Прв пат во Германија: Сите жители во 11 часот добија исто предупредување на мобилен


  Во рамки на националниот ден на предупредување во Германија денеска точно во 11 часот се огласија сирените, а жителите добија предупредување на своите мобилни телефони. Станува збор за тестирање на уредот за предупредување во случај на катастрофи. Жителите на Германија во иднина би требало да бидат известувани за опасни ситуации со помош на уреди […]

Штетата за животната средина во регионот Харков надмина 2,7 милијарди американски долари


Руските напади предизвикаа еколошка штета во регионот Харков од над 2,7 милијарди американски долари, соопшти локалното обвинителство. – Воените дејствија што ги спроведува Руската Федерација предизвикуваат непоправлива штета на животната средина, велат претставници на обвинителството, додавајќи дека поради нападите, почвата и вегетативната покривка се уништуваат, животните умираат, воздухот и водата се загадени, шумите се уништуваат, а земјата е преполна со остатоци […]

САД испраќаат дополнителни трупи во Естонија за да ја зајакнат одбраната на НАТО


САД ќе распоредат дополнителни пешадиски трупи во Естонија „во наредните недели“ за да ја зајакнат одбраната на источното крило на НАТО, соопшти денеска естонското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во таа балтичка држава ќе биде распоредена американска пешадиска чета, која вообичаено се состои од 80 до 250 војници. Дополнителните пешадиски трупи ќе […]

Мохамед бин Салман се сретна со Си Џинпинг во Ријад


 Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој пристигна во Ријад во својата прва официјална посета по речиси седум години. За време на посетата се очекува кинескиот претседател да потпише енергетски договори во вредност од неколку милијарди долари со најголемиот светски извозник на нафта. Пред посетата на Саудиска Арабија, Си рече дека оди […]

Милиони деца ќе добијат нова вакцина против маларија до крајот на 2023 година


Швајцарија – Новата вакцина против маларија RTS, S ќе биде пошироко дистрибуирана од крајот на следната година, со што ќе се заштитат милиони деца во земјите каде што болеста е најраспространета, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Повеќе од 20 земји планираат да ја користат RTS, S, а некои ќе почнат да ја користат следната година, информира Абдисалан Нур од […]

Американската кошаркарка Бритни Грајнер ослободена од руски затвор во размена на затвореници


Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер е ослободена од рускиот притвор поради размена на затвореници за осудениот руски трговец со оружје Виктор Боут, изјави извор за Си-Ен-Ен. Грајнер беше осуден на девет години зад решетки во Русија, откако беше обвинета за поседување дрога. Двократната олимписка освојувачка на златен медал и шампионка беше уапсена на 17 февруари, […]

Песков: Одлуката на Тајм да го избере Зеленски за личност на годината е русофобна


Одлуката на американското списание „Тајм“ да го избере украинскиот претседател Володимир Зеленски за личност на 2022 година одговара на севкупните русофобични чувства во Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков рече дека „Тајм“ користи свои критериуми со кои Кремљ може да се согласи или не, но дека тоа е нивна уредувачка политика. – Меѓутоа, во овој случај, уредувачките […]

Климатски активисти се залепија на писта на аеродромот во Минхен


Германија– Активисти за климата по вторпат се обидоа да ја попречат работата на меѓународниот аеродром во Берлин БЕР, додека демонстранти успеаја да ја блокираат пистата на аеродромот во Минхен, јави ДПА. – Летовите во моментов не се ограничени, соопштија аеродромските власти на БЕР. Аеродромот соопшти дека е спроведена операција во безбедносната област „поради неовластен пристап“. Портпаролот на полицијата рече […]

Новинарите на „Њујорк тајмс“ излегоа на штрајк, прв во 40 години


  Стотици новинари и други вработени во „Њујорк тајмс“ во четвртокот започнаа 24-часовен прекин на работата, што ќе биде прв штрајк од ваков вид во весникот во повеќе од 40 години. Вработените во редакцијата и другите членови на The NewsGuild of New York велат дека им е доста од договарањето кое се одолговлекува откако нивниот […]

Европа зимава ќе има греење, но што ќе биде потоа?


  Европа најверојатно ќе ја помине зимата без прекини на гас и покрај намалените испораки од Русија, но дури и навикнувањето на постудени домови и повисоки сметки за греење можеби нема да биде доволно во годините што доаѓаат, велат аналитичарите. „Тоа е како стаклена градина, морам да признаам… Навистина користев многу гас“, вели Софи де […]

Вработените во Њујорк Тајмс штрајкуваат за прв пат од крајот на 1970-тите


  Повеќе од 1.100 вработени во Њујорк Тајмс и членови на синдикатот денеска ќе престанат со работа на еден ден откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот. Ова е прва пат вработените во Њујорк тајмс да учествуваат во прекин на работатат од доцните 1970-ти. Тоа е дел од […]

Перу: Претседателот сакаше да го распушти Конгресот, а тој него го смени


  Претседателот на Перу беше сменет од Конгресот во средата, откако тој се обиде да го распушти законодавното тело и да преземе еднострана контрола врз владата, предизвикувајќи тешка уставна криза. Потпретседателката Дина Болуарте го замени Педро Кастиљо и стана првата жена лидер во историјата на републиката по повеќечасовна расправија меѓу законодавниот дом и претседателот. Болуарте, […]

Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид


  Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид. – Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од […]

Повторно пукање во „Волмарт“ во САД, има ранети


Американските медиуми јавуваат дека во САД дошло до пукање, а Си-ен-ен јавува дека пукањето се случило во супермаркет на „Волмарт“ во Мариета, во блзина на Атланта. Полицијата соопшти дека ранети се неколку луѓе, а напаѓачот е уапсен. Истрагата е во тек. Пред точно две недели исто так аимаше пукање во „Волмарт“ во Чеспик, во Вирџинија. […]

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги претстави новите предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина. Се предлага на списокот на санкционирани да се додадат уште околу 200 физички и правни лица. Ова ги вклучува вработените во руските вооружени сили, како и поединечни офицери и компании од одбранбената индустрија, пратениците на Државната дума и Советот […]

Романија ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната


  Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната. „Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност […]

Кина лансираше нов пробен сателит


  Нов пробен сателит денеска беше успешно лансиран во вселената од центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина. Според Синхуа, тест сателитот VHF Data Exchange System (VDES) бил лансиран со ракета-носач Kuizhou-11 Y2 утринава во 9:15 часот по локално време и влегол во планираната орбита. Сателитот главно ќе се користи за комуникациско тестирање и […]

„Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за „Личност на годината“ на магазинот Тајм.Тој беше еден од 10-те поединци или групи што влегоа во потесниот избор на почетокот на оваа недела. Магазинот оддаде признание и за „духот на Украина“. Зеленски ја води Украина и во исто време од крајот на февруари се справува со руската инвазија врз неговата […]

Во сообраќајна несреќа во Донецк 16 загинати, меѓу нив и руски војници


  Во сообраќајна несреќа во привремено окупираната источна украинска област Донецк загинаа 16 лица, а неколку се повредени, соопштија официјални и државни медиуми поддржани од Русија. Во несреќата учествувале минибус и камион, чии патници имало војници, а се случила меѓу Торез и Шахтарск, соопштија од службите за итни случаи за руската државна новинска агенција Тасс. […]

Принцот, судијата, Граѓаните на Рајхот и обидот за пуч во Германија


  Тоа е најголемиот удар досега врз сцената на таканаречените Граѓани на Рајхот: рано наутро во средата, федералните и покраинските безбедносни власти во Германија презедоа акција против осомничените членови на групата за која се вели дека планирала насилно рушење на политичкиот систем во државата. За време на рацијата, специјалните единици претресоа повеќе од 130 имоти […]