи дека нема жртви. Пожарот избувнал во магацин на продавач на големо на овошје и зеленчук, во центарот на познатиот меѓународен пазар каде има 1.200 компании. Пожарот, за кој сè уште не се знае што го предизвикало, ги зафатил […]

Низок одѕив на гласачите на парламентарните избори во Италија


Помалку од 20 отсто од италијанските граѓани со право на глас гласале во првите часови на денешните парламентарните избори, што се чини дека ќе стане ново историски најниско ниво на излезност на гласачите, јави ДПА. Гласачките места беа отворени во 7 часот наутро по локално време. Според Министерството за внатрешни работи во Рим, до 12 часот излезноста била 19 отсто, што […]

Гласањето за „референдумот“ на окупираните територии во Украина не е тајно и се прави од куќа во куќа


Анкетните резултати на третиот од петте формално најавени денови на „референдуми“ за припојување на делови од јужна Украина и Донбас кон Русија покажале  93 отсто поддршка за овој чекор во регионот Запорожје. Ова се наведува во информацијата  на државната руска новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на т.н Кримски републикански институт за политички и социолошки истражувања.Се […]