Зеленски разговараше со Макрон за Самитот Г7


Украина– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска телефонски разговараше со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со цел да ги „синхронизираат позициите“ во пресрет на онлајн самитот на групата седум најбогати либерални демократии (Г7). „Ги синхронизиравме позициите пред онлајн самитот на Г7 и конференцијата за поддршка на Украина во Париз“, напиша Зеленски на Твитер. Тој додаде […]

Три жени убиени на состанок на станари во Рим


Италија– Три жени се убиени денеска во Рим кога маж извадил пиштол и почнал да пука за време на состанок на жители на станбен блок во градот, објавија италијанските медиуми. Според извештаите, 57-годишен маж е приведен по пукањето што се случило во бар во населбата Фидене каде што се одржувал состанокот. – Тој едноставно влезе […]

Германија ќе ги заостри законите за оружје по откривањето на заговорот за државен удар


Германија – Германија планира да ги заостри законите за оружје откако беше откриен заговор на екстремно десничарска група за соборување на владата, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер во интервју за „Билд ам Зонтаг“, објавено денеска. Германската полиција оваа недела уапси 25 лица осомничени за вмешаност во заговорот. Многумина од осомничените се членови на екстремно […]

Германски војници ќе пристигнат во Полска за да го подготват распоредувањето на комплексот „Патриот“


Германија– Германската армија ќе започне со подготовки за распоредување на противвоздушниот ракетен комплекс „Патриот“, јави ДПА. Германија ѝ ја понуди на Полска воената опрема за да го заштити нејзиниот воздушен простор откако минатиот месец залутана украинска ракета падна на полска територија, при што загинаа две лица. Предлогот на Берлин, сепак, предизвика реакција откако Полска објави […]

САД ќе ја испрати првата делегација на високо ниво во Кина за „затоплување на односите“


САД– Американската влада ќе ја испрати првата делегација на високо ниво во Кина откако претседателите на двете земји, Џо Бајден и Си Џинпинг, минатиот месец на Бали, ветија дека ќе работат на „затоплување на односите“.   Помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацифик, Даниел Критенбринк, заедно со генералниот директор на Советот за национална безбедност […]

По сомнежите за корупција европратениците сакаат да ги блокираат преговорите за визите на Катар


Франција – Европратениците од редовите на зелените и социјалдемократите ќе се спротивстават на почетокот на преговорите за визна либерализација за Катарците во ЕУ во понеделник, бидејќи Европскиот парламент реагира на сомнежите за корупција во него во врска со Катар, јави дописникот на МИА. Европскиот парламент од понеделник се состанува во Стразбур, европратениците на оваа сесија требаше […]

„Нѐ делат само 100 метри“: Украинците и Русите во тешката битка за Бахмут


  Кога Назар и неговите колеги војници дојдоа во селото надвор од клучниот град Бахмут во источна Украина, кое им беше наредено да го нападнат, мислеа дека ќе бидат таму еден ден. Пристигнаа без вреќи за спиење или дополнителни оброци, додела снегот ја покриваше земјата. Наместо 15-те Руси за кои беа предупредени да ги очекуваат, […]

Осомничениот за заложничката криза во Дрезден почина од повредите во полициската акција


Четириесетгодишниот маж, осомничен дека ја убил мајка си пред да земе заложници во источниот германски град Дрезден, починал од повредите здобиени во полициската операција, соопштија властите. Полицијата соопшти дека 40-годишен маж ја убил својата 62-годишна мајка денеска рано наутро во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден. Во соопштението се наведува дека тој подоцна зел […]

Годинава 40 отсто повеќе убиени новинари отколку лани


Бројот на новинари и медиумски работници убиени за време на извршување на должноста во 2022 година се зголеми за повеќе од 40 отсто во споредба со минатата година, покажа новиот извештај. Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) вели дека 67 медиумски професионалци се убиени на работното место во целни напади оваа година, во однос на 47 […]

Зеленски: Руските сили го уништија градот Бахмут на истокот на Украина


Руските сили го уништија градот Бахмут на истокот на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски, а украинската армија тврди дека Русија продолжува со воздушните напади во неколку делови на земјата.   Како што јавуваат странските агенции, битката сè уште е фокусирана на четирите региони претходно анектирани од Русија. Зеленски рече дека ситуацијата „и натаму е многу […]

Украинците не се среќни што ја делат Нобелова награда со Руси и Белоруси


ОСЛО – Украинците се среќни што ја добија својата прва Нобелова награда од независноста, но им боде очи тоа што ќе го споделат центарот на вниманието во сабота со колегите лауреати од Русија и Белорусија.Јасно е што се обидува да постигне норвешкиот комитет за Нобелова награда со споделување на наградата за мир меѓу активисти на […]

Масовен егзодус од твитерот на Елон Маск


Британскиот музичар Елтон Џон стана најновата позната личност која си замина од Твитер откако социјалната мрежа беше преземена од милијардерот Илон Маск. Пејачот кажа дека си заминува поради промена на политиката на Твитер во врска со дезинформациите, без да елаборира. Твитер минатиот месец престана да презема мерки против профилите кои шират погрешни информации во врска […]

Во Осло и Стокхолм денеска доделување на Нобеловите награди


Во Осло и Стокхолм денеска ќе се доделат Нобеловите награди, а во Осло најпрестижната, онаа за мир, на белорускиот активист Алес Бјалјак, организацијата за човекови права Меморијал од Русија и Центарот за граѓански слободи од Украина. Останатите награди, чии победници беа објавени во октомври, ќе бидат доделени во Стокхолм. Раководителката на Украинскиот центар за граѓански […]

Најмалку 24 ирански демонстранти се соочуваат со смртна казна


Најмалку 24 Иранци се соочуваат со смртна казна за учество во протестите во кои ја критикуваа владата, наведено е во извештајот објавен денеска. Иранскиот дневен весник „Етемад“, објави список составен од судските власти на кој се наведени 25 демонстранти обвинети за „водење војна против Бог“, обвинение кое се казнува со смрт според исламскиот закон. Раперот […]

Има ли опасност од распаѓање на Русија?


Додека рускиот претседател Владимир Путин ја засилува својата војна во Украина, стабилноста на неговиот режим виси на конец. Некои набљудувачи предвидуваат дека рускиот претседател може да биде соборен, додека други дури се надеваат на колапс на земјата. Овде се поставува прашањето: Дали Русија може да се подели? Географската локација на Русија ја прави кохезијата тешка […]

Скандал во Брисел: Катар влијаел на политиката на ЕУ, приведена потпретседателката на ЕП Ева Каили


Потпретседателката на Европскиот парламент и европратеничка од грчката ПАСОК- Движење на промена Ева Каили веројатно е вмешана во скандалот со корупција и е под истрага на белгиските власти, а со одлуката на претседателот беше исклучена од партијата, јави дописничката на МИА од Атина. – По последните случувања и истрагата на белгиските власти за корупција на […]

Германската министерка Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради лошите временски услови


 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради нагло влошување на времето во Ирска, јави ДПА. Бербок денеска требаше да полета од Даблин до британската престолнина за да се сретне со својот колега Џејмс Клеверли. Разговорите меѓу двајцата министри би се одвивале во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Велика […]

Француската влада повика на вакцинација против корона вирусот


Француската влада денеска побара од граѓаните да примат дополнителни дози од вакцината против коронавирусот пред новогодишните празници и препорача носење маски во јавниот превоз. Бидејќи епидемијата на коронавирус повторно владее во Франција, но и во соседните земји, надлежните сметаат дека е потребна дополнителна доза, бидејќи е евидентирана и епидемија на грип и на бронхитис. Француското […]

САД со санкции за 65 лица и ентитети од 17 земји, поради корупција и повреда на човековите права


На Меѓународниот ден за борба со корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права, а со санкции и визни ограничувања за 65 лица и ентитети од 17 земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон. […]

Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија ќе ги напуштат САД поради визните ограничувања


САД– Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија во САД ќе ја напуштат таа држава до 1 јануари 2023 година поради визните ограничувања, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов. „Американците ја продолжуваат својата политика на намалување на бројот на руски дипломати во САД. Уште 30 лица ќе ги напуштат САД до 1 јануари. […]