Претседателот на Јужна Кореја ја помилува поранешната претседателка


Јужнокорејскиот претседател Мун Јаи-ин ја помилува поранешната претседателка Парк Геун-хје, која е во затвор откако беше осудена за корупција, соопшти министерството за правда.

Беше осудена на 22 години затвор

Парк стана прв демократски избран челник на Јужна Кореја, а разрешена е од должност кога Уставниот суд во 2017 хофина го потврди нејзиното отповикување во парламентот поради скандалот поради кој во затвор завршија и шефовите на два конгломерати, меѓу кои и Самсунг електроникс.

Парк е осудена поради корупција и злоупотреба на службената должност на 22 години затвор. Нејзиниот претходник Ли Миунг-бак, кој исто така беше затворен поради обвиненија за корупција, не е помилуван.

Имаше здравствнеи проблеми во затворот?

„Ја вклучивме поранешната претседателка Парк за да го надминеме несреќното минато, да оствариме единство меѓу луѓето и да прижиме нов чекор напред во иднината“, рече министерот за правда Парк Беом-Кје.

Одлуката е донесена затоа што многу приврзаници и политичари на конзервативната пгалва опозициска Партија на народната моќ повикаа за нејзино помилување пред претседателските избори во април. Последните анкети покажуваат дека Ли Јае-миунг и Јун Сук-јеол, претседателски кандидати на владејачката Демократска партија и Паријата на народната моќ се изедначени.

Опозициските пратеници рекоа дека Парк имала здравствени проблеми во затоврот, а имала и операција на рамото.