Кинеските власти им се јавуваат на невестите и ги наговараат да затруднат


Интернетската објава на новопечена невеста во Кина, која локалната власт ја контактирала со прашање дали е трудна, собра десетици илјади коментари пред да биде тргната, а многу корисници на интернет рекоа дека добиле слични повици. Распаравата на интернет следеше откако претседателот Си Цинпинг минатата недела на 20 конгрес на Комунистичката партија рече дека кина ќе […]

Еден мртов и четворица ранети во напад со нож во супермаркет крај Милано


Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми. Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес. Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија. Едно […]

МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“


  На официјално барање од Киев Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) неделава  ќе посети две украински локации  за да ги проверат обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина ги брише доказите за подготовката на „валкана бомба“. -Инспекторите ќе спроведат независна проверка… за да откријат какво било отстранување на нуклеарен материјал, изјави генералниот директор […]

Амбасадорите во ОН со критика до Русија: Уште колку треба да ги трпиме овие глупости и да губиме време во СБ на ОН


  САД и нивните сојузници вчера ја критикуваа Русија дека „му го губење времето“ на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата дека САД имаат „воени биолошки програми“ во Украина. -Уште колку треба да ги трпиме овие глупости?, запраша британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд. Русија претходно во Советот за […]

Зеленски: За два дена соборивме 23 дрона, руските напади нема да ни го скршат духот


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина. -Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на националната химна на непријателот на нашата земја е пострашно од […]

Бајден е скептичен за изјавата на Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази скептицизам за изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина. -Ако нема намера зошто постојано зборува за тоа? Зошто зборува за можноста за користење тактичко нуклеарно оружје? Тој беше многу опасен во начинот на кој му пристапи, рече Бајден во интервју за […]

Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел


Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници. Британските медиуми пренесуваат дека ракетите се истрелани од областа Тонгчеон, во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, само четири дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии. „Нашата армија […]

Путин изјави дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје во Украина


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот негираше дека има какви било намери за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но го опиша тамошниот конфликт како дел од наводните напори на Западот да ја обезбеди својата глобална доминација, за која тој инсистираше дека е осудена на неуспех. Говорејќи на конференцијата на меѓународни експерти […]

Зеленски вели дека Русите ќе бидат опкружени ако останат во Херсон


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дека „секако“ ќе можат да ги победат Русите во јужниот регион Херсон, една од териториите за кои Москва тврди дека ги анектираше. Зборувајќи во интервју пред камера во четвртокот, Зеленски објасни дека тоа е тешко поради „цената на луѓето“. Тој рече за Русија […]

СЗО: Првпат после неколку години, се зголемува бројот на заболени од туберкулоза


  Бројот на заразени со туберкулоза, вклучително и сојот на туберкулоза отпорн на лекови, е зголемен во светот за првпат по неколку години, се вели во извештајот што денеска го објави Светската здравствена организација (СЗО). Во извештајот се посочува дека повеќе од 10 милиони луѓе во светот биле заразени од туберкулоза во 2021 година, што […]

Не постои сценарио Ким Џонг-ун да употреби нуклеарно оружје и да преживее


САД веруваат дека нивното нуклеарно оружје има за цел да „одврати каква било форма на стратешки напад“, вклучително и конвенционален, соопшти Пентагон во новата нуклеарна стратегија објавена денеска. „Тоа вклучува употреба на нуклеарно оружје, без оглед на нивната сила, и вклучува напади од многу големи размери од стратешка природа со употреба на ненуклеарни средства“, изјави […]

Еко-активисти ја нападнаа „Девојката со бисерна обетка“ во Хаг


  Противници на употребата фосилни горива и еко-активисти во знак на протест денеска во музејот „Маурициус“ во Хаг извршија „напад“ врз „Девојката со бисерна обетка“, познатата слика на уметникот Јоханес Вермер. Полицијата ги уапсила трите лица кои учествувале во нападот, од кои едното фрлило непозната материја кон уметничкото дело, но сликата не е оштетена бидејќи […]

(Видео) Путин: Западот има два избора, оваа игра е опасна, смртоносна и валкана


  Рускиот претседател Владимир Путин обраќајќи се на форум на тема: светот по хегемонијата – правда и безбедност за сите, истакна дека денешните власти во светот сакаат да живеат без никакви правила. Настаните во светот продолжуваат да се развиваат според негативно сценарио, прераснувајќи во системска криза во различни сфери, рече Путин, коментирајќи ја ситуацијата во […]

ОН: Светот се движи кон „климатска катастрофа“


Светот се движи кон „климатска катастрофа“, предупреди ООН во денеска објавениот извештај, кој покажа колку всушност се далеку земјите од нивните поставени и „недоволни“ климатски планови. Во извештајот на Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се предупредува на голем јаз помеѓу активностите потребни за ограничување на порастот на глобалните температури за да се избегнат […]

Цела ноќ протести во Иран


  Протестите беснееја во текот на ноќта во Иран, откако илјадници ожалостени одбележаа 40 дена од смртта на Махса Амини, што предизвика бран немири низ исламската република. Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина на 16 септември, три дена по нејзиното апсење во Техеран од полицијата за морал, поради наводно прекршување на исламскиот кодекс на […]

Еврокомисијата до Илон Маск: Во Европа „птицата“ ќе лета според нашите правила


Компанијата „Твитер“ ќе мора своите услуги да ги усогласи со новите правила на Европската унија кога станува збор за справувањето со дезинформации и говорот на омраза на социјалните мрежи, изјави денеска ресорниот еврокомесар Тиери Бретон. „Во Европа ’птицата’ ќе лета според нашите правила”, напиша токму на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, алудирајќи на логото на […]

Зеленски: Досега соборивме 250 руски хеликоптери


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери во текот на војната. Зеленски го изјави ова во своето последно национално обраќање во средата навечер: „Вкупниот број на соборени руски хеликоптери веќе се приближува до 250. Руските окупатори веќе изгубија исто толку опрема – авиони и друго – колку што […]

Се подготвува битката за Херсон


 Украинските војници пружат отпор на новите напади од руските сили во два источни градови, а силите на јужните боишта се подготвуваат за битка за стратешкиот регион Херсон. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање истакна дека ќе има добри вести од бојното поле, но, не даде детали. Тој не објави што се случува […]

Електрана на полуостровот Крим нападната со дрон


Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета. „Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев. Според него, нема жртви, а причинета е […]

Си: Кина е подготвена да работи со САД во корист на двете земји


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да работи со Соединетите Американски Држави за доброто на двете земји, објави денеска кинеската државна новинска агенција.   На седницата на Националниот комитет за односите меѓу Кина и САД, тој оцени дека двете земји како големи светски сили треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за […]