Белорусија прераспоредува воена опрема и сили


Во Белорусија денеска и утре се одржува антитерористичка вежба при што ќе бидат прераспоредени воена опрема и сили. Воената вежба се одвива во време кога се стравува дека Русија може да изврши нови напади врз Украина од територијата на својата сојузничка, Белорусија. Белорусија соопшти дека нема да војува во соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко […]

Климатски активисти фрлија боја на Миланската скала


Италија – Активисти кои се борат против климатските промени денеска фрлија боја на влезот на операта Миланска скала во пресрет на отворањето на новата сезона, соопшти италијанската полиција. Од полицијата додаваат дека по инцидентот се приведени пет лица и дека соодветните служби ја отстраниле бојата од влезот на театарот. Одговорноста за акцијата во Милано ја презеде […]

Компании на Трамп погласени за виновни за даночна измама


САД- За првпат, компанија на поранешен претседател е осудена за криминални дела, резимираше  надлежниот државен обвинител на Менхетен, Алвин Брег.  Поротата на Менхетан ги прогласи две компании на Трамп организацијата за виновни по повеќекратни обвинувања за кривична даночна измама и фалсификување на деловни записи. Судот фалсификувањето го поврза со 15-годишна комплексна шема на измама на даночните власти така […]

Војник на Бундесверот осомничен во серијата рации против десничарските екстремисти


Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба, пренесе ДПА. Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во […]

Протестите во Кина успеаја, се намалуваат мерките против Ковид-19


Кина дозволи асимптоматските случаи на инфекција со Ковид-19 и оние со благи симптоми да се лекуваат во карантин дома, објави денеска кинеската Национална здравствена администрација (НХЦ). Во соопштението се додава дека доколку е потребно, пациентите итно ќе бидат хоспитализирани. Кинеските власти продолжија да ги олеснуваат мерките против коронавирусот, по минатомесечните демонстрации против политиката на „нулта толеранција кон Ковид“. Претходно, […]

Пакистанската провинција Пенџаб воведе еколошка вонредна состојба


 Пакистанска провинција денеска воведе вонредна екол ошка состојба, откако вториот по големина град во земјата беше рангиран како најзагаден град во светот поради опасното ниво на смог. Сите јавни и приватни училишта ќе останат затворени во петок, сабота и недела поради опасното ниво на загадување, се вели во известувањето издадено од владата на Пенџаб. Дополнително, […]

Германија уапси 25 десничарски екстремисти – планирале пуч


Дваесет и пет десничарски екстремисти од таканареченото „Граѓанско движење на Рајхот“ се уапсени во Германија, изјави денеска портпаролот на федералното обвинителство, пренесе ДПА. Според германските медиуми, тие планирале државен пуч. -Полицајците спроведуваат рации во 11 од 16-те сојузни покраини во Германија, како дел од големата операција против екстремистите, додаде портпаролот. Членовите на движењето не го […]

Француското обвинителство бара од две до 15 години затвор за вмешаните во нападот во Ница


Француското Обвинителство побара затворски казни од две до 15 години за осуммина обвинети за нападот на 14 јули 2016 година во Ница, при што загинаа 86 луѓе. Државното обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) побара 15 години затвор за тројцата главни обвинети кои се гонат за „терористичко злосторничко здружување“. Судот да не ја задржи квалификацијата […]

„Мета“ се закани дека ќе ги отстрани вестите од платформата на Фејсбук


Компанијата-мајка на Фејсбук, Мета, најави дека ќе биде „принудена да размисли“ за отстранување на новинарската содржина од нејзината платформа доколку Конгресот на САД усвои закон со кој се бара од технолошките компании да им плаќаат на медиумите за нивните прилози. Доколку се донесе Законот за конкуренција и заштита на новинарството, тој ќе им овозможи на […]

Гутереш: Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ на планетата


  Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ и време е да ставиме крај на нашата „војна против природата“, порача генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на свеченото отворање на КОП15 за биодиверзитетот. „Со нашиот незаситен апетит за неконтролиран и нееднаков економски раст, човештвото стана оружје за масовно уништување“ на планетата, предупреди тој на почетокот на […]

Аргентинската потпретседателка Кирхнер осудена на шест години затвор


  Аргентинскиот суд вчера ја осуди потпретседателката Кристина Фернандез де Кирхнер на шест години затвор и ја лиши од вршење јавна функција, иако има имунитет како јавен функционер. Таа е обвинета за корупција при доделување на јавни работи додека ја извршуваше претседателската функција. Кирхнер нема веднаш да оди во затвор и се очекува да се […]

Американски судија се откажа од кривично гонење на саудискиот престолонаследник Бин Салман во „случајот Кашоги“


  Американски судија вчера ја отфрли тужбата поднесена во САД против престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, поради убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги. Не навлегувајќи во суштината на предметот, судијата Џон Бејтс соопшти дека е обврзан со неодамна искажаниот став на американската Влада, според кој престолонаследникот ужива имунитет од гонење, како шеф на влада […]

Демократот Ворнок победи на изборите во Џорџија


  Со победата на Рафаел Ворнок на вчерашните избори во Џорџија зголемено е мнозинството на Демократската партија во американскиот Сенат. Противкандидат во вториот круг на меѓуизборите на Ворнок беше Хершел Вокер. Во првиот круг одржан во ноември ниту еден не доби повеќе од 50 отсто од гласовите. Со победата на Ворнок не е нарушена рамнотежата […]

Министерството за правда на САД повикано да оформи кривичен предмет за настаните од 6 јануари во Капитол


  Претседавачот со комисијата на Претставничкиот дом, која го истражува нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, изјави дека комисијата одлучила да испрати препорака до Министерството за правда за формулирање кривичен предмет. Бени Томпсон, претседател на Комисијата, го потврди ова вчера на прашање од новинар, но не прецизираше кому, кога и за што би […]

Семејната компанија на Трамп прогласена за виновна за проневера и даночна измама пред судот во Менхетен


  Семејната компанија на Доналд Трамп „Организацијата Трамп“ (Trump Organization), вчера од судот во Менхетен, во Њујорк, беше прогласена за виновна за проневера и даночна измама, по судењето што не го вклучи и поранешниот републикански претседател, јавија американските медиуми. -Ова е првпат семејна комапнија, во која се вклучени клубови за голф, луксузни хотели и агенции […]

Светска банка: Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра


  Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми. – Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и Владата на Украина, колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи […]

ЕУ: Двовалентни вакцини против Ковид ќе може да користат и невакцинирани лица


  Европската агенција за лекови денеска соопшти дека нејзината работна група за итни случаи заклучила дека двовалентната РНК вакцина против Ковид може да ја користат невакцинирани деца и возрасни. Регулаторот наведува дека овие вакцини се однесуваат на оригиналниот сој, како и на подваријантите Омикрон БA.4 и БA.5. Вакцините од компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна моментално […]

Кинески хакери украле милиони долари во САД наменети за справување со епидемијата на коронавирусот


САД– Кинески хакери од 2020 година украле десетици милиони долари американска помош наменета за надминување на пандемијата на Ковид-19, соопшти американската Тајна служба. Тајната служба го потврди извештајот објавен на „Ен-Би-Си“ дека кинеска хакерска група позната во безбедносната заедница како „APT41“ или „Winnti“ е одговорна за кражбата. „APT41“ е многу успешна кибер-криминална група која со […]

Кина: Еден позитивен на корона, цел универзитет во локдаун


  Студентите на универзитет во источна Кина одржаа протести против заклучувањето поради корона, додека многумина во земјата остануваат под некаква форма на ограничувања и покрај владините чекори за олеснување на нејзината политика за нултаковид. Видеата објавени на Твитер во вторник покажуваат голем број студенти кои протестираа на Техничкиот универзитет Нанџинг во понеделникот вечерта, бидејќи беа […]

Волгоград ќе го враќа името Сталинград


  Властите на Волгоградската област започнаа подготовки за преименување на Волгоград во Сталинград. За да го направат ова, тие создадоа јавен совет за проучување на мислењето на жителите на регионот за враќањето на поранешното име во регионалниот центар, пишува рускиот весник „Комерсант“, цитирајќи изјава на гувернерот Андреј Бочаров. „Задачата на јавниот совет не е лесна […]