Половина милион случаи на ковид дневно само во кинескиот град Чингдао


  Околу половина милион луѓе дневно се заразуваат со корона вирусот само во кинескиот град Чингдао, рече здравствениот претставник на градот, наведувајќи во текстот што набрзо беше цензуриран дека официјалната статистика не го одразува невидениот бран на инфекција што влијае на земја. На почетокот на декември, поради зголеменото незадоволство на населението, Кина без претходна најава […]

Платениците од „Вагнер“ ја чинат Русија 100 милиони долари месечно


  Платеничката група „Вагнер“ што се бори во Украина е составена 80 отсто од затвореници регрутирани во руските казнени колонии, а нејзиното одржување чини сума еднаква на буџетот на голем руски регион. Ова го соопшти Ројтерс во врска со разузнавачките информации добиени од САД, а потоа потврдени на брифинг од официјалниот претставник на Советот за […]

Кремљ им забрани на провладините медиуми да пишуваат за мобилизација


  Кремљ го засилува режимот на цензура за медиумите под државна контрола поради гласините за втор бран на мобилизација и одлуката да се зголеми бројот на армијата за уште 350.000 луѓе, објавена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу. На руските медиуми им е забрането да дистрибуираат какви било изјави за мобилизацијата, дури и ако тие […]

Дваесет лица загинаа во дом за стари во Русија


  Најмалку 20 лица загинаа откако пожар зафати дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, соопштија руските власти. Повредени се уште шест лица. Од пожарот во текот на ноќта изгоре целиот горен кат од двокатната дрвена зграда. Првичните информации велат дека можеби е предизвикана од неисправен котел за греење. Приватниот дом за стари лица […]

„Божикен пекол“ во САД: Гигантска зимска бура остави милиони без струја


  Зимската бура која синоптичарите ја нарекоа „Елиот“ во петокот се засили во цилонска бомба во близина на Големите езера на САД, носејќи силни ветрови и услови за снежна бура од северните рамнини до западниот и северниот дел на Њујорк, заедно со опасни по живот поплави, замрзнување и патувачки хаос. Откажувањето на авиокомпаниите надмина 5.700 […]

Киев без трамваи и тролејбуси, јавниот превоз ќе се компензира со автобуски линии


Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус. Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии. Метрото во Киев не е засегнато […]

Макрон: Француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад


 Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените. -Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните […]

(Видео) Немири во Париз по убиствениот напад


На улиците во Париз во моментов владее хаос, по конфликтот меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, чии сонародници денеска беа убиени во пукотница. Осомничениот 69-годишен маж е ранет и уапсен. Парискиот обвинител рече дека осомничениот неодамна бил ослободен од затвор откако нападнал мигранти кои живееле во шатори и дека инспекторите истражуваат можни расистички мотиви […]

ЕК замрзна 22 милијарди евра наменети за Унгарија 


Белгија– Европската комисија соопшти дека ќе ги задржи сите 22 милијарди евра од фондовите за кохезиската политика на ЕУ за Унгарија додека нејзината Влада не ги исполни условите кои се однесуваат на владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Износот од 22 милијарди евра се наменети за Унгарија од „кохезиските фондови“ на ЕУ кои земјата […]

Русите го демолираат театарот во Мариупол, местото на стотици жртви (Видео)


  Руските власти почнаа да го демолираат разурнатиот театар во Мариупол, изјави помошник на прогонетиот украински градоначалник на градот. Петро Андриушченко ги обвини окупаторските власти дека се обидуваат да го прикријат убиството на стотици цивили кога зградата беше бомбардирана од руски воени авиони во март. Неодамна беше поставен параван околу разурнатиот театар. Видеото покажа како […]

Во Шпанија уапсен еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ


Шпанија– Шпанската полиција соопшти денеска дека во Мадрид уапсила Новозеланѓанец осуден на доживотен затвор во САД за сексуални злосторства и педофилија, и посочи дека тој е меѓу десетте најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ). Полицијата соопшти дека 40-годишниот Новозеланѓанец е уапсен откако вчера бил забележан во хотел во центарот на Мадрид, каде отседнал […]

Тројца загинати во пукањето во центарот на Париз


Три лица загинаа денеска по пукотница во центарот на Париз, соопштија обвинителите. Уапсениот по смртоносното пукање во Париз им бил познат на властите, јавуваат медиумите во Париз. Радиото Франс Инфо, повикувајќи се на полициски извори, јави дека е осомничен 69-годишен маж кој бил познат по два претходни обиди за убиства. Весникот „Паризиен“ објави дека Французинот […]

37 милиони луѓе заразени со корона вирус во Кина за еден ден, јави Блумберг


  Дури 18 отсто од населението во Кина е заболено од Ковид-19. Ваквите проценки, пишува Блумберг, биле претставени на затворен состанок на Националната здравствена комисија. Според овие проценки, 37 милиони луѓе биле заразени со корона вирус за само еден ден на 20 декември. Во исто време, независни аналитичари неодамна го процениле приближниот број случаи на […]

Украина ќе добие 2,65 милијарди долари помош од Холандија


Холандија ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 2,65 милијарди долари, соопшти холандската Влада. Средствата се наменети за воена помош, обнова на инфраструктурата и помош при истраги за потенцијални воени злосторства, нагласија од Владата. „Се додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Холандија ќе и пружи помош на Украина – воена, хуманитарна и […]

Најмалку шест ранети во пукотница во Париз, еден во тешка состојба


Најмалку шест лица се ранети во Париз откако во нив пукал човек на возраст од околу 60-на години, јавија париските медиуми. Еден од повредените е во тешка состојба. Пукањето било во близина на курдски центар, јави БФМТВ.  Напаѓачот бил приведен, засега не се познати мотивите за нападот. Полицијата ги повика жителите на тој дел од […]

Снежна бура во Јапонија, осум лица загинати, а неколку се повредени


Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени при обилни снежни врнежи во Јапонија, соопштија официјални лица, јавува Анадолија. Обилниот снег продолжува да предизвикува проблеми на брегот на Јапонското Море, објави телевизијата NHK. Снежна бура е забележана долж брегот на Јапонското Море во северните и западните делови на земјата. Типична шема на зимски притисок околу […]

Пожар на траект во Њујорк, евакуирани 900 патници и членови на екипажот


Околу 900 патници беа евакуирани од службите за итни случаи од траект на њујоршкиот пловен пат во близина на Стејтен Ајленд поради пожар што избувна во погонскиот дел на бродот.   Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека синоќа службите за итни случаи реагирале на пријава за пожар на брод во Њујоршкиот залив нешто по 17 […]

Русија: Нема преговори додека платеници на НАТО има во Украина


  Високопозициониран руски диплоамт рече дека преговори за безбедносна гаранција за Русија не може да почнат сѐ додека инструктори на НАТО и „платеници“ уште има во украина, односно додека Западот продолжува да праќа оружје во земјата. Александар Дарчиев, еден од челниците на руското министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, рече дека „преговорите би […]

Двајца загинати во големите пожари во Чиле, изгореа 110 хектари шума и пристаништа


Најмалку две лица загинаа во големите пожари што избувнаа во крајбрежниот град Вентанас во Чиле. Две лица изгореа во шумски пожар јужно од Вентанас во близина на градот Виња дел Мар, кој зафати околу 110 хектари шума и изгоре околу 200 куќи, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Чиле. Друг пожар избувна во […]

(Видео) Арктичка бура за Божик во САД: Температури од -45, се очекува хаос


  Илјадници летови се откажани откако американските метеоролози вчера предупредија на „потенцијално парализирачки временски услови во средниот и источниот“ дел на земјата, кои би можеле да создадат широки нарушувања во сообраќајот за време на празниците. „Ова не е како снежен ден кога сте биле дете. Ова е сериозна работа3, порача американскиот претседател Џо Бајден. Spectacular […]