Прослава на Божиќ според Грегоријанскиот календар втора година по ред во сенка на пандемијата


Англија–  Неколку милијарди луѓе денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, но прославата е под сенка на пандемијата на коронавирусот втора година по ред, особено поради појавата на новиот сој Омикрон. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ќе служи миса и ќе се обрати на традиционалната божиќна „Порака до градот и светот“ (Urbi et …

Прослава на Божиќ според Грегоријанскиот календар втора година по ред во сенка на пандемијата Read More »

Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата


САД–  Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата ширум светот, потврдија воени претставници кои ги следат неговите движења. „Дедо Мраз го прави тоа со векови, тој е професионалец“, рече капетанот во канадската армија Александра Хејдук, портпарол на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Заедничката …

Дедо Мраз ја покрена својата санка со ирваси за да им достави божиќни подароци на децата Read More »

Американскиот воен брод ќе остане во заливот Гвантанамо поради заразени лица од екипажот со Ковид-19


САД –  Американски воен брод го одложи своето распоредување во Јужна Америка поради појава на Ковид-19 меѓу лицата од екипажот, соопшти американската морнарица. Бродот „Милвоки“ ќе остане во базата во заливот Гвантанамо на Куба, каде застана на планиран престој. Бродот се упатил на 14 декември од Мејпорт, Флорида кон регионот на Јужната американска команда. Морнарицата …

Американскиот воен брод ќе остане во заливот Гвантанамо поради заразени лица од екипажот со Ковид-19 Read More »

Тревога во Британија: 122.000 заболени во еден ден


  Водачите на здравствените власти во Велика Британија изразија тревога за голем пораст на бројот на хоспитализации поради Ковид-19, откако 1.171 лице со оваа болест беа примени во последните 24 часа што постави уште еден рекорд на дневни случаи. Најновите владини бројки покажаа дека се регистрирани 122.186 случаи на корона вирус до 9 часот наутро …

Тревога во Британија: 122.000 заболени во еден ден Read More »

Папата одржа миса на Бадник


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска одржа миса на Бадник пред околу 1.500 верници во црквата Свети Петар, држејќи богослужба и покрај новиот скок на бројот на случаи на Ковид-19 во Италија. Папата со маска на лицето прошета низ централниот премин на црквата со пеење на хорот на Сикстинската капела, која ги започна богослужбите …

Папата одржа миса на Бадник Read More »

Патријархот Вартоломеј има корона вирус


Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил позитивен на корона вирусот, соопшти денеска Цариградската патријаршија. Во соопштението се истакнува дека 81-годишниот патријарх е целосно вакциниран и има само благи симптоми на коронавирус, пренесува Ројтерс. Неговата општа состојба е добра, додава грчки Катимерини. Откако му била дијагностицирана, патријархот отишол во болница во Истанбул на дополнителни превентивни прегледи. Патријархот им …

Патријархот Вартоломеј има корона вирус Read More »

Пентагон ќе отстранува од војската и за „лајк“ на екстремисти


Пентагон издаде нови упатства  за искоренување на екстремизмот во американската војска, предупредувајќи дека дури и „лајкувањето“ на националистичка и екстремистичка содржина на социјалните мрежи и слични активности може да резултира со дисциплинска постапка. Насоките доаѓаат речиси една година по нападот на Капитол на 6 јануари, во кој  учествуваа десетици сегашни и поранешни војници, по што …

Пентагон ќе отстранува од војската и за „лајк“ на екстремисти Read More »

Германија очекува драматично зголемување на Омикрон случаите наредните денови


  БЕРЛИН – Германскиот министер за здравство во петокот рече дека процентот на инфекции со корона вирус со новата варијанта Омикрон нагло ќе се зголеми во наредните денови и тој апелираше до луѓето да преземат чекори за да избегнат инфекција за време на божиќните прослави. Германските власти очекуваат уште еден бран на случаи на Ковид-19 …

Германија очекува драматично зголемување на Омикрон случаите наредните денови Read More »

Полска го обвини Берлин дека сака ЕУ да ја претвори во „четвртиот германски рајх“


  Полскиот национал-популистички лидер Јарослав Качињски ја обвини Германија дека се обидува да ја претвори Европската унија во федералистички „Четврти германски рајх“ во интервју објавено во петокот. Има земји кои „не се ентузијасти за изгледите за изградба на германски четврти рајх врз основа на ЕУ“, изјави претседателот на партијата Право и правда (ПиС) за полскиот …

Полска го обвини Берлин дека сака ЕУ да ја претвори во „четвртиот германски рајх“ Read More »

Роман Амбрамович доби португалски пасош


  Рускиот милијардер Роман Абрамович доби португалско државјанство преку неговото еврејско потекло по неколкугодишни неуспешни обиди за виза и престој на друго место во Европа. Абрамович стана државјанин на членката на ЕУ откако го повлече барањето за престој со Швајцарија која не е членка на ЕУ во 2017 година поради швајцарските грижи за ризиците по …

Роман Амбрамович доби португалски пасош Read More »

Во САД 230.000 нови инфекции


  Во Соединетите Држави здравствените власти пријавија 230.456 нови инфекции во последните 24 часа. Најмалку 3.288 други луѓе починале од корона вирусот. Вкупно, повеќе од 51,85 милиони случаи на инфекција се откриени во САД од почетокот на пандемијата, а најмалку 818.073 луѓе починале. САД, каде живеат околу 330 милиони луѓе, имаат најголем број на инфекции …

Во САД 230.000 нови инфекции Read More »

Канада оваа година прими 401.000 нови жители


Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање 401.000 дозволи за постојан престој на странци оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер. – Повеќето од 401.000 нови, постојани жители – бројка што е постигната првпат по повеќе од 100 години – веќе имале времен престој во Канада, истакна министерот за имиграција. Според него, „минатата …

Канада оваа година прими 401.000 нови жители Read More »

Белата куќа ја нарече пораката на Трамп за вакцините „добра работа“


САД– Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки во четвртокот му аплаудираше на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговите неодамнешни коментари за промовирање на вакцината против Ковид-19. „Ние сме благодарни што поранешниот претседател го доби бустерот“, им рече Псаки на новинарите на брифингот во Белата куќа. „Ние сме, исто така, благодарни што тој јасно стави …

Белата куќа ја нарече пораката на Трамп за вакцините „добра работа“ Read More »

Во Русија загинаа две лица при пожар во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19


Две лица загинаа во денешниот пожар што изби во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19 во рускиот град Астрахан. Огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите. Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Обвинителството отвори истрага за пожарот. 

Претседателот на Јужна Кореја ја помилува поранешната претседателка


Јужнокорејскиот претседател Мун Јаи-ин ја помилува поранешната претседателка Парк Геун-хје, која е во затвор откако беше осудена за корупција, соопшти министерството за правда. Беше осудена на 22 години затвор Парк стана прв демократски избран челник на Јужна Кореја, а разрешена е од должност кога Уставниот суд во 2017 хофина го потврди нејзиното отповикување во парламентот …

Претседателот на Јужна Кореја ја помилува поранешната претседателка Read More »

Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19


Германија – Секој втор човек во Германија е незадоволен од организацијата на кампањата за вакцинација против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на „ЈуГов“ (YouGov) за германската новинска агенција ДПА. Деветнаесет отсто од испитаниците изјавиле дека се многу незадоволни, а уште 31 процент дека се незадоволни од тоа како се спроведувала имунизацијата во изминатите 12 месеци. Само …

Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19 Read More »

„Јунајтед“ и „Делта“ откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон


САД – Ерлајнс Јунајтед Ерлајнс и Делта Ерлајнс соопштија дека откажале десетици летови на Бадник бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени. Јунајтед со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да …

„Јунајтед“ и „Делта“ откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон Read More »

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19 – најмногу во еден ден


 Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа низ државата се пријавени 91.608 случаи на зараза со Ковид-19, при што починале 179 лица. Во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица, од кои …

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19 – најмногу во еден ден Read More »

Џонсон ја спореди вакцинацијата со божиќен подарок во традиционалната божиќна порака


Англија –  Британскиот премиер Борис Џонсон во својата божиќна порака ги повика Британците да се вакцинираат против коронавирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски. „После две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа“, рече Џонсон во пораката, извадоци   објавенисиноќа, но кои ќе …

Џонсон ја спореди вакцинацијата со божиќен подарок во традиционалната божиќна порака Read More »

Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш


Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри. Акцијата за спасување …

Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш Read More »