Шведското претседателство со Советот на ЕУ бара заеднички пристап за влез на кинески граѓани во унијата


Шведска, која го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија во новата година, свика состанок на механизмот за интегриран одговор на политичките кризи (ИПЦР) за 4 јануари со цел, по повод укинувањето на ограничувањата за излез на кинески државјани од Кина, да се разгледа „координирање на можно воведување услови за влез“ на територијата на Европската унија. […]

Борел: ЕУ не попушти пред уцените на Путин


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ рече дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива, Унијата не „попушти пред уцените на Путин“. – Успеавме да ја пополниме празнината […]

Над 60.000 луѓе поминаа првиот ден покрај одарот на Бенедикт Шеснаесетти


  ВАТИКАН – Телото на папата Бенедикт Шеснаесетти, неговата глава потпрена на пар темноцрвени перници, лежеше во базиликата Свети Петар во понеделникот, додека десетици илјади чекаа да му оддадат почит на понтифот кој го шокираше светот со пензионирањето пред една деценија. Во пресрет на првиот од трите дена на бдеење, италијанските безбедносни службеници рекоа дека […]

Што се случи со богатството на олигарсите во Украина?


Војната на Русија против Украина создаде неочекувани жртви: олигарсите во земјата.Украина долго време се сметаше за една од најкорумпираните земји во светот и неколку десетици бизнисмени контролираа огромен дел од нејзиното богатство, како и ТВ станици, рудници, банки, продавници, фарми, недвижности и многу повеќе. Еден од нив, чоколадниот барон Петро Порошенко, дури  беше претседател од […]

Убиени стотици мобилизирани Руси во ракетен напад со ХИМАРС во Макиивка (Видео)


  Стотици руски мобилизирани војници можеби загинаа како резултат на ракетен напад на вооружените сили на Украина врз окупираниот град Макиивка во регионот Донецк. Ударот е зададен на 1 јануари во 00:01 часот по локално време од американскиот ракетен систем ХИМАРС. Проектилите паднаа на стручното училиште бр. 19, каде што беа мобилизираните од Саратовскиот регион, […]

Принудени да се борат против својот народ: Како Русија го претвори пасошот во оружје во Украина?


  КИЕВ – Замислете дека сте Украинец, а сепак поседувате само руски пасош. А, потоа ве водат во војна за да се борите со вашата родна земја. Ова е реалност со која моментално се соочуваат илјадници Украинци,  а некои велат дека тоа претставува воено злосторство. Откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари, европските земји ги […]

Ердоган планира војна за да си ја спаси кожата


ПАРИЗ – Откако ја сруши турската економија и ја осиромаши средната класа што самиот ја збогати, претседателот Реџеп Таип Ердоган сега ја влече својата земја кон непотребна војна и манипулира со судовите против своите ривали. Тоа е безмилосен обид на Ердоган да се одржи на власт во 2023 година – стогодишнината од Турската Република – […]

Канада им забрани на повеќето странци да купуваат домови


Забраната за купување станбен имот од странци во Канада стапи на сила на 1 јануари, со цел да се обезбеди повеќе станови за локалните жители кои се соочуваат со станбена криза. Неколку исклучоци во законот им дозволуваат на поединци како бегалци и постојани жители кои не се државјани на земјата да купуваат домови. Кон крајот на […]

Изминатата година најтопла во Шпанија од 1916 година


Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата од 1916 година, од кога се достапни првите податоци, објави денеска националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ). – Минатата година беше најтопла во Шпанија, барем од 1916 година, објави агенцијата преку Твитер, посочувајќи дека за прв пат просечната годишна температура надмина 15 степени Целзиусови и беше речиси 15,5 степени. Како што се наведува, до 2011 година просечната температура никогаш не надминала 14,5 степени, […]

Столтенберг смета дека воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мир


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,  смета дека делумната мобилизација од стр ана на властите во на Русија, започната во септември, покажува дека Москва не планира да ги прекине непријателствата во блиска иднина. – Сето ова укажува дека тие се подготвени да ја продолжат војната и да се обидат потенцијално да започнат нова офанзива – […]

Фон дер Лајен ѝ вети на Украина поддршка од ЕУ во „херојската борба“


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади. – Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша […]

Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран


 Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост. Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА. Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи. Секој кој е чувствителен на загадување или е […]

Дете во Виетнам два дена заглавено во шахта, спасувачите не можат да стигнат до него


  Спасувачи во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробени длабоко во тесно окно на градилиште. Ли Хао Нам барал старо железо кога паднал во шуплината во окраината ДОнг Тап во новогодишната ноќ, јавија локални медиуми. Тимови спасувачи сега се борат да го ослободат и впумпуваат кислород во потпорен столб длабок 35 метри за […]

Наредена евакуација: Невреме во Калифорнија


Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат. Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени. Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја реки, а локалните власти наредија евакуација […]

Претседателството на Шведска со ЕУ ќе биде клучно за одржување на поддршката за Украина


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека шведското претседателство со Европската унија ќе биде од клучно значење за зачувување на единството на ЕУ во поддршка за Украина. Таа на Твитер напиша дека Шведска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ во клучен момент. – Можете да сметате на мене дека ќе се залагам за вашите […]

Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура во Украина


Украина– Властите на Киев ги повикаа жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија откако руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура. Енергетската компанија ДТЕК утрово соопшти дека била принудена да изврши итни прекини на струјата. Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, ги повика жителите на главниот град да внимаваат на потрошувачката на енергија. – Во […]

Четири жртви во судар на два хеликоптери во Австралија


Австралија – Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери кој се случи денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти локалната полиција. Сударот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога забавниот парк бил полн со семејства кои уживале […]

Верниците се простуваат од папата Бенедикт XVI во базиликата Св. Петар


  Верниците од понеделник наутро можат да му оддадат почит на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, во ватиканската базилика Свети Петар. Приватните посети на кардинали и лица тесно поврзани со Рацингер започнаа на 1 јануари, а папата Франциско беше првиот што му оддаде почит на починатиот на 31 декември, непосредно по неговата смрт, потврди директорот на […]

Сцени како во филм: Со оклопни возила пристигнале пред затворот и убиле десет чувари, неколку затвореници избегале


Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија во неделата локалните власти во Чивава во Мексико. Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени, соопшти државното обвинителство на мексиканската држава Чивава. Вооружените напаѓачи пристигнале со оклопни возила и почнале да пукаат […]

Стотици патници заробени на 14-катен крузер, не може да се закотви поради штетни микроорганизми


Стотици патници останаа заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“ во близина на австралискиот брег, откако на неговиот труп беа пронајдени потенцијално штетни микроорганизми, поради што му беше забрането да се приклучува, јавува Би-Би-Си. На бродот за крстарење, наводно, му била одбиена дозвола да се закотви во Аделаида, откако властите откриле „биофул“ – акумулација на микроорганизми, […]