Пукање во САД: Тројца убиени, двајца ранети, напаѓачот во бегство


 

Напаѓач во Унивезитет во САД уби три лица и рани двајца, по што избега, јавуваат американските медиуми.

сѐ се случило на универзитетскиот капмус во Вирџинија, во Шарлотсвил, а осомничениот, кој е студент на универизтетот е во бегство.

Се верува дека осомничениот, кого полицијата го идентификува како Кристофер Дарнел Џонс Џуниор, е вооружен и опасен. Носи бордо јакна со синии траперки и црвени чевли, а полицијата наведува дека вози црн автомобил.

Жртвите не се идентификувани, ниту се знае дали се студенти.

На универзитетската интернет страница се наведува дека Џонс е играч на американски фудбал, но како бруцош не учествувал на ни еден натпревар.